„Поважно ми е да создавам дела, отколку да собирам награди“
Оваа млада уметница црта откако знае за себе. Влече инспирација од стари филмови, користи традиционални техники, но посебно ја привлекуваат новите начини на изразување низ дигитална уметност. Нема натпреварувачки дух, иако има низа награди и признанија. За четиринаесетгодишната Евгенија Тасковска која сонува да биде тату артист, поважно е нешто да наслика, отколку нешто да добие за тоа што го насликала.