Нервозно свирење од автомобилите и нетрпение на возачите и во ситуации кога полицаjци го регулираат сообраќајот додека поминува делегација и треба да се почека на улиците во градот.
Сликите како оваа во Скопје може да се видат често.
Во главниот град на државата повеќе има сообраќајна неколкура отколку што недостасуваат полицајци, се жалат граѓаните кои секојдневно се соочуваат со луѓе зад воланот кои свесно ги крашат правилата, мислејќи дека тие се најважни, а не прописите.
Поради ова оние кои совесно возат велат дека се чувствуваат „како прегазени“ од другите, но имаат чувство дека нема систем кој ги штити.
Метежот најмногу зема замав од 12 до 16 часот кога реки од автомобили се прелеваат низ улиците во сите правци.
Еден такси возач вели дека во изобилие има сообраќајна некултура и се помало трпение кај луѓето.
„Почни од нас возачите и од пeшаци катастрофа сме, а полицијата ги казнува само тие што „не се на ниво“. Паркирање кој кај ќе стигне, се е нормално. Кај нас се е нормално што не е нормално. Скопје има мали улици, повеќето од времето на Тито се, а оттогаш досега за 100 проценти е зголем сообраќајот и како може да е добро. Кога е работна недела, тоа е ужас, гужва не може да поминеш. Семафорите се почесто се расипуваат па додека дојде полиција да регулира ... се чека. Далеку сме од Европа. Сум возел и на Запад. Катастрофална е културата и на возачи и на пешаци. Полицијата ги казнува само немоќните, кога сте слушнале полицаец политичар да казни", вели овој такси возач.
Граѓаните велат дека тензијата и нервозата во превозот само ќе расте, ако не се зголеми бројот на сообраќајни полицајци особено на пофреквентните места.
Проблем е и непрописното паркирање на автомобилете. Поарди ова не е им е лесно и на оние што возат по велосипедските патеки, се жали Бојан, студент по медицина. Тој вели дека возењето со велосипед му оздема повеќе време отколку што реално му е потребно да стигне до одредена куса дестинација .
„Се прави гужва, не можем слободно да одвозам, а да не застанам едно 15 пати за да стигнам, пет минути возење со велосипед ќе ме фати како пола саат. Ем од пешаци ем од возила ем од лоша структура на патеки. На пример паркинг се смета секој тротар. Улиците во Дебар Мало да не ги коментирам. Таму буквално е непроодно. Хорор е да се возиш особено за велосипеди и пешак да си мора да одиш по улици зошто не можеш да поминеш од паркирани коли. Затоа полицајците би можело да се најдат“, вели Бојан.
Дека во сообраќајот има голем прекршоци потврдуваат и од полицијата.
„Секојдневно може да видите и преку нашите соопштенија дека има од 100 до 200 сообраќајни казни, а за време на викенд и над 400 казни дневно", вели Тони Ангеловски од МВР.
Непочитување на брзина и на првенство, како и конзимирање алкохол се прекршоци кои полицијата најчесто ги казанува, но има непочитување на правилата и од пешаци.
Во врска со укажувањата на граѓаните дека недостасуваат сообраќајни полицајци, Ангеловски вели дека пополнетоста е од 50 до 60 проценти, но додава дека тоа не се дозволува да биде видливо и оти се земаат и полицајци од други гарадови од внатрешноста.
„Бројот на сообраќајни полицајци во Скопје, однoсно полициски службеници кои работат во областа на сообраќајот не е на нивото како што е предвидено во систематизацијата, но секторот презема меки за тоа да не го почувствуваат граѓаните. Се користат сите ресурси, а од време на време се носат и од други градови службеници з а да има ред на сообраќајниците" вели Ангеловски.
Тој додава дека граѓаните го поздравуваат засиленото присуство на полицајците на улиците и тие не се таму да казнуваат, туку да воведуваат ред.
Како резултат на мерките на полицијата Ангеловски вели дека се намалува бројот на несреќи со жртви во споредба со другите години.
Но, граѓаните се жалат дека акциите се повремени. Како пример за тоа ги посочуваат сликите од одредени населби како кај пластичарската улица или на Бит Пазар и во Чаир, каде што поради непрописно паркирање на автомобилите на улица се закочуваат цели сообраќајни ленти. Луѓето кои живеат во овие делови на градот велат дека акциите на отстранување на непрописно паркираните возила треба да имаат континуитет и да бидат секојдневни.
Упатените како уште еден проблем го посочуваат големиот број на вработени административни работници во МВР на сметка на бројот на полициски службеници. Од полицијата велат дека овој тренд бил карактеристичен во изминатите години и оти сега почнува да се постапува за негово надминување со објавување конкурси за сообраќајни полицајци кои недостасуваат во Скопје и во Охрид.