Достапни линкови

Вести

Уапсен шефот на српската криминална група „Врачарци“, по кој трагаат повеќе држави

Илустрација
Илустрација

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на 18 октомври изјави дека во координирана акција на повеќе полицајци, како и претставници на ЕУРОПОЛ, е уапсен Никола Вушовиќ, организаторот на организираната криминална група „Врачарци“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Србија, Вушовиќ е уапсен во Барселона, Шпанија, а во акцијата учествувале и полициите на Шпанија, Србија, Австрија, Германија, Хрватска, Словенија и на Република Српска.

Никола Вушовиќ во Србија е осомничен за три убиства - Александар Сарач (1985), Александар Халабрин (1994) и Драган Ристиќ (1959), се вели во соопштението.

Тој е осомничен и за четири кривични дела тешко убиство во обид против Самир Дивљановиќ (1979), познат како Милош Ниловиќ. Руњо (1989), Лазар Вукичевиќ (1989) и Страхиња Савиќ (1987).

За Никола Вушовиќ се распишани неколку потерници од Интерпол во неколку земји од ЕУ, рече Дачиќ.

Судот во Рим одбива да ги задржи мигрантите во Албанија

Центар за мигранти во пристаништето Шенѓин
Центар за мигранти во пристаништето Шенѓин

Судот во Рим ги отфрли наредбите за задржување на група мигранти во прифатен центар во Албанија и рече дека тие имаат право да бидат испратени во Италија.

Оваа одлука претставува удар за планот на италијанскиот премиер Џорџија Мелони да испрати баратели на азил надвор од Италија.

Во текот на оваа недела, 16 мигранти кои беа спасени во Медитеранот и однесени во Албанија со брод на италијанската морнарица станаа првата група на луѓе кои беа сместени во новиот центар во Ѓадер, откако беа преработени во пристаништето Шенѓин.

Четворица од нив веќе се вратиле во Италија поради здравствени причини или затоа што биле малолетни.

„Одбивањето да се докаже притворот во албанските структури и области се случува поради неможноста да се признае земјата на потекло на притворените лица како безбедна земја“, се вели во изјавата на претседателката на судот Лусијана Санџовани, додавајќи дека мигрантите „ имаат право да бидат донесени во Италија“.
Оваа одлука се однесува на 12-те мигранти кои се наоѓаат во Албанија.

Во Албанија можат да бидат испратени само мигранти од списокот од 22 земји кои Италија ги одреди како безбедни земји. Египет и Бангладеш се меѓу овие земји, но неодамнешната одлука за ова прашање на Европскиот суд на правдата го оневозможува нивното задржување во Албанија, се вели во соопштението на римскиот суд.

Среде критиките, Италија ги испраќа првите мигранти во Албанија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00

По одлуката на судот, италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Пјантедоси, рече дека ќе ја обжалат истата.

„Ќе продолжиме напред со цел да ја афирмираме нашата позиција преку важни институционални канали, преку судскиот механизам“, рече тој за новинарите.

Одлуката на римскиот суд беше критикувана и од партијата на Мелони, Браќата од Италија.

Некои политизирани судии одлучија дека нема безбедни земји на потекло“, напиша оваа партија во Х.

Тие сакаат да ги поништат границите на Италија и ние тоа нема да го дозволиме“, изјави овој политички субјект.
Добротворната група Си Воч ја поздрави одлуката на судот, велејќи дека со одлуката за испраќање на мигрантите во Албанија, Мелони го прекршила италијанското и меѓународното право.

Албанија и Италија во ноември минатата година постигнаа договор за сместување на мигрантите. Договорот, кој беше критикуван од организациите за човекови права, предвидува Албанија да прифаќа до 36.000 мигранти годишно, а барањата за азил на овие мигранти ќе се разгледуваат во два центри во Албанија.

Се вели дека петгодишниот договор ќе ја чини Италија 160 милиони евра годишно.

Според договорот, процедурите за мигрантите ќе се спроведуваат во два центри.

Епл се усогласи со руските власти, ја отстранува апликацијата за „Тековно време“

Логото на Apple на продавницата на Apple во Вашингтон, на 14 септември 2021 година.
Логото на Apple на продавницата на Apple во Вашингтон, на 14 септември 2021 година.

Епл ја информираше Радио Слободна Европа (РСЕ) дека ја отстранила апликацијата за Current Time (Тековно време - ТВ и дигитална мрежа на РСЕ) од руската верзија на својата App Store на барање на „Роскомнадзор“, руската агенција за регулирање на медиумите.

Епл во писмо за РСЕ изјави дека причината поради која ја отстранила апликацијата е тоа што содржи содржина што е нелегална во Русија и материјали од организација која руските власти ја сметаат за „непожелна“.

Тековно време е ТВ и дигитална мрежа на руски јазик управувана од РСЕ.

РСЕ, независна медиумска организација финансирана со грант од Конгресот на САД преку Американската агенција за глобални медиуми, емитува програма на 27 јазици низ 23 земји, главно насочени кон региони со ограничена слобода на медиумите. Нејзините проекти на руски јазик беа во фокусот на зголемениот владин притисок, особено по целосната инвазија на Русија на Украина.

Откако Москва ја започна својата целосна војна против Украина во февруари 2022 година, Роскомнадзор ги блокираше веб-страниците на РСЕ, вклучително и оние на Руската служба на компанијата, локално позната како Радио Свобода и Тековно време.

На 6 март 2022 година, РСЕ ги суспендираше операциите во Русија, по ескалацијата на владините активности, вклучително и петицијата на Руската Федерална даночна служба за банкрот на руската поделба на организацијата.

Овие мерки, според РСЕ, беа кулминација на долгогодишните напори на владата да ја попречи нејзината работа.

Руското Министерство за правда официјално ги прогласи активностите на РСЕ за „непожелни“ во февруари 2024 година.

Усогласеноста на Apple со руските власти е дел од поширок тренд. Американскиот технолошки гигант отстрани 25 VPN услуги од својата App Store во јули и уште 98 во септември.

Овие отстранувања предизвикаа загриженост кај независните медиуми, невладини организации и активисти на граѓанското општество, кои ја обвинија компанијата за помагање во сузбивањето на слободата на говорот во Русија. Тие го повикаа Apple да се спротивстави на активностите што ги поткопуваат меѓународните стандарди за човекови права и да ги врати блокираните VPN апликации.

Божиновска тврди дека побарала бугарски пасош поради економски потреби

Сања Божиновска, Министерка за енергетика
Сања Божиновска, Министерка за енергетика

„Ниту еден граѓанин на Македонија кој добил бугарско државјанство не се чувствува за Бугарин. Всушност тоа го видовме и на пописот во Македонија со екстремно симболичната бројка на попишани Бугари. Луѓето, како и јас, побарале бугарски пасош од една и единствена причина, економски потреби за работа надвор од Македонија“.

Ова го напиша министерката за енергетика Сања Божиновска како одговор на тврдењата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова која денеска изјавила дека лично ги прегледала документите од апликацијата за стекнување бугарско државјанство на министерката за енергетика Сања Божиновска за да се увери дали таа навела оти има бугарска самосвест, пренесе БТА.

„Ако госпоѓата Јотова мисли дека измамата со внесени документи од бугарската држава, ќе го смени моето чувство дека сум Македонка, па и чувството на многу мои сограѓани, тогаш или не разбира дека политиката на подметнување им е пропадната или не разбира дека ние сме имале економска потреба, а таа и политичарите како неа, сме ги оставиле да фантазираат како да се наоѓаат во деветнаесеттиот век, напиша министерката.

Инаку како што пренесуваат бугарските медиуми Јотова изјавила:

„Јас лично ги видов нејзините документи и декларација, лично потпишана од неа, во која таа наведува дека има бугарско самосвест и потекло, истакнала Јотова во Ќустендил за време на тркалезната маса под наслов „Бугарите на Балканот надвор од границата по 1878 година. Кодекс на опстанокот“, рекла Јотова.

На ова македонската министерка во објавата пишува дека Јотова живее во фантазии од деветнаесеттиот век.

„Ниту еден граѓанин на Македонија нема потпишано изјава дека се чувствува за Бугарин, туку тоа го прават бугарски адвокати кои наплаќаат пари за да посредуваат“, наведува министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во реакцијата објавена на нејзиниот Фејсбук профил по претходната изјава на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека лично ги видела нејзините документи од апликацијата за стекнување бугарско државјанство.

Инаку на последната прес конференција кога Божиновска беше запрашана дали се уште има бугарска самосвест со оглед на тоа што секој што земал бугарски пасош мора да се декларира како Бугарин, таа одговори дека мора да се консултира со адвокати.

Госпоѓата Јотова, како што посочува во објавата Божиновска, наместо со ситни полициски подметнувања добро е да почне да се занимава со потребата на Македонците во Бугарија, конечно да бидат признаени како малцинство и да им се овозможат основните човекови права.

Касами добил заканувачка порака

Биљал Касами, градоначалник на Тетово
Биљал Касами, градоначалник на Тетово

Четириесет и тригодишен жител на село Требош со иницијали Ј.В. бил повикан во СВР Тетово осомничен дека му се заканил со порака на телефон на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека за Ј.В. постои основано сомневање дека извршил кривично дело „загрозување на сигурност“.

Осомничен е дека се заканувал завчера, а бил пријавен вчера околу 10.30 часот во СВР Тетово од самиот градоначалник Касами, и еден час подоцна бил повикан во полиција.

„Градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, наведува МВР во полицискиот билтен.

Перински: Граѓаните на референдум да се изјаснат за отповикување на градоначалник

Златко Перински, Министер за локална самоуправа
Златко Перински, Министер за локална самоуправа

На референдум да се отповикуваат градоначалниците што нема да ја извршуваат својата функција за која се избрани од страна на граѓаните. Ова го изјави за МИА министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Отповикувањето на градоначалник е една од новините што треба да бидат дел од законското решение за локална самоуправа кое се предвидува да биде готово до март, а за кое дотогаш ќе се отвори широк консултативен процес во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни - експерти, градоначалници, претседатели на совети, граѓани сектор.

„Во суштина, отповикот на градоначалник врз основа на примерите кои пред да започне процесот ги разговаравме со експертскиот тим, би требало да биде преку референдумско изјаснување на оние кои истиот градоначалник го довеле на таа позиција на која што е. Мора да бидеме многу внимателни и сите измени да ги интегрираме согласно Уставот за да немаме после тоа проблеми и аномалии во донесувањето на истото законско решение. Значи навистина ќе се внимава на секој момент и затоа мислиме дека е најсоодветно оваа промена или оваа адаптација на законот да оди преку референдумско изјаснување на граѓаните од таа општина, во која што треба да се јави оваа можност во иднина, вели Перински.

Денеска е одржан и првиот иницијален состанок со експертскиот тим, кој во првата фаза треба да ги увиди слабостите на постојното законско решение преку детална анализа.

Главната интенција за можноста за отповикување на градоначалник, како што посочува Перински, произлегла од секојдната комуникација со граѓаните.

Новина во законот треба да биде и комуналната полиција за која министерот вели дека ќе им заштеди средства во буџетите на општините затоа што ќе се спречи девијантното однесување на поединци и нема да има потреба од дополнителни финансиски средства за санација на уништената урбана опрема.

Целото интервју со видео материјал ќе биде објавено утре. Во него министерот говори и за тоа зошто дел од општините не добија пари за инфраструктурни проекти, каков е неговиот став за финансирањето на здружението на граѓани - Албанска академија на науките и ументостите и дали ќе се кандидира за градоначалник на следните локални избори.

Бајден ги повика сојузниците да не попуштаат во поддршката за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден во посета на Германија
Американскиот претседател Џо Бајден во посета на Германија

На 18 октомври, американскиот претседател Џо Бајден ги повика сојузниците во НАТО да „не попуштаат“ во поддршката за Украина, повеќе од две и пол години од почетокот на руската инвазија.

Сојузниците во НАТО мора „да продолжат да даваат поддршка“ додека Украина не постигне „праведен и траен мир“, рече Бајден во Берлин, каде што пристигна еден ден претходно, во проштална посета на еден од најверните американски сојузници во Европа.

При приемот на Бајден, германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер ја подвлече „непоколебливата поддршка на американскиот претседател за НАТО и Украина „во најопасниот момент од крајот на Студената војна“.

Германскиот премиер Олаф Шолц изјави дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина „со сите сили“ во борбата против руската инвазија, но мора да се грижи НАТО да не стане страна во конфликтот.

Брутални руски затвори принудуваат затвореници да се борат во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

„Ние ја поддржуваме Украина со сите сили и истовремено обезбедуваме НАТО да не стане страна во војната за да спречиме да се претвори во уште поголема катастрофа“, рече германската канцеларка.

Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Бајден рече дека смртта на лидерот на Хамас Јахја Синвар отвора можност за „пат кон мирот“. Тоа е можност за „подобра иднина во Газа, без Хамас“, рече американскиот претседател.

Американскиот претседател разговара за Украина со лидерите на Германија, Франција и Велика Британија во Берлин, еден ден откако претседателот Володимир Зеленски на лидерите на ЕУ и на највисоките претставници на НАТО им претстави низа мерки за кои рече дека ќе и помогнат на неговата земја да стави крај на конфликтот и 31- месечна руска инвазија.
Посетата на Бајден на Берлин доаѓа откако Русија ги засили нападите врз украинските градови и инфраструктура, што кулминираше со, како што рече еден украински функционер, „еден од најмасовните“ напади со беспилотни летала врз земјата.

Хамас го потврди убиството на Јахја Синвар, не ги ослободува израелските заложници

Јахја Синвар и Калил ал-Хаја на отворањето на џамија во Рафа, февруари 2017 година
Јахја Синвар и Калил ал-Хаја на отворањето на џамија во Рафа, февруари 2017 година

На 18 октомври, висок функционер на Хамас ја потврди смртта на водачот на групата, Јахја Синвар, кој беше убиен од израелски војници во операција во јужниот дел на Газа, според соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Синвар (62) е обвинет за организирање и водење на смртоносниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што го стави на врвот на листата на удари на Израел во видео изјава на 18 октомври, функционерот на Хамас, Калил ал-Хаја, рече дека Синвар бил убиени во акција.

Висок функционер на Хамас рече дека групата, која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка, ќе продолжи на својот пат „кон остварување на амбициите на палестинскиот народ“. Смртта на Синвар, рече тој, само ќе ја зајакне групата.

Тој додава дека израелските заложници нема да бидат вратени додека не заврши агресијата врз Газа и целосното повлекување на израелските сили од Појасот Газа.

Ал-Хаја е најстариот човек во Хамас по водачот Синвар, кој беше убиен за време на рутинска потрага по членовите на Хамас во Рафах во четвртокот.

Смртта на Синвар, неколку месеци откако беше именуван за главен лидер на Хамас, ја нагласува тешкотијата со која се соочува палестинската група во заштитата на високо дефинираните цели од Израел, но веројатно нема значително да влијае на текот на војната во Појасот Газа.

Мицкоски: Постојат членки на ЕУ кои не ги почитуваат европските вредности

Христијан Мицкоски, премиер
Христијан Мицкоски, премиер

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека за жал постојат земји-членки на ЕУ кои не ги почитуваат европските вредности. Ова го рече како одговор на новинарско прашање во однос на изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која ги повика македонските власти „да ги читаат европските вредности со поголемо разбирање“.

Премиерот ја упати Јотова овој совет да го даде и кон тие земји членки коишто треба конечно да ги почитуваат и коишто се испречени пред можни санкции за почитување на човековите права. Потенцираше дека Северна Македонија ги почитувами постапува доколку постојат пресуди од Судот за човекови права во Стразбур кој е одговорн да носи одлуки за почитување и непочитување на човековите права.

„За жал, имаме земји членки во Европа коишто имаат десетици такви пресуди коишто не ги почитуваат. Претпоставувам тоа ќе важи и за земјите членки не само за кандидатите. Еве имаме такви 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија. Еве, ги повикувам истите овие коишто ни даваат нам совет да ги советуваат и бугарските власти да може да дозволат македонската заедница барем да се организира во невладини организации. Ние не бараме да бидеме дел од Уставот барем од тоа што таму сум го слушнал, туку да се организираат во невладини организации“, рече Мицкоски.

Јотова, на настан кој се одржал вчера во Ќустендил, на тема „Бугарите на Балканот надвор од границите по 1878 година. Кодекс на опстанок“, под покровителство на потпретседателката, а на кој учествувале и претставници на бугарските заедници од Македонија, Албанија, Грција, Косово, Романија, Турција и Србија, рекла дека „овие права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една земја која верува дека не се почитуваат човековите права, особено оние на претставниците на различни народи и народи, овој процес никогаш нема да заврши“.

„Агресијата, не само вербалната, е непростлива, а кога насилството крие тврдоглава, но длабоко погрешна теза и уште повеќе неисполнување на веќе преземените меѓународни обврски. Веројатно ќе погодите дека станува збор за еден од нашите западни соседи – Република Северна Македонија, за која, за жал, последниве години, наместо за потпишан договор и неговото спроведување кое го носи името „Добрососедство“, сака да одиме во спротивна насока. Неподносливо е кога една страна треба да го трпи недостатокот на почитување на човековите права, со газење на правото на изразување, да кажувате кој сте и од каде доаѓате и со кое потекло, рекла Јотова.

Инаку Мицкоски рече дека се уште се прави анализа во однос на писмото што беше најавено дека ќе се испрати до ЕУ со предлог-решенија за деблокада на процесот на евроинтеграциите.

Урсула Фон дер Лајен следната недела во посета на Западен Балкан

Урсула фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, следната недела ќе разговара со лидерите на земјите од Западен Балкан, информираа од оваа институција.

Според официјалниот календар, во периодот од 23 до 26 октомври, таа ќе ги посети Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора.

Според претставниците на ЕК, посетата ќе биде потврда за посветеноста на Европската Комисија кон земјите од регионот.

Ова исто така ќе биде можност за фон дер Лајен да го промовира Планот за раст, најголемиот пакет на Европската Унија (ЕУ) досега за регионот.

Станува збор за финансиски пакет од 6 милијарди евра кој ќе биде распределен на земјите од регионот според бројот на жители и бруто домашниот производ. Земјите ќе добијат еден дел од овој пакет во форма на грантови, а другиот дел во форма на поволни заеми.

Пред посетата на претседателот на оваа институција, ЕК треба и формално да ги усвои реформските агенди за петте земји од Западен Балкан.

Само Босна и Херцеговина е изземена бидејќи не достави целосна реформска агенда до Брисел, но ЕК и даде време на земјата да го комплетира овој документ.

Премиерите на шесте земји од Западен Балкан на самитот на Берлинскиот процес на 14 октомври потпишаа нов акциски план за единствен регионален пазар, како составен дел од Планот за раст на Европската Унија (ЕУ) за Западен Балкан.

Фон дер Лајен по средбата изјави дека земјите од Западен Балкан до крајот на годинава треба да ги добијат првите пари од Планот за раст.

„Пет од шесте реформски агенди ќе бидат усвоени оваа недела и тоа значи дека исплатата на шест милијарди евра од Планот за раст може да започне пред крајот на годината“, рече таа во Берлин, на прес-конференција по самитот.

Фон дер Лајен истакна дека Планот за раст е мост помеѓу заедничкиот регионален пазар и единствениот пазар на ЕУ.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG