Законот за јавно обвинителство да се донесе во скоро време, а во тоа да се вклучи и опозицијата беа дел од главните пораки кои ги упати американскиот дипломат Филип Рикер. Премиерот, пак, рече дека се подготвени за последниот заеднички исчекор со опозицијата- носењето на Законот за ЈО.
Сите партии и државни тела мора да продолжат да покажуваат одлучност да му дозволат на владеењето на правото да преовлада. Мора да се покаже нула толеранција кон корупцијата и организираниот криминал, порача еврокомесарот Јоханес Хан.
„Подолг временски период до мене допираат гласови дека не само лицето Бојан Јовановски, туку и многу други без да знам го злоупотребуваат моето име и презиме за различни цели“ изјави специјалната обвинителка Катица Јанева. Таа вели дека не е вмешана во „Рекет“.
Десетици девојки од Пакистан, преку агенции за посредување, нашле маж од Кина, надевајки се на подобар живот. Но, се покажало дека станува збор за измама и се принудени на проституција. Не можат ни да се вратат дома.
Пентагон соопшти дека ќе покрене систем на воена придружба на бродовите во Персискиот залив откако Лондон обелодени дека ирански вооружени бродови се обиделе да запленат британски танкер.
Во зградата на албанскиот Врховен суд, ѕидниот часовник престана да работи. Тоа е симпатичен симбол за еден трибунал што не одржал расправа од мај.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, говорејќи на економски самит на земјите од Југоисточна Европа во Јахорина, Босна и Херцеговина, изјави дека одлуките на Европската унија во врска со членството на Северна Македонија и Албанија во Унијата ќе влијаат врз иднината на регионот.
Ова е еден од оние обиди за директна штета на нашите стратешки интереси да го завршиме процесот за нашето членство во НАТО, рече премиерот Зоран Заев по објавувањето на неговите разговори со „лажниот“ Порошенко.
Грчките кредитори отворено ги отфрлија повиците од новата конзервативна влада за олеснување на драконските буџетски услови договорени како дел од програмата за спасување. Тие порачаа дека Грција сé уште има строги фискални цели за исполнување.
Лидерот на грчката конзервативна партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, дојде на власт со убедлива победа на предвремените парламентарни избори.
Со прелетување на воени авиони и пред борбени тенкови американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали војската на прославата на Денот на независноста во Вашингтон. Неговите критичари велат дека големиот празник Трамп го претворил во политички настан.
Пет месеци по лутите митинзи во поголемите градови против контроверзниот договор за името со Северна Македонија, ова прашање едвај може да се забележи во кампањата за предвремените парламентарни избори на 7-ми јули.
Вчитај повеќе