Настаните на денот низ фотографии - 9 април 2020 година.
Ракети и маски

1
МАКЕДОНИЈА - Министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан, на иницијатива на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, денеска испратија писмо до комесарот за трговија Фил Хоган, комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и до високиот претставник на ЕУ и потпретседател на ЕК Жозеп Борел со барање за изземање на земјите од Западен Балкан од регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции, односно специјални извозни дозволи, соопшти Министерството за надворешни работи.

2
МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи позитивни на коронавирусот. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица.

3
МАКЕДОНИЈА / АВСТРАЛИЈА - Македонско-австралиското 3-Block Studio го изработи Quarantine, краток анимиран филм за глобалниот карантин поради пандемијата.

4
АВСТРАЛИЈА - Австралиските власти денеска се заканија со големи парични казни, па дури и затворски за оние кои без посебна причина ќе го напуштат домот за време на Велигденските празници, со цел да се намали ширењето на коронавирусот.