Достапни линкови

Најстрата противпожарна единица на Балканот е навистина стара


Противпожарна единица во Битола
Противпожарна единица во Битола

Формирана со повелба на Румелискиот валија во 1836-та, противпожарната единица во Битола, никако да се реновира, иако тоа е едно од главните ветувања пред секои избори.

Битола ја има најстарата противпожарна единица на Балканот формирана пред 186 години, но со децении опстојува во стара станица која не ги задоволува современите стандарди.

Објектот е стар и со дотраен мебел, гаражите имаат потреба од современ начин на греење, а се уште се греат на печка на дрва, неопходна е санација на канализационата мрежа и други поправки.

Ова е трета локална власт како ветува изграба на нова пожарна станица. Претходните две власти ветија, но не остварија. Тоа беше ветување и на актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски уште на избори. Деновиве тој соопшти дека се работи проектот, а изградбата останува за следната година.
„Ќе направиме се` во периодот кој следи да го подобриме квлитетот на противпожарната единица, заштитата, обуката. И секако, да го одработиме она што го ветивме – нова противпожарна станица во Битола. Во тек е изработка на проектната документација, по што ќе следи и конкурс за идејно решение. Оваа година сигурнио нема да биде, останува за следната. Имаме локација и маркица во касарната“, рече Коњановски.


Ова треба да е еден од капиталните прокети на сегашната локална власт која редовно ја критикуваше претходната зашто вети, а не изгради. Сега опозоционата СДСМ ги обвинува нив дека немаат почнато со градба.


„Кој капитален проект го остваривте, проект што требаше да го реализирате? Кој го правите? Велите добро планирање, ај испланирајте. За противпоажрана зграда уште немате основен проект. Кој ви забранува да вложувате во Општина Битола“, рече Борче Корлевски, советник од СДСМ .


Советникот од владеачкото мнозинство предводено до ВМРО-ДПМНЕ Бојан Бојкоски рече дека простапкта за изградба е започната, а возниот парк обновен со донација. „Во однос на капиталните проекти сведоци сме дека започнавме со постапка за изградба на противпожарана станица, односно објавен е повик за основен проект, а возниот парк на Територијалната противпожарна единица е збогатен со донација од Франција со три возила“.
Битолската Противпожарна единица формирана е со повелба на Румелискиот Валија на 20.05.1836-та. Датумот на основањето е земен како празник на пожарникарството во земјава. Во единицата има 41 вработен пожарникар, а бројот на противпожарни возила со донацијата од Франција е 11.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG