Изјавата на премиерот Оливер Спасовски дека не може да ги затвори верските храмови низ земјава во ек на пандемијата на коронавирус, зашто правото на вероисповест е неприкосновено предизвика бура реакции во јавноста. Граѓаните реагираат дека и правото на слободно движење и на образование е неприкосновено, па државата го ограничува за да спречи ширење на болеста. Други, пак, иронично велат дека кафеаните треба да се регистрираат како цркви и да отворат за „верници“.
Па може најдобра идеа до сега!Браво @atortevski ме насмеа до солзи pic.twitter.com/fOIgvzZ56j
— Dimko (@ddimkooooo) April 15, 2020
Школи затворивте, цела држава ја парализира те, ама цркви о џамии не можете?!? До кога со безсрамноста? До кога со глупостиве? Како не ви е срам?!? @o_spasovski
— 660 (@BBozh) April 15, 2020
Единствено полошо од поп кој бистри политика е функционер кој му бакнува раце.
— Katarina Sinadinovska (@KSinadinovska) April 15, 2020
МПЦ соопшти дека нема да ја менува традицијата и оти верниците ќе ги причестува како и досега со една лажичка, без разлика што така може да се шири вирусот КОВИД-19. Едни реагираат дека на сите што ќе се причестат треба да им следува 14-дневен карантин, додека други веруваат дека токму Бог ќе помогне против болеста.
Само кај нас самоволието на клерот е на стероиди и во ек на пандемија не отстапуваат од штетните практики со кои црквите свесно ќе ги претворат во нови жаришта на коронавирус. Дури и тврдоглаво тврдат дека ниту лажичката за причест немало да ја менуваат.
— Хермиона (@kvkriss) April 15, 2020
ВЕЛИГДЕНСКА АКЦИЈА НА МПЦ:Со секое причестување добивате самоизолација од 14 дена ГРАТИС!
— Нароз Волокин (@zorbital) April 15, 2020
Идеја за причест и одење во црква за велигден:Си плаќаш 2000е на врата.Попот те причестува.На излегување од црква си влегваш во комбе и те носи 14 дена во карантин во Пепелиште или друга касарна.Си го плаќаш карантинот таму.И волкот сит и овците на број.
— The real OG Rubin (@TheRealRubinBt) April 15, 2020
Дел од граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека бадијала карантинот, ако илјадници луѓе се причестуваат со иста лажичка за Велигден.
Власта најави дека за Велигден ќе има полициски час во целата земја – од петок во 16 часот до вторник во 5 наутро. Во црквите ќе има литургии, но верниците нема да може да присуствуваат поради полицискиот час. Литургиите во деновите кога не е полициски час ќе се одржуваат во дворовите на црквите. Верниците кои по секоја цена ќе сакаат да се причестат ќе може тоа да го сторат до 16 часот, но без целување икони и блиски контакти, со почитување на правилата за физичка дистанца.
После Велигден, Филипче треба да прекине да споменува од кој град се новите забоолени и да ги прозива Владиците:Демиркаписко - Кичевската епархија на Тимотеј 450 нови заболени... Преспанско - Пелагониска Епархија на Иларион 230 нови, 20 починати... Брегалничка Епархија 666...
— Бапчо (@TheFitzzz) April 15, 2020
Логично би било после Велигден, Тимотеј место Филипче да држи прес конференции со прашања од новинарите.
— Миле Паника (@Mile_Panika) April 15, 2020
Дел од граѓаните потсетуваат дека коронавирусот во Јужна Кореја и во Иран многу се прошири токму по верски обреди.
Само да ве потсетам дека во Јужна Кореја од кластерот од верски храм беа заразени повеќе од 5000 лица и во Иран лижеа ѕидови од џамии пред да им се случат 5000 починати
— Калиси (@MajkaNaZmejovi) April 15, 2020
Значи. Викендов сите постари идат у црква. Ја лапкаат лажицата и бацуваат иконите. После 2 недели пик на заболени, сите ќе сакаат на респиратори, ама ќе нема за нив пошо нели триажа и прво мора помладите да се спасат. Значи ќе ви изгинат бабите, дедовците, мајките, татковците.
— Скорќе (@KapnKrk) April 15, 2020
Четврток и петок во секоја црква од 08 до 16 часот минимум по 100 луѓе, тоа би значело наредните 14 дена многу нови случаи. Со кој памет оставија цркви отворени. Следат џамии...А можело и вака👇 pic.twitter.com/2fh2qSv5lZ
— Самоизолирана (@neiskulirana) April 15, 2020
Ватикан ги затвори црквите еј, празен беше Св. Петар! Нашиве причест ќе правеле... а може ли нај на крај поповите и владиците со истото лажиче да се причестат, а МТВ да врши пренос за сите да видиме?! Непрокопсани!
— Kiril Efremovski (@kefremovski) April 15, 2020
Бурни реакции претходно предизвика Реисот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи, кој ѝ се закани на Владата дека ако не ѝ помогнат на ИВЗ, тие ќе ја повлечат забраната за собири и ќе ги отвори џамиите и тогаш нема да има сила која ќе може да се бори против епидемијата со коронавирусот, „па ќе станеме Бангладеш“.