Што е пресудно при изборот на факултет и колку матурантите се гледаат на студии дома, а колку преку граница? РСЕ разговараше со неколку матуранти за нивните планови за ’факс’
Кои дроги се актуелни меѓу младите и од каде наоѓаат пари за да ги набават? Каков е притисокот од врсниците, загриженоста на родителите и статистиката на МВР? На овие теми разговаравме со деца, родители и институции.
Колку трендот на комуникација преку социјалните мрежи ја менува дефиницијата за пријателство и може ли еден муабет на чат да замени физички контакт на кафе муабет, очи в очи?
Како се чита повеќе - на хартија или дигитално? И може ли е-книгите да им ја преземат улогата на печатените? За ова разговаравме со младите, но и со луѓе од издавачкиот свет
Која е најсоодветна возраст за прв одмор со друштвото, без надзор на мама и тато и дали е подобро тогаш да се летува дома или да се патува преку граница? Одговор на овие прашања ни дадоа младите кои ги сретнавме во центарот на Скопје.
За истото кафе, ужинка и облека, денес се потребни повеќе пари отколку пред пандемијата, велат младите кои ги анкетираше РСЕ. Поради поскапувањата, тие имаат потреба од поголем џепарлак за секојдневните потреби. Како беше некогаш, а како е сега и како се снаоѓаат младите?
Речиси 37% од вкупно 1200 млади кои биле дел од најновото истражување на Агенцијата за млади и спорт рекле - можеби некогаш во иднина ќе се отселам од Македонија. Разговаравме со двајца млади кои имаат токму таков план и со еден студент кој веќе е надвор од Македонија...
Радован М. Спиридонов како еден од најдобро дипломираните студенти на УКИМ, вели дека повеќе читање и помалку „страв“ од професорите можат многу да помогнат за добар успех. Со РСЕ сподели и зошто одлучил да учи дома, наместо во странство
НМСМ со серија работилници за млади го одбележува мај како месец за подигнување на свеста за менталното здравје. Според НМСМ, интересот за учество меѓу младите е голем. Според соговорниците на РСЕ, бројот на млади кои зборуваат за менталното здравје надвор од вакви активности, е мал
Мартин во 2000-тата бил дебел. Денес тежи исто, но изгледа различно. Тој е фитнес тренер и заедно со сопругата Заза која е фитнес инфлуенсерка, практикуваат здрав живот. Според СЗО, процентот на гојазни млади расте. Мартин и Заза велат дека вежбаат за здравје, но многу млади тоа го прават за лајкови
Речиси 70 отсто од младите се информираат на социјалните мрежи, 19% ги користат интернет порталите, а 8,2% од младите се информираат од другарите... Ова се само дел од младинските трендови од истражувањето на Агенцијата за млади и спорт, а кои за РСЕ ги коментираше комуникологот Бојан Кордалов
Петмина студенти од четири факултети им порачаа на група студенти во публика да бидат бунтовни и храбри за да ги предизвикаат промените кои сакаат да ги видат, за време на настанот „Студентски активизам, наместо апатија“, кој се одржа пред Фармацевтски факултет во Скопје, на 13-ти мај
Вчитај повеќе