Ердоган се закани, Европа страхува од мигрантски бран
По вчерашното предупредување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно се отвори прашањето дали претстои нов мигрантски бран кон Европа. Во Турција има над три ипол милиони бегалци од Сирија, а од 2016 година по договорот со Европската унија таа е своевидена брана за мигрантите кои сакаат да влезат во Европа.