Основното и средното образование во Македонија се бесплатни, вели државата 30 години наназад. Но, учениците велат дека е само на хартија или не е целосно бесплатно. Велат дека за тоа немаат дилема, па затоа во оваа епизода на Слободоумни дебатираат на тема - „Колку чини бесплатното образование?“
Помеѓу „баш ми е гајле“ и решението на глобалната еко криза постојат бројни групи на еко активисти кои се борат да стигнат од проблемот до решението. Дел од нив тоа го прават од македонска адреса, а некои наши дечки и од странска, со надеж дека утре ќе можат да помогнат дома.
Македонската пливачка надеж, 16-годишната Миа Блажевска Еминова во своето пливачко портфолио има бројни национални рекорди, медали и пливачки настапи во домашни и меѓународни води. Меѓу нив, со големи букви стои запишано учеството на Олимпијадата во Токио.
Фоторепортер од Салвадор се сетил на идеја да им оддаде почит на починатите со поставување на QR-код на гробовите. Откако ќе се скенира со мобилен телефон, кодот води до веб-страница со историја и фотографии од најубавите моменти на починатиот.
Вратите на скопската гимназија „Орце Николов“ беа временски портал за учесниците на настанот „Ретроспектива 90-ти“, организиран од OрцеTalks.
Голем дел од младите полесно се разбираат меѓу себе со интернет жаргон одошто со литературен јазик. Велат, интернетот си го направил своето. Тројца средношколци во оваа епизода на „Слободоумни“ дебатираат колку тој сленг „ги шотнал“ литературниот јазик, училиштата, секојдневната комуникација?
Ретко кој прошетал низ центарот на Скопје кога времето е убаво, а да не го сретнал Валентин и неговата екипа музички марионети со име „Valentino’s jazz puppets“
Средношколката Миа Тодорова на интернет е позната како популарна „тиктокерка“, а во спортските кругови како девојката која собира медали во кикбокс. Кога влегува во рингот, ги тргнува предрасудите настрана и ужива во секоја доза адреналин која ја добива спортувајќи.
Членовите на првиот инклузивен градски хор на својот прв настап во центарот на Скопје, пуштија глас со надеж дека ќе стигне директно до центарот - до оние кои треба да ги слушнат, па да им дадат шанса.
Триесетиедногодишната Лина Фајад е единствена жена во Јордан која тренира мешани боречки вештини (ММА). Таа е дел од тимот „Гладијатори“, кој е составен целосно од мажи. Се натпреварува на регионални и меѓународни првенства бидејќи нема колешки локално.
Тројца средношколци во Слободоумни отворено објаснуваат зошто ќе студираат во странство и директно укажуваат на грешките на државата кои довеле до тоа се повеќе млади да избираат студии надвор наместо дома, и се помалку планираат да се вратат во Македонија со странска диплома
Во кратерот Рамон, во пустината на југот на Израел, тим од шестмина- пет мажи и една жена, симулираат - како ќе биде да се живее околу еден месец на црвената планета. Пејзажот е карпест, ридски и обоен со црвено за да наликува на Марс.
Вчитај повеќе