ДУИ не го признава легитимитетот на претседателот Иванов, но смета дека има легитимитет од граѓаните Албанци да влезе во владата со ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат беше Иванов.
Аналитичарите имаат поделени мислења околу тоа какви ќе бидат односите меѓу старо-новите партнери во новата Влада. Тоа што претседателот Ѓорге Иванов стана претседател кој интегративците не го признаваат, а не го добија ниту спикерското место во парламентот, само го потврдува фактот дека политиката ја води владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која, пак, не е во позиција да биде уценувана, вели професор Алајдин Демири.
„Груевски ги доживува барањата на Албанците како уцени. Али Ахмети нема капацитет да уценува за тоа како ќе изгледа новата влада, затоа што неговото заложништво веројатно не може да му овозможи да прави поинаква влада или да авансира барања за Албанците“, вели Демири.
По ваквиот развој на настаните, според професор Горан Илиќ, пак, сосема очекувано сценарио од ДУИ е, за возврат да бара да добие неколку клучни ресори во новата Влада, но и вицепремиерски места.
„Од една страна, ВМРО-ДПМНЕ има добра позиција да не ги прифаќа таквите барања на ДУИ, но правопропорционално со цврстината ќе се зголемува и притисокот од страна на ДУИ“, изјави Илиќ
И досегашната соработка меѓу ВМРО-ДПМЕ и ДУИ на моменти беше проблематична, потсетуваат аналитичарите. Сепак, велат тие, коалицијата не се распадна пред сè поради заедничкиот интерес, кој партиите мудро го опишуваат како „почитување на волјата на граѓаните кои нè избрале“.
„Јас повеќе би го акцентирал прашањето за кохерентноста на владата, односно ставовите и политиките на владата да бидат кохерентни, да се однесуваат на сите подеднакво и да важат на целата територија на Република Македонија“, вели Илиќ.
Демири, пак, е уверен дека за првпат после неколкугодишното коалицирање, двата партнери во власта ќе се соочат со големи кризи кои самите ќе ги произведат.
„Огромната криза е пред сè зачленувањето во ЕУ. Тоа е невозможно со Груевски, затоа што тој кажува ова не го правиме, она не го правиме, како ЕУ нас да нè моли. Али Ахмети, од друга страна, не знам како го замислува, ама интензивно тврди дека ќе влеземе во Европа“, вели Демири, не исклучувајќи ја и можноста од распишување на нови вонредни парламентарни избори во текот на претстојниот мандат на новата Влада.
Груевски ги доживува барањата на Албанците како уцени. Али Ахмети нема капацитет да уценува за тоа како ќе изгледа новата влада, затоа што неговото заложништво веројатно не може да му овозможи да прави поинаква влада или да авансира барања за Албанците.Алајдин Демири, универзитетски професор.
„Груевски ги доживува барањата на Албанците како уцени. Али Ахмети нема капацитет да уценува за тоа како ќе изгледа новата влада, затоа што неговото заложништво веројатно не може да му овозможи да прави поинаква влада или да авансира барања за Албанците“, вели Демири.
По ваквиот развој на настаните, според професор Горан Илиќ, пак, сосема очекувано сценарио од ДУИ е, за возврат да бара да добие неколку клучни ресори во новата Влада, но и вицепремиерски места.
„Од една страна, ВМРО-ДПМНЕ има добра позиција да не ги прифаќа таквите барања на ДУИ, но правопропорционално со цврстината ќе се зголемува и притисокот од страна на ДУИ“, изјави Илиќ
Од една страна, ВМРО-ДПМНЕ има добра позиција да не ги прифаќа таквите барања на ДУИ, но правопропорционално со цврстината ќе се зголемува и притисокот од страна на ДУИ.Горан Илиќ, универзитетски професор.