„#седисидома и прави накит“
Граѓаните меѓу себе на социјалните мрежи споделуваат постојано идеи за како да се помине времето седејќи дома за време на актуелната пандемија од коронавирусот. Тука се вбројува и фесјбук групата „Креативница, #седисидома и прави накит“, каде секојдневно се споделуваат креации и нови начини за изработување. Групата е активна од 18 март. Засега има околу 650 членови, но постојано се приклучуваат нови.