Достапни линкови

Јаков Милатовиќ стапи на должноста претседател на Црна Гора


Смотра на гардата на Армијата на Црна Гора, откако претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ положи заклетва во Собранието, 20 мај, 2023
Смотра на гардата на Армијата на Црна Гора, откако претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ положи заклетва во Собранието, 20 мај, 2023

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ го започна петгодишниот мандат. Се закола дека ќе биде вистински претседател на сите граѓани. На инаугурацијата присустуваати досегашниот претседател Мило Ѓукановиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот дипломат Габриел Ескобар.

Јаков Милатовиќ на 20 мај, напладне, и официјално ја презеде должноста претседател на Црна Гора.

Тој даде заклетва пред пратениците од црногорскиот Парламент, претставници на дипломатскиот кор, лидери на држави од регионот.

„Се колнам дека должноста претседател ќе ја извршувам одговорно, чесно, совесно, праведно и непристрасно. Според Уставот и законот“, рече Милатовиќ во пленарната сала на Парламентот на Црна Гора.

Со тоа го почна неговиот петгодишен претседателски мандат.

Во својот инаугуративен говор Милатовиќ рече дека ќе биде „вистински претседател на сите граѓани, без разлика на нивната национална, политичка или верска припадност“.

Актуелниот момент има историски карактер, рече новиот претседател на Црна Гора, наведувајќи дека промената на политичкиот естаблишмент и консолидацијата на демократијата влева надеж дека отворените прашања од важност за иднината на Црна Гора ќе се решаваат во послободна средина.

Милатовиќ рече и дека нема да отстапи од правецот и обврските кои ја вклучуваат Црна Гора како дел од ЕУ и дека ќе се залага за добрососедски односи.

Тој исто така рече дека постоечките, како и новите регионални економски иницијативи можат да имаат дополнителна вредност доколку се во функција на членството во ЕУ.

Лидерите од земјите од регионот и поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ на инагурацијата на Милатовиќ.
Лидерите од земјите од регионот и поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ на инагурацијата на Милатовиќ.

Ѓукановиќ, Вучиќ и Ескобар меѓу гостите

На инаугурацијата присуствуваат околу 200 високи претставници, меѓу кои и специјалниот пратеник на САД Габриел Ескобар. А на церемонијата беше и досегашниот претседател на државата, Мило Ѓукановиќ, кого Милатовиќ убедливо го победи во вториот круг од претседателските избори на почетокот на април.

Од утрото беше блокиран поширокиот центар на Подгорица, како и патот до аеродромот.

Претседателот се избира на пет години, а сите претходни инаугурации беа во Цетиње.

Милатовиќ и сопругата пристигнуваат во Собранието пред инаугурацијата
Милатовиќ и сопругата пристигнуваат во Собранието пред инаугурацијата

По инаугурацијата новиот претседател приреди ручек за гостите, а доцна попладне ќе има прием во државната вила Горица, каде со сопругата ќе пречекаат 700 гости.
Меѓу нив ќе бидат претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи, претседателот на Албанија Бајрам Бегај, а од Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ.

Иако до утрово немаше потврда, српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Црна Гора на инаугурацијата на Милатовиќ.



Вучиќ на својот Инстаграм профил го потврди доаѓањето во Црна Гора со објавување фотографии со лидерите на Нова српска демократија (НОВА) Андрија Мандиќ и Демократска народна партија (ДНП) Милан Кнежевиќ, од појадокот во Зета кај Подгорица.

Од европските претставници, присутни се Оливер Ропке, претседател на Европскиот економски и социјален комитет на Европската комисија и специјалните пратеници за Западен Балкан на Велика Британија и Германија, Стјуарт Пич и Мануел Сарацин.

Кој е Јаков Милатовиќ?

Триесет и седумгодишниот Јаков Милатовиќ е првиот претседател кој не е од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ, која владееше три децении, до август 2020 година, кога ги загуби изборите.

Милатовиќ е еден од лидерите на Движењето Европа сега, основано пред една година. Тој во политиката, пак е од пред три години кога беше назначен за министер во првата влада избрана по падот на ДПС од власт.

Во претседателската трка тој беше поддржан од владејачките партии, прорускиот Демократски фронт, Демократите и од Граѓанското движење Ура.

Од почетокот на 90-тите, Ѓукановиќ шест пати бил премиер и два пати претседател на Црна Гора.

Инаугурација на Милатовиќ пред Парламентот на Црна Гора
Инаугурација на Милатовиќ пред Парламентот на Црна Гора

Ѓукановиќ и Милатовиќ во изминатите денови одржаа две средби во рамки на процедурата за примопредавање на функцијата, по што посочија дека Црна Гора е добар пример за демократска транзиција на власта.

Смената на чело на државата доаѓа пред вонредните парламентарни избори закажани за 11 јуни. До нив дојде поради институционалната криза која ги запре евроинтеграциите.

Од смената на власта, за речиси три години паднаа две влади, а обидот да се избере трета беше неуспешен. Во тој период е забележан пораст на етничките тензии.
За време на владеењето на Ѓукановиќ, Црна Гора гласаше за независност на референдум во 2006 година, стана кандидат за членство во Европската унија во 2010 година и влезе во НАТО во 2017 година.

По поразот Ѓукановиќ поднесе оставка од челната позиција во партијата.

XS
SM
MD
LG