Достапни линкови

Бабо, ајде на пиво, со другарите не може!


Илустрација
Илустрација

Во кафената на иста маса ќе може да седат само двајца луѓе, или четворица ако се членови на исто семејство. Нејасно е што значи семејство и кој ќе го проверува тоа.

Кафеаните и кафулињата денеска отвораат по 2,5-месечното затворање заради спречување на ширењето на коронавирусот. На маса ќе може да седат само двајца ако не се од исто семејство. Ако се од исто семејство, ќе може да седат четворица. Работното време ќе биде до 22 часот, келнерите ќе носат маски, а меѓу масите ќе мора да има раздалеченост. Владата синоќа го објави протоколот за отворање на угостителските објекти.

Отсега во кафеана ќе се оди само со извод од матична книга на родените, коментираат едни, додека други сметаат дека отворањето ќе биде „шведска маса“ за коронавирусот. Трети се шегуваат дека едвај се истрпеле со семејствата за време на карантинот, па уште во кафеана заедно да одат.

Во семејствата што имаат повеќе од четири члена, веројатно ќе влечат сламка кој да остане дома.

Сепак, со спојување на маси заедно ќе можат да седат до 12 луѓе, ако меѓу нив се одржува дистанца од 1,5 до 2 метри.

Протоколот предвидува на секоја маса да има средство за дезинфекција, а вработените почесто да ги мијат рацете.

Дополнително, се наметнува прашање како ќе се утврдува дали некој е од исто семејство и што се подразбира под семејство.

Други, пак, велат дај да одиме во кафеана како нормално семејство – да се порасправаме пред луѓе.

Дел од луѓето, пак, се сомневаат дека отворањето им се погоди на „органите на редот“.

Други, пак, се загрижени дека отворањето на угостителските објекти е преурането и повторно ќе се зголеми бројот на заболени.

Некои, пак, потсетуваат на цените.

Велат, задутре ќе се види кој како си поминал.

Во меѓувреме, реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи ги полнеше страниците на медиумите. Прво се ожени со 50 години помлада сопруга, па прогласи дека коронавирусот е мртов, за вчера ријасетот на ИВЗ да го разреши.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG