Настаните на денот низ фотографии - 10 април 2020 година.
Од Струмица до Пјонјанг...

1
МАКЕДОНИЈА - Дел од поранешните обвинители во поранешното СЈО не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ и поради тоа, соопшти ДКСК, прекршочна постапка е поведена за: Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе.

2
МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти - двајца од Тетово и еден од Куманово, а два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекувал во домашни услови. Новозаразени со коронавирус се 48 лица.

3
МАКЕДОНИЈА - Денешното рочиште за случајот Рекет“ се одложи бидејќи обвинетиот Бојан Јовановски не беше спроведен од истражниот затвор, како и на барање на адвокатите, поради моменталната состојба со корона вирусот, бидејќи во затворот во Шутка има тестирање за коронавирус по вчерашниот смртен случај на позитивен притвореник.

4
МАКЕДОНИЈА - Лидерот на СДСМ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, од синоќа се во самоизолација поради коронавирус. Резултатот од тестот на Мицкоски бил негативен, но сепак ќе биде во изолација, а резултатите од тестот на Заев ќе стасаат во текот на денот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.