Достапни линкови

Повеќе полицајци на терен за помирно Тетово


Полицајци во Тетово.
Полицајци во Тетово.

Тетовчани посочуваат дека нивниот град не е безбеден и затоа бараат повеќе реонски полицајци кои би спречувале физички напади, кражби и слични проблеми, покажало истражувањето на невладиниот сектор за довербата на граѓаните во полицијата. Од тетовската полиција велат дека имаат кадар, и дека брзо реагираат на повик.

Полицајците да бидат повеќе посветени, да бидат поприсустни низ градските маала и да работат ориентирани кон потребите на населението, побарале граѓаните во истражувањето на невладиниот сектор за транспарентноста, отчетноста и инклузивноста на полицијата со населението.

Ова особено важи за Тетово, каде граѓаните учесниците во истражувањето посочиле дека не го гледаат својот град како безбеден и затоа сакаат да имаат повеќе реонски полицајци кои би спречувале физички напади, кражби и слични проблеми.

„Не само во полошкиот регион, туку на ниво на цела држава забелешките кон присуството кон односот на полицијата се движат во таа насока дека полиција е помалку видлива помалку присутна на улици, не во сообраќајот, пешки, како реонски полицајци како позорникари. И тоа е нешто што повеќето граѓани односно сите во сите осум фокус групи без исклучок го бараат како промена во начин на работење“, изјави Александар Стојановски, истражувач во Евротинк, организацијата која ги анализирала ставовите на граѓаните за полицијата.

Полицајци има, но не може постојано и на сите места да бидат присутни, објаснуваат од тетовската полиција. Според нив доколку патролни полицајци не бидат во моментот, на секоја пријава од граѓаните се реагира брзо.

„Во моментот имаме доволен број на полициски службеници иако никогаш не е доволно и секогаш е потребно повеќе и повеќе. Можеме да го покриеме целиот терен на градот и надвор од градот низ селата, меѓутоа и граѓаните треба во момент кога нема достапност до полицаец истото може да го стори на 192 пошто не може еден полицаец да биде истовремено на две места или три или повеќе. Затоа во тој контекст ќе бара на 192 и од таму ќе го распоредат полицаецот кај што има потреба граѓанинот“, вели Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Полиција во Тетово
Полиција во Тетово

Граѓаните во истражувањето истакнале дека полицајците треба да бидат уште повеќе професионални, вели Александар Стојановски.

„Посветеноста, довербата, ориентираноста кон потребите на граѓаните во интерес на заедницата, не го гледаат, цело време од полициските службеници. Тоа се кажувања на граѓаните на Тетово и на Тетовско“, смета тој.

За Тетово да биде побезбедно потребно е поинтензивно да функционира општинскиот Совет за превенција, каде освен локалната самоуправа треба да членуваат претставници на полиција, државни институции како и месните заедници и граѓански здруженија.

XS
SM
MD
LG