Десетици девојки од Пакистан, преку агенции за посредување, нашле маж од Кина, надевајки се на подобар живот. Но, се покажало дека станува збор за измама и се принудени на проституција. Не можат ни да се вратат дома.
Пентагон соопшти дека ќе покрене систем на воена придружба на бродовите во Персискиот залив откако Лондон обелодени дека ирански вооружени бродови се обиделе да запленат британски танкер.
Во зградата на албанскиот Врховен суд, ѕидниот часовник престана да работи. Тоа е симпатичен симбол за еден трибунал што не одржал расправа од мај.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, говорејќи на економски самит на земјите од Југоисточна Европа во Јахорина, Босна и Херцеговина, изјави дека одлуките на Европската унија во врска со членството на Северна Македонија и Албанија во Унијата ќе влијаат врз иднината на регионот.
Ова е еден од оние обиди за директна штета на нашите стратешки интереси да го завршиме процесот за нашето членство во НАТО, рече премиерот Зоран Заев по објавувањето на неговите разговори со „лажниот“ Порошенко.
Грчките кредитори отворено ги отфрлија повиците од новата конзервативна влада за олеснување на драконските буџетски услови договорени како дел од програмата за спасување. Тие порачаа дека Грција сé уште има строги фискални цели за исполнување.
Лидерот на грчката конзервативна партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, дојде на власт со убедлива победа на предвремените парламентарни избори.
Со прелетување на воени авиони и пред борбени тенкови американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали војската на прославата на Денот на независноста во Вашингтон. Неговите критичари велат дека големиот празник Трамп го претворил во политички настан.
Пет месеци по лутите митинзи во поголемите градови против контроверзниот договор за името со Северна Македонија, ова прашање едвај може да се забележи во кампањата за предвремените парламентарни избори на 7-ми јули.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека сé уште постои „огромен знак прашалник“ за тоа дали Европскиот парламент ќе ги одобри номинираните кандидати кои треба да ја предводат Европската унија во наредните пет години.
Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски потврди дека гласот на аудиоснимката која одекна како бомба во дел од медиумите е негов, но дека ќе ја почека правната разрешница на целиот случај, која според него треба да докаже дека совесно ја извршувал својата работа.
Кога се стемнува на егејскиот остров Самос, голем број мигранти го напуштаат валканиот логор над градот Вати, за да се освежат на пристаништето. Меѓутоа, локалните жители не се радуваат кога ќе ги видат.
Вчитај повеќе