Искуството на Црвен крст на град Скопје вели дека бројот на млади крводарители во Македонија расте. Повеќе од 70 % од оние кои учествувале во последната акција во спомен на роденденот на Тоше Проески се млади, а во последниве 13 години бројот на млади крводарители скокнал за над 30 %.
Активистката Сибел Бајрам забележува подобрување на позицијата на младите Ромки во некои сфери на македонското општество, но алармира дека во многу повеќе насоки, „возот“ стои во место. Се труди да му помогне да тргне, преку нејзиното здружение на жени Роми, „Лачо Диве“.
На првиот СОС телефон за деца и млади во земјава, изминатата година имало дојави за 30 % повеќе случаи во споредба со 2020. Според статистиката, најчесто првиот контакт го прават возрасните, а поретко самите деца и млади. За да се доближат до нив, „Меѓаши“ ја преименуваа линијата во „Ало Бушавко“.
Македонските се неколку нули далеку од балканските и многу повеќе нули далеку од светските јутјубери според заработката. Сепак, иако самата платформа не им носи многу пари од монетизација на најгледаните, ако тоа се спои со сумата од спонзори, се врти добра пара, велат дел од нашите дечки.
Младата Симона Николова води борба со ретката болест Фридрајхова атаксија, и нема намера да се предаде. Напротив, во планот на младата авторка на книги стои патување во Мексико и чекорење по холивудски црвен килим како режисерка и сценаристка.
Првата македонска он-лајн игра за политичка едукација „Изборологија“ ги става играчите „во чевлите“ на лидер на замислена политичка партија, кој се обидува да освои најмногу мандати. Таргет се младите кои неодамна добиле право на глас и оние кои наскоро ќе го добијат тоа право.
Оваа млада уметница црта откако знае за себе. Влече инспирација од стари филмови, користи традиционални техники, но посебно ја привлекуваат новите начини на изразување низ дигитална уметност.
За Марија Савеска, која е добитничката на признанието „Успешни млади“ за афирмација на инклузијата на млади, ова е потврда и мотив да продолжи со мисијата. Средношколецот Матеј Милосиевски кој е прогласен за „Млад талент“ се надева дека е инспирација, барем за некои луѓе.
Вкупно 9 признанија, од кои 5 златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали во индивидуална категорија, плус екипно гран при „Златно тавче“, добија студентите на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, на Меѓународниот гастрономски натпревар во Истанбул, Турција.
Резултатот на македонските учесници на 18-тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Дубаи, е 6 од 6. Нема наш учесник без медал, а еден заслужи сребро. Освојувачот му се радува на медалот, а професорот вели дека потенцијалот го имаме, но треба промоција за уште подобри резултати.
Преку „Студентски сервис“, 24 претставници на 23 факултети на УКИМ, плус еден задолжен за општи прашања ќе бидат „биро за информации“ за колегите од нивниот факултет. Функцијата нема да ја вршат само за „благодарам“, туку и за надоместок од 3000 денари месечно.
Единаесетмина млади обединети со името „Ways2Help“ бараат начини да им помогнат на македонските граѓани кои се во социјален ризик. Ги поврзуваат помагачите со оние на кои им е потребна помош, а преку опцијата за плаќање на сметка, досега помогнале на повеќе од 170 семејства.
Вчитај повеќе