Достапни линкови

Инагурација на Иванов, без ДУИ, СДСМ и НДП


Пред почетокот на седницата на македонското Собрание на која претседателот Ѓорге Иванов ќе даде свечена изјава, ДУИ најавија дека нема да присуствуваат, а не доаѓаат и СДСМ како и единствениот пратеник на НДП Руфи Османи.

Пред почетокот на седницата на македонското Собрание на која претседателот Ѓорге Иванов ќе даде свечена изјава, ДУИ најавија дека нема да присуствуваат, а не доаѓаат и СДСМ како и единствениот пратеник на НДП Руфи Османи.
Од кабинетот на Иванов ни изјавија дека на инаугурацијата не се поканети да присуствуваат странски државници освен претставници на дипломатскиот кор.


Од кабинетот на Иванов ни изјавија дека на инаугурацијата не се поканети да присуствуваат странски државници освен претставници на дипломатскиот кор.

Од политичките партии, на седницата најавија дека ќе присуствуваат од ДПА што значи дека ќе ја подржат владата и нејзиниот избор за претседател.
СДСМ пак од порано рекоа дека нема да присуствуваат на работата на Собранието бидејќи за нив изборите не се легитимни. На свечената седница нема да присуствува и единствениот пратеник на НДП зошто и за неговата партија изборите се нелегитимни.

Откако идејата на ДУИ за консензуален претседателски кандидат не доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ од оваа партија останаа на ставот дека Иванов е легално избран, но дека нема легитимитет од мнозинството Албанци. Засега не е познато дали пратениците на ДУИ ќе ги соопштат нивните позиции за бојкотот.
Пораката на ДУИ е дека тие продолжуваат со нивниот став дека не го признаваат легитимитетот, но со изјавата дека го признаваат легалитетот, значи дека нема да имаат проблеми во соработката со институцијата Претседател, туку имаат проблем со начинот на кој тоа е избран.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека непризнавањето на Иванов е проблем за коалициската соработка и нагласуваат дека Иванов ја има поддршката на гласачите од различни етнички заедници.

Аналитичарот Алберт Мислиу, бојкот на ДУИ го коментира како политика, а, според него, денешната седница нема некоја нова порака туку е продолжение на ставовите кои партиите ги имаа претходно.

„Пораката на ДУИ е дека тие продолжуваат со нивниот став дека не го признаваат легитимитетот, но со изјавата дека го признаваат легалитетот, значи дека нема да имаат проблеми во соработката со институцијата Претседател, туку имаат проблем со начинот на кој тоа е избран. Од друга страна ставот на СДСМ е познат дека не го признаваат изборниот процес, така да тоа се простира и до Претседателот, не само до Парламентот.“

Инаку викендов неколку часа пред одржувањето на конститутивната седница на Парламентот ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ информираа дека ќе формираат ново парламентарно мнозинство, а преговарачките тимови на двете партии дека ќе продолжат на усогласување на принципите. Како и да е со седницата на која ќе биде инаугуриран претседателот Ѓорге Иванов, формално ќе го почне вториот петгодишен мандат како шеф на државата. До вториот мандат Иванов дојде на изборите што се одржаа на 13 и на 27 април. Тој во вториот круг о освои 534.910 гласови, додека неговиот противкандидат од СДСМ Стево Пендаровски, освои 398.077 гласови.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG