Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски потврди дека гласот на аудиоснимката која одекна како бомба во дел од медиумите е негов, но дека ќе ја почека правната разрешница на целиот случај, која според него треба да докаже дека совесно ја извршувал својата работа.
Кога се стемнува на егејскиот остров Самос, голем број мигранти го напуштаат валканиот логор над градот Вати, за да се освежат на пристаништето. Меѓутоа, локалните жители не се радуваат кога ќе ги видат.
Локалните избори во Албанија, бојкотирани од опозициските партии, минаа мирно и со слаб одѕив на гласачите. Претходно, западните земји ги предупредија албанските политичари дека нема да толерираат никакво насилство.
Во Скопје речиси истовремено тргнаа Парадата на гордоста и Маршот на гордоста, собраните поминаа по исти улици, а завршија на различни места- првите во Градскиот парк, вторите пред Соборниот храм.
Противниците велат дека нема време за ревидирање, бидејќи за идната недела е закажано печатењето на пописните формулари.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг објави дека Алијансата ги разгледала потенцијалните мерки против Русија ако не се придржува кон Договорот за нуклеарните сили со среден дострел.
Наместо за индивидуалните решенија во владината реконструкција, пратениците во Собранието се расправаа која Влада направила поголем криминал, а која донела поголеми економски резултати.
Во Европа станува се пожешко. Оваа недела топли ветришта од пустината Сахара се очекува ја подигнат температурата до 40 целзиусови степени. Во Париз властите издадоа портокалов аларм, втор највисок, за да ги предупредат луѓето од жештината.
Американската влада продолжува да ги заострува санкциите врз Иран. Претседателот Доналд Трамп вели дека цел е владејачката елита. Сепак, санкциите го погодуваат и просечниот човек во таа земја.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита победата на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу на повторените избори за градоначалник на Истанбул.
Лидерите на ЕУ повторно ќе се состанат на 30-ти јуни за да се договорат кој треба да ги наследи највисоките работни места во Унијата.
Со поранешен министер на суд за шверц со дрога, со лидер на опозиција осомничен за перење пари и со стотици судии за примање митото, Албанија се бори против корупцијата. Таа пак, е најголемата закана за нејзините надежи за членство во ЕУ.
Вчитај повеќе