Локалните избори во Албанија, бојкотирани од опозициските партии, минаа мирно и со слаб одѕив на гласачите. Претходно, западните земји ги предупредија албанските политичари дека нема да толерираат никакво насилство.
Во Скопје речиси истовремено тргнаа Парадата на гордоста и Маршот на гордоста, собраните поминаа по исти улици, а завршија на различни места- првите во Градскиот парк, вторите пред Соборниот храм.
Противниците велат дека нема време за ревидирање, бидејќи за идната недела е закажано печатењето на пописните формулари.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг објави дека Алијансата ги разгледала потенцијалните мерки против Русија ако не се придржува кон Договорот за нуклеарните сили со среден дострел.
Наместо за индивидуалните решенија во владината реконструкција, пратениците во Собранието се расправаа која Влада направила поголем криминал, а која донела поголеми економски резултати.
Во Европа станува се пожешко. Оваа недела топли ветришта од пустината Сахара се очекува ја подигнат температурата до 40 целзиусови степени. Во Париз властите издадоа портокалов аларм, втор највисок, за да ги предупредат луѓето од жештината.
Американската влада продолжува да ги заострува санкциите врз Иран. Претседателот Доналд Трамп вели дека цел е владејачката елита. Сепак, санкциите го погодуваат и просечниот човек во таа земја.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита победата на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу на повторените избори за градоначалник на Истанбул.
Лидерите на ЕУ повторно ќе се состанат на 30-ти јуни за да се договорат кој треба да ги наследи највисоките работни места во Унијата.
Со поранешен министер на суд за шверц со дрога, со лидер на опозиција осомничен за перење пари и со стотици судии за примање митото, Албанија се бори против корупцијата. Таа пак, е најголемата закана за нејзините надежи за членство во ЕУ.
Имаше генерална согласност дека Северна Македонија заслужува да биде поканета да започне преговори, но одлуката била одложена од технички причини, рече словачкиот министер Мирослав Лајчак кој е во посета на Скопје.
Американскиот претседател Доналд Трамп и официјално ја започна неговата кампања за реизбор на функцијата. Притоа тој повеќе се фокусираше врз постигнувањата отколку врз неговата агенда за вториот мандат.
Вчитај повеќе