Г-дине Филе, најавивте дека за прв пат отворено ќе зборувате со владините коалиционери за добрососедските односи, кои елементи конкретно влегуваат во ова прашање?
Прво е важно да се каже дека овој принцип за добрососедски односи е еден од основните копенхагеншки критериуми. Ова е основно барање за секој што сака да се приклучи во Европската унија и целта е многу чиста, ЕУ сака нови членови, но не сака нивните проблеми да се увезат во Унијата. Во случајот со Скопје и разговорите од трета рунда од дијалогот на високо ниво, ова беше првпат значително да се осврнеме на овој важен критериум. Тоа се однесува, се разбира, прво на спорот за името со Грција, но, како што реков, треба да се направат напори за да се подобрат односите со сите соседи.
На кои други соседи освен Грција мислите кога велите добрососедски односи?
Мислам дека како прво битно е да се каже дека нема дистинкција, сите соседи се важни за земјата кандидат, за земјата која сака да се приклучи кон Европската унија. Случајот за односот со Грција е очигледен, тоа е прашањето за името кое треба да се реши. Дополнително на односите со Грција, сè почесто слушам за односите и комплексноста на односите со Бугарија. Слушам голем број изјави од бугарските претставници кои се осврнуваат на проблемите во односите меѓу Софија и Скопје, тоа треба да се реши, тоа треба да биде водено од политичарите од двете страни. Политичарите од двете страни ја имаат одговорноста. Патот кон ЕУ минува низ добрососедските односи и ако сакате да станете добар член на Унијата, единствен можен начин е во исто време да стaнетe добар сосед.
Во парламентот споменавте дека пресудата во Хаг не е магично решение и дека со неа се гледа во минатото, а ние треба да зборуваме за иднината. Што им препорачавте на премиерот Груевски и неговиот коалиционен партнер Ахмети во врска со ова прашање, за спорот со името?
Искрено верувам дека не е магично решение, затоа што ако е магично решение, досега ќе беше решено. Така што, пресудата е важна, донесе одредена јасност за одредени прашања од минатото, но за жал не ни овозможи доволно за да се реши ова прашање во иднина. Верувам дека најголема корист од таа пресуда може да се извлече доколку лидерите следат една од поентите кои ги даде судот, а тоа е базирано на искуството - ве молам зајакнете ги вашите напори, осврнете се на ова прашање и најдете решение за спорот за името.
На што се должеше досегашната позитивна реторика од Брисел, дали станува збор за навестување на брзо решение за спорот за името?
Посакувам Брисел да е тој што има решение, брзо решение, но ние го немаме. Дијалогот на високо ниво не е начинот да се заобиколи стартот на пристапните преговори. Но во исто време е важно да се разбере дека тоа не е начин да се адресира прашањето со името. Тоа треба да биде направено во рамките на Обединетите нации.
Изминатиов период во медиумите се појави информација дека Македонија може во декември да добие датум за преговори, при што затворањето на прашањето за името не би бил услов за старт на преговорите, туку за финиширање на преговорите. Знаеме дека во декември ќе се донесе политичка одлука, но дали реално е можно, да се случи нешто такво?
Како прво, знам дека можноста да се чува или остави тешкото прашања за на крајот на процесот не е реално. Да се верува дека ќе се оди напред и кога сè е направено, ние тогаш ќе почнеме да се осврнуваме на прашањето за името, верувајќи дека така ќе биде полесно – тоа е многу опасен концепт, тоа нема да успее. Сè наредно е до членовите на Унијата, не сакам да прејудицирам што ќе се случи во декември, би ги намалил очекувањата тука. Членовите на Унијата се јасни за тоа која е нивната позиција за прашањето за името и што треба да се направи, ние уште не сме ги направиле првите чекори, ние уште не сме го усвоиле извештајот за напредокот, таму е важната препорака. Јас очекувам дека членките на ЕУ во декември ќе дејствуваат по неа, јас многу се надевам дека ќе ги земат предвид и тие позитивни елементи кои ги донесе дијалогот на високо ниво, но повторно ќе кажам, би било наивно да се верува дека сето тоа може да се случи, дека може да се донесат позитивни одлуки, паркирајќи го спорот со името некаде на напуштен паркинг на крајот на овој долг пат.
Владината криза навидум стивна. Изјавивте дека сте загрижени за политичката состојба и дека политиките на етничко ривалство кои се водат не водат никаде. Повторно е отворена можноста за предвремени парламентарни избори, како ова ќе влијае врз евроинтегративните процеси на Македонија?
Прво дојдов овде да им порачам на политичките партии и коалициони партнери и сите чинители се разбира, да направат сè што е можно за стабилизација на државата, да се направи сè што е можно да се создадат услови потенцијалот што го нуди дијалогот на високо ниво да се искористи најдобро што е можно. Затоа што ако одлуката е навистина да се оди на предвремени парламентрани избори, се плашам дека таа динамика ќе се изгуби и кој знае колку време ќе биде изгубено. Јас не сум тој што треба да оцени во ситуацијава, дали сега има повеќе шанси за предвремени избори или не, тоа не зависи од мене. Но дефинитивно сум тој што е јасно заинтересиран за тоа владата да работи напорно и коалиционите партнери да работат на начин да на кој ќе си веруваат меѓусебно, да има транспарентност, предвидливост и дека ќе ги капитализираат резултатите од дијалогот на високо ниво. Не бидејќи е добар за нив, бидејќи е добро за државата, добро е за македонските граѓани.
Со оглед на актуелната политичка ситуација, дали може да се каже дека однесувањето на владината коалиција е неодговорно, затоа што се добива впечаток дека тие не го поминаа тестот на меѓуетнички односи и помирување, а и вие укажавте дека има уште да се работи по прашањето за спроведувањето на рамковниот договор?
Мислам дека Владата има голема одговорност да ги држи прашањата во политичкиот домен и да се обиде да пристапи и да ги адресира прашањата кои се поврзани со меѓуетничкиот материјал во вашата земја да се третираат според Охридскиот рамковен договор. Ова што го изградивте во вашата земја е многу уникатно, имајќи етничко малцинство кое не само што живее еден покрај друг со мнозинството, туку и работи со него. На државата и е потребна визија која ќе понуди нови цели, европски перспективи и да ја придвижи државата напред на овој пат. Воедно Охридскиот рамковен договор сè уште испорачува бројни прашања каде што е постигнат значителен напредок во последниве 10 години, но сè уште сме далеку од оптималните резултати. Всушност ова е еден од добрите резултати од дијалогот на високо ниво, дека конечно по 11 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор имаме јасна оценка што е сработено, што не е, што треба да биде во фокусот на владата да осигура дека меѓуетничките прашања никогаш нема да бидат вистински проблем во вашата земја.
Пред пратениците изјавивте дека е забележан напредок во исполнувањето на реформите од предпристапниот дијалог, но дека не е многу сменето од вашата последна посета во март, зошто измешани сигнали?
Прво треба да ме потсетите на што се однесуваше тоа. Вистина е дека за некои прашања не е многу сменето, но за некои има прогрес. Ако ги погледнете сите тие прашања кои се наведени во патоказот од дијалогот на високо ниво, можам да кажам дека 75 проценти од целите имаат мерлив напредок, односно некои од прашањата се комплетно имплементирани, но има прашања каде што е постигнат само минимален напредок или воопшто нема. Едно од тие прашања на кои се осврнавме е децентрализацијата, владеењето на локалните власти, што е исклучително важно во пресрет на локалните избори што треба да се одржат напролет.
Кои цели конкретно спаѓаат во тие 25 проценти во кои нема прогрес?
Само што ја посочив децентрализацијата како пример. Исто така има и други точки каде што има некаков прогрес. Земете го на пример Изборниот законик. Владата неодамна усвои амандмани на Изборниот законик во кои се вклучени бројни препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Затоа велам во голем број од областите има прогрес и го поздравуваме тој прогрес, но не се усвоени сите препораки. Има некои специфични прашања од областа на изборното законодавство на кои треба да се посвети внимание и каде што напредокот е многу ограничен.
Голем дел од задачите во патоказот се технички, како измени на закони и донесување на нови. Што гарантира дека овојпат законите кои ќе бидат донесени во Парламентот ќе се спроведат, кога честа забелешка од ЕК е токму неспроведувањето или селективното спроведување на законите?
Да, ова е екстремно важно прашање, кое го подвлеков и во парламенот. Го нагласивме тоа и во разговорите од Дијалогот на високо ниво со Владата. Ние излеговме со нов пристап во претпристапните преговори, излеговме со пристап кој е фокусиран повеќе на следење на спроведеното отколку на штиклирање на точките, дали некој закон е донесен или дали е основана некоја институција. Ја чувствувам потребата дека законите треба да се спроведуваат, затоа што тука граѓаните ќе го почувствуваат импактот од новата легислатива и новите институции кои се создаваат. Ако погледнете во нашиот механизам за следење или оценка на дијалогот на високо ниво ние секогаш правиме разлика меѓу усвојување, утврдување – фино, тоа е добар почеток, но она што ни треба е да има доверлив механизам за следење, дека тие прашања всушност работат на подобрување на животот на македонските граѓани.
На само два дена пред вашето пристигнување во Скопје, Владата во собранието ги достави клучните закони кои требаше да го докажат напредокот, со што се добива впечаток во јавноста дека работите набрзина се нашминкаа пред да дојдете. Како вие го коментирате тоа?
Јас на одредено ниво не се согласувам со вас за „средувањето набрзина“, затоа што ние работевме на тие прашања од почетокот на дијалогот на високо ниво. Мислам, ако ја погледнете декриминализацијата на клеветата, тоа беше примарен објект на нашето внимание од март и имаше многу работа и интеракција. Ние ги очекуваме финалните делови на амандманите на законот. Тоа што ние го бараме е да се создаде финалната динамика овие закони и амандмани да бидат донесени. Фактот дека е усвоен само неколку часа пред ние да ја одржиме третата рунда може и не е лоша работа кога знам дека зад тоа усвојување имаше долг и темелен процес, каде што учествуваа и експерти од Советот на Европа, на ОБСЕ, на Венецијанската комисија и се разбира на Европската комисија. Но во исто време, јас се согласувам со еден од пратениците кој истакна на дебатата во Националниот совет за евроинтеграции дека брзото средување на законите може да доведе до брзо заборавање за законот кога ќе дојде на ред имплементацијата. Не можам да не се согласам со ова. На пример, денеска се зборува за реформи во администрацијата, станува збор за легислатива која е голема и многу комплексна, ние рековме, односно ја повторивме пораката од порано дека времето не е најважно, туку квалитетот на таа легислатива. Така што, Комисијата ќе разбере ако го смените патоказот затоа што е потребно повеќе време за да се елаборира тоа или она. Ние дефинитивно не сме тие кои ја охрабруваат владата да ги прави тие брзи средувања, напротив ние сме тие кои се обидуваат да создадат услови за владата да ја направи легислативата која е важна, која ќе ги исполни очекувањата и пред сè да се имплементира затоа што на крајот на денот тоа е она што граѓаните најмногу го ценат.
Од друга страна, при последните ваши доаѓања во Скопје, пред секое ваше пристигнување во владата се отвара прашање за меѓуетничка криза, како го коментирате тоа?
Криза – не сум сигурен дека би се согласил со тоа, ние во рамките на третата рунда од дијалогот на високо ниво, имавме добра дискусија, каде што не почувствував некакви последици од кризата која што вие велите дека ја има, но вистина е дека ситуацијата не е лесна. Вистина е дека коалиционите партнери веројатно не секогаш се однесуваат на транспарентен и предвидлив начин, но гледам волја од двете страни да најдат решение. Политичката стабилност, не заради стабилноста како таква, туку како политичка стабилност која ги исполнува очекувањата на македонските граѓани, тоа е најважното нешто.
Каков е вашиот личен впечаток, дали владата, односно премирот Груевски е проевропски ориентиран?
Тој е проевропски, инаку ако не беше немаше да го имаме дијалогот на високо ниво. Дали ги исполнува сите очекувања, тоа е работа на граѓаните на Македонија. Покрај сè, ова влада е избрана од граѓаните, тоа е еден од најважните демократски принципи. Но ние тука се соочуваме со не баш лесна ситуација, каде што државата доби кандидатски статус пред повеќе години, потоа ја доби и првата препорака за почеток на преговори од Европската комисија пред неколку години, додека во исто време нема покана за почеток на преговори. Може да живеете со овие чудни ситуации година или две, но ако траат подолго, знаете има свои импликации врз темпото на реформите и врз меѓуетничките односи. Покрај сè, евроатланскиот процес е лепилото кое што ги држи различните етнички групи да работат заедно. Така што вклучувањето на премиерот Груевски и неговиот тим во дијалогот на високо ниво, претворајќи го дијалогот во вистински процес во 5 полиња кои се базирани на 15 конкретни мерки, имајќи ја масата за мониторирање на прогресот и вклучувајќи го механизмот за следење, мислам дека може да се добие доста убедлива слика за посветеноста на оваа влада. Може да се направи повеќе, сè уште има време до декември, плус-минус 75 проценти од задачите се испорачани, повеќе може да се направи и треба да се направи за да се реши спорот за името. Не е во интерес на вашата земја да остане пред вратите на Европската унија засекогаш. Не е во интерес на регионот, ниту во интерес на Унијата.
Имајќи на ум дека 75 проценти од патоказот се завршени задачи, дали може да се заклучи сега дека Македонија е подобрена во клучните прашања како владеење на правото, слобода на говор, почитување на човекови права, иако според извешатите од Стејт депарментот и Амнести интернејшнал и слични меѓународни институции се наведува дека се загрижени за состојбите во Македонија?
Мислам дека дефинитивно е подобро споредено со ситуацијата доколку евентуално го немавте процесот со дијалогот на високо ниво. Но повторно, вистинскиот прогрес може да биде постигнат, не преку еден вид договор, туку преку преговорите за пристапување каде што нема само 5 полиња и 15 цели и лимитирани услови, туку преку пристапниот процес каде што има 35 поглавја, многу посеопфатна агенда, справувајќи се со сите релевантни прашања и секое од тие поглавја нудат голем број на важни услови што и помагаат на Владата, која и да е, да се фокусира на приоритетите за ЕУ интеграцијата, приоритетите за својот народ. Затоа ова е толку важно, да се создадат услови за таа врата конечно да се отвори и вашата земја да стане дел од тој процес.