Настаните на денот низ фотографии - 9 април 2020 година.
Ракети и маски

5
АВГАНИСТАН - Пет ракети утрово погодија американска база во Авганистан, соопштија двајца претставници на американските сили. Во нападот, за кој одговорноста ја презеде терористичката Исламска држава, нема жртви.

6
БЕЛГИЈА - На 15 март Северноатлантскиот Совет ќе одржи вонреден состанок на ниво на министри за одбрана, на кој тема за дискусија ќе биде одговор на Алијансата против проширувањето на вирусот Ковид-19, соопшти Алијансата. Како што се наведува на интернет страната на НАТО, состанокот ќе се одржи како телеконференција, а со него ќе претседава првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг.

7
ФРАНЦИЈА - Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејезус, при што наведе дека одбива да ја види таа организација притисната меѓу Кина и САД.

8
ЈЕМЕН - Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија која се бори против шиитското востание во Јемен, денеска го прекинува огнот, соопштија саудиските власти, додавајќи дека одлуката е одговор на повиците на Обединетите нации да се стави крај на судирите за време на пандемијата на коронавирусот.