Насловот на оваа колумна го отсликува ставот на партиите, а и на македонското општество во глобала, во ситуации кога жена е или ќе биде предложена за некоја висока, влијателна функција, без разлика за кој сектор се работи.
Во овој момент, главната тема поврзана со жената и функционерското место се претседателските избори оваа година. Разните комбинаторики што ги прочитавме последниве неколку дена даваат една досадна и многу лесно предвидлива слика за списокот на претседателски кандидати. Само мажи. Неважно од кој слој на општеството доаѓаат и каков животен курикулум имаат, само едно е важно: тие се мажи. Очигледно е дека малоумната изјава на владиката Петар од минатата година, кога жената ја прогласи за зло кое ќе ја уништи државата, е еден од столбовите и изговорите за одбивање да се кандидира жена за претседател на државата.
Претпоставувам дека запенавените противници на идејата жена-претседател ќе почнат да редат списоци на жени кои биле или веќе се на високи функции, од министерски па натаму. Ако веќе имаме жена министер, а и до сега сме имале жени на таа функција, тогаш во што е проблемот жена да биде и претседател на државата? Дали партиите, мислам на сите оние кои ќе влезат во трката со свои кандидати, немаат адекватна и способна жена за оваа функција или постои некој друг страв? Можеби страв дека ако кандидираат жена, пред својот електорат ќе се посрамотат и ќе бидат дочекани со реакција во стил: немавте способен маж, па најдовте жена да кандидирате? Стравовите поради кои партиите не се одлучуваат да кандидираат жена за оваа функција можат да бидат илјадници на број.
Да бидеме искрени: проблемот не е недостатокот на адекватен кандидат, туку е стравот. Страв од тоа дека ако кандидираната жена победи, таа сигурно нема во целост да ги слуша партиските наредби и насоки, какви што беа случаите на некои претходни претседатели, кои интересите на државата ги ставаа зад интересите на партијата која ги кандидирала. Иако ингеренциите на претседателот според Уставот не се многу на број, тие се влијателни, посебно во делот на надворешната политика. Ако добиеме жена претседател, сигурна сум дека нема да читаме вести од типот: претседателката си намигна со тој и тој претседател на тој и тој самит. Или го потпиша Законот за абортус со кој жената се става на ниво на ментално недоволно развиено суштество.
Кон крајот на минатата година завршија претседателските избори во Чиле. Во вториот изборен круг влегоа две жени, победник беше кандидатката на партија од левицата, Мишел Башеле. Во тој регион не е сама, друштво и прават Дилма Русеф, претседателка на Бразил и Кристина Фернандез де Кирхнер, претседателка на Аргентина. Дали е потребно да ја споменам и претседателката на Либерија, земја која се уште се опоравува од децениска граѓанска војна, Елен Џонсон Сирлиф, добитничка на Нобеловата награда за мир 2011 година? Дали сметате дека Македонија не е политички и културно развиена и со висока општествена свест за да кандидира жена која ќе биде во друштвото на овие политички лавици?
Сите сме свесни дека ако сакаме да оствариме позитивна промена, мораме да излеземе од својата зона на комфорот. До сега се покажало дека тапкањето во место во процесот на развивање на едно општество, со негување дури и наметнување на традиционалните вредности, посебно оние длабоко назадните и конзервативните, влијае деструктивно врз развојот не само на општеството туку и врз развојот на поединецот како негова основна клетка. Затоа престанете со стравовите и отпорот кон развојот на жената и нејзиното влијание во општеството. Барем еднаш во животот бидете вистински мажи и кандидирајте жена.
Ако веќе имаме жена министер, а и до сега сме имале жени на таа функција, тогаш во што е проблемот жена да биде и претседател на државата?

Да бидеме искрени: проблемот не е недостатокот на адекватен кандидат, туку е стравот. Страв од тоа дека ако кандидираната жена победи, таа сигурно нема во целост да ги слуша партиските наредби и насоки.