Барањето на ВМРО-ДПМНЕ пратениците на ДУИ да присуствуваат на инаугурацијата на претседателот Ѓорге Иванов и воедно партијата да го прифати неговиот легитимитет се само шпекулација во медиумите, коментираат од ДУИ. Медиумите вчера јавија дека ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новата влада го поставила тоа барање како услов. ДУИ ги бојкотираше претседателските избори поради тоа што инсистираа на консензуален претседател и од партијата неколку пати соопштија дека не ја признаваат институцијата.
Портпаролот на партијата Бујар Османи вели дека си стојат на истиот став дека нема да ги коментираат преговорите.
„Сè што има, ќе повторам по стоти пат, во медиумите во однос на преговорите и разговорите сè е шпекулацијата, така што воопшто не коментирам додека нема цитирање на конкретни извори, соопштенија и ставови. Сè тоа се шпекулации.“
РСЕ: Добро ќе присуствува ли ДУИ на инаугурацијата?
„Кога ќе дојде време за тоа, ќе ве информираме“, вели Османи.
Прашањето кое се наметнува е колку ВМРО-ДПМНЕ треба да преговара со ДУИ за формирање на нова влада и да биде коалиционен партнер со некоја партија која го оспорува Иванов и неговата функција.
„Гледано од морални и политички причини кои се навистина ретки во нашиот систем во овие 20 години независност, сметам дека, ако се земе предвид тоа што и во изборниот процес албанскиот електорат под влијание на ДУИ го бојкотираше изборниот процес на претседателот, не само што нема потреба, туку би било безобразно и лицемерно кон своето гласачко тело од страна на ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со ДУИ“, вели политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ, според која тоа претставува највисок степен на уцена од страна на ДУИ, што значи или ќе коалицира или ќе прави нова политичка криза во земјата.
„Не е проблем што претседателот доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, туку е проблем неговото негирање, затоа што и на местото на ВМРО-ДПМНЕ да беше СДСМ сметам дека ќе беше истото уценување, истата ситуација, ако ДУИ одеше по истата постапка, да го негира целиот изборен процес на претседателот“, вели Стојадиновиќ.
Инаугуративната седница на Иванов треба да се одржи на 12 мај в понеделник кога официјално завршува неговиот прв претседателски мандат.
Сè што има, ќе повторам по стоти пат, во медиумите во однос на преговорите и разговорите сè е шпекулацијата, така што воопшто не коментирам додека нема цитирање на конкретни извори, соопштенија и ставови. Сè тоа се шпекулации.Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Портпаролот на партијата Бујар Османи вели дека си стојат на истиот став дека нема да ги коментираат преговорите.
„Сè што има, ќе повторам по стоти пат, во медиумите во однос на преговорите и разговорите сè е шпекулацијата, така што воопшто не коментирам додека нема цитирање на конкретни извори, соопштенија и ставови. Сè тоа се шпекулации.“
РСЕ: Добро ќе присуствува ли ДУИ на инаугурацијата?
„Кога ќе дојде време за тоа, ќе ве информираме“, вели Османи.
Прашањето кое се наметнува е колку ВМРО-ДПМНЕ треба да преговара со ДУИ за формирање на нова влада и да биде коалиционен партнер со некоја партија која го оспорува Иванов и неговата функција.
Не е проблем што претседателот доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, туку е проблем неговото негирање.Соња Стојадиновиќ, политиколог.