Достапни линкови

Веронаука против „Катици“, критики за попови со џипови


Владиката Преспанско-Пелагониски Петар
Владиката Преспанско-Пелагониски Петар

Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи и Боки 13-ки, рече владиката Петар. Како ќе возите џипови, ако децата учат машинство место веронаука, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Изјавата на владиката Петар дека без веронаука во училиштата ќе ни се случуваат уште многу Катици Јаневи и Боки 13-ки повторно ја отвори дебата за секуларноста во училиштата, етиката и воведувањето на верска поука, која веќе беше укината од Уставниот суд. Реакциите на социјалните мрежи главно се негативни. Кој тебе со веронаука, ти него со попови во џипови.

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар на Божиќниот ручек во Прилеп побара да се воведе веронаука во училиштата, преку која, како што рече, ќе се постигне духовната обнова на народот.

„Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи, ќе ни се случуваат и Боки, ќе ни се случуваат и еден куп работи. Со веронауката сето тоа ќе исчезне, затоа што ако сакате вие преродба на народот, не можете вие само да барате преродба материјална, економска, културна, а душевна, односно духовна да нема. Само преку духовната преродба доаѓаат сите други преродби“, додаде владиката Петар.

Тој алудира на случајот Рекет, во кој поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и неформалниот сопственик на згаснатата 1ТВ Бојан Јовановски, познат како Боки 13, се обвинети за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев, осомничен за перење пари во случајот Империја на СЈО.

Противниците на воведувањето веронаука во училиштата веднаш возвратија со попови и џипови, шуми и плацови.

Други, пак, не гледаат толку негативно на темата.

Владиката Петар повремено доаѓа во центарот на вниманието со неговите често контроверзни изјави. Во 2018 година, тој беше задржан на скопскиот аеродром по барање на Финансиската полиција.

Во декември 2018 година, ги повика младите или рано да се женат и мажат и да формираат здрави семејства, а ако некој не сака да оди во манастир. Според него, развод следува само во исклучителен случај, односно неверство. Во однос на истополовите бракови, во 2017 година рече: „Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени, Господ немаше да ги создаде Адам и Ева“. Тој исто така е истакнат противник на абортусот, кој го нарекува чедоубиство. Во 2013 година, тој рече дека холивудската актерка Мерилин Монро поради професионалната кариера, не сакала да раѓа деца и заради тоа извршила хируршки зафат, за да не може да забремени. Кога потоа сакала да раѓа, а не можела, се самоубила поради тоа.

Пред десетина година беше воведена веронаука во основното образование, но Уставниот суд во 2009 ја укина, зашто ја нарушува секуларноста на државата. По укинувањето на веронауката, беше воведен предмет етика на религии.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG