Претседателот Иванов го оцени како успешно годинашното собрание на ОН поради личниот ангажман на генералниот секретар Бан Ки-мун од што произлегле и инструкциите до медијаторот Нимиц разговорите да се интензивираат, како и најавите дека тој ќе организира средба меѓу преговарачите од двете страни во спорот во текот на наредниов месец. Од говорницата, пред земјите членки, уште еднаш побара да се почитува меѓународното право, хашката пресуда и Времената спогодба.
„Ја користам оваа можност да го повикам нашиот сосед заеднички да работиме во таа насока. Од ова место, од срцето на ОН, ги повикувам да ја почитуваат пресудата на Меѓународниот суд на правдата и да ги почитуваат меѓународно преземените обврски.“
Настапот на македонскиот претседател пред Генералното собрание покажува колку нашата надворешна политика и јавните настапи се оптоварени од дневната политика и настаните на домашната политичка сцена, анализираат дел од експертите во Македонија.
„Инсистирањето на хашката пресуда е многу повеќе провокативна за грчката страна отколку што може да ефектуира нешто. Таа не е задолжителна и нема механизми кои може да ја задолжат Грција да ја почитува. Од друга страна, пак мислам, дека инсистирањето на хашката пресуда е недостаток на идеи како да се надмине моменталната блокада што ја имаме“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу.
Како што оценил и самиот посредник во спорот Метју Нимиц, двете страни покажале подготвеност за продолжување на разговорите.
При тоа, и на самото Генерално собрание не изостанаа острите тонови. Грчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Аврамопулос ја обвини Македонија за иредентизам, веројатно испровоциран од актуелизирањето на прашањето за статусот на македонското малцинство во Грција од страна на претседателот Иванов.
Аврамопулос настапи со познатите грчки ставови дека Македонија треба да прифати едно име со географска одредница и тоа на некој начин го одржува грчкиот став конзистентен што јужниот сосед и е во состојба да го прави, велат експертите.
Македонската позиција, пак, и на надворешен терен го покажува отсуството на консензус дома за ова клучно прашање и варира од компромис до национално чувство, изјави политикологот Петар Арсовски.
„Додека моменталната политичка гарнитура не почне да инвестира во тоа ставот дома да стане консензуален, односно да дојдеме до некаков консензус, таа секогаш ќе биде под притисок помеѓу едната и другата крајност на тој политички став и затоа нашите ставови варираат“, изјави Арсовски.
Ја користам оваа можност да го повикам нашиот сосед заеднички да работиме во таа насока. Од ова место, од срцето на ОН, ги повикувам да ја почитуваат пресудата на Меѓународниот суд на правдата и да ги почитуваат меѓународно преземените обврски.Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.
„Ја користам оваа можност да го повикам нашиот сосед заеднички да работиме во таа насока. Од ова место, од срцето на ОН, ги повикувам да ја почитуваат пресудата на Меѓународниот суд на правдата и да ги почитуваат меѓународно преземените обврски.“
Настапот на македонскиот претседател пред Генералното собрание покажува колку нашата надворешна политика и јавните настапи се оптоварени од дневната политика и настаните на домашната политичка сцена, анализираат дел од експертите во Македонија.
Инсистирањето на хашката пресуда е многу повеќе провокативна за грчката страна отколку што може да ефектуира нешто. Таа не е задолжителна и нема механизми кои може да ја задолжат Грција да ја почитува. Од друга страна, пак мислам, дека инсистирањето на хашката пресуда е недостаток на идеи како да се надмине моменталната блокада што ја имаме.Алберт Муслиу, политички аналитичар.