Идејата на ДУИ за консензуално предлагање кандидат за претседател на државата која пак позитивно ја прифатија одредени партии од македонскиот и албанскиот блок, предизвикува поделени мислења кај домашната стручна јавност. За некои ваквата иницијатива е тенденционза и небулозна, за други пак најдемократска.
Тезата за избор на консензуален претседателски кандидат има нејаснотии оти не знаеме дали тоа подразбира лице кое го поддржуваат само коалиционите партнери на власт или пак лице кое ќе го поддржат повеќето етнички заедници, вели професорот Горан Илиќ од Универзитетот Св. „Климент Охридски“ во Битола.
„Сметам дека тезите за избор на консензуален претседател од една страна се небулозни, но од друга страна се тенденциозни, имаат намера можеби да протуркаат некоја измена којашто го засега и задира директно во уставниот поредок на Република Македонија.“
Сосема поинаку мисли професорот Мерсим Максути. Во една мала држава со два големи ентитети како нашата, единствено и само консензуален претседател може да ја стабилизира политичката ситуација и може да го гарантира функционирањето на државните органи, вели Максути.
„Затоа што Албанците се втора по големина демографска популација, затоа и тие треба да имаат свои
претставнички легитимитет, претседателот и нив треба да ги претставува во оваа држава.“
Суштината на претседателот на Република Македонија е да ги обедини граѓаните на земјата, а идејата за негов избор на непосредни демократски избори е да дојде до израз волјата на мнозинството граѓани, појаснува професор Илиќ, според кој евентуалната промена на избор на претседател, на пример во Парламентот не значи поразвиена демократија.
„Доколку сакаме да направиме пробив во демократските процеси, ние дефинитивно треба да почнеме да ги правиме до други позиции, во тој случај мислам дека функцијата претседател нема зошто толку да се кршат копја, бидејќи тоа и не е толку битна алка во политичкиот систем, каде што ние може да добиеме или да загубиме квантум демократија.“
Некои пак сметаат дека консензуалниот претседател ќе биде добрра основа за подигнување на квалитетот на кандидатите и создавање покреативна демократска клима. Професорот Максути е убеден дека најдобриот начин на избор на претседател во земјава е тоа да се прави во македонското собрание.
„Претседателот треба да се избира во Собранието со бадентеровиот принцип на гласање и на нас да ни се даде можност да имаме консензуален претседател во оваа држава“, заклучува Максути.
Во меѓувреме, ДУИ не отстапува од своето барање за консензуален претседател, но во исто време партијата ја демантираше можноста за рушење на Владата, доколку досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов биде повторно кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа партија консензуален претседател подразбира неколку фактори меѓу кои и тоа тој да биде прифатлив за албанското гласачко тело и да ги претставува Албанците како и да се залага за евроатланските перспективи, но не само декларативно, туку активно да дејствува во таа насока.
Сметам дека тезите за избор на консензуален претседател од една страна се небулозни, но од друга страна се тенденциозни.Горан Илиќ, универзитетски професор.
Тезата за избор на консензуален претседателски кандидат има нејаснотии оти не знаеме дали тоа подразбира лице кое го поддржуваат само коалиционите партнери на власт или пак лице кое ќе го поддржат повеќето етнички заедници, вели професорот Горан Илиќ од Универзитетот Св. „Климент Охридски“ во Битола.
„Сметам дека тезите за избор на консензуален претседател од една страна се небулозни, но од друга страна се тенденциозни, имаат намера можеби да протуркаат некоја измена којашто го засега и задира директно во уставниот поредок на Република Македонија.“
Сосема поинаку мисли професорот Мерсим Максути. Во една мала држава со два големи ентитети како нашата, единствено и само консензуален претседател може да ја стабилизира политичката ситуација и може да го гарантира функционирањето на државните органи, вели Максути.
„Затоа што Албанците се втора по големина демографска популација, затоа и тие треба да имаат свои
Претседателот треба да се избира во Собранието со бадентеровиот принцип на гласање.Мерсим Максути, универзитетски професор.