Украинка „презимува“ во Скопје, поради руските напади и прекини на струја во Киев
Украинката Дариа Мисенг решила зимата да ја помине во Скопје, далеку од постојаниот звук на сирените кои алармираат за воздушен напад и прекините на електрична енергија поради руските напади врз енергетската инфраструктура во Украина. Уште нема купено билет за дома, но, вели, нема ни намера да остане во странство засекогаш.