Достапни линкови

Во Скопје секој 4 - ти контролиран возач бил пијан


Граѓаните подржуваат поголеми сообраќајни контроли
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Граѓаните подржуваат поголеми сообраќајни контроли

МВР кон крајот на април започна засилени контроли во сообраќајот на цела територија на државата со акцент врз Скопје. Граѓаните се задоволни, но велат има уште многу работа.

По последните неколку години во кои се интензивираа брзите трки со мотори и автомобили низ Скопје и дивењето по улиците со низа сообраќајни прекршоци што предизвикува и тешки сообраќајни несреќи и човечки жртви, МВР презеде засилени сообраќајни контроли со кои ги „лови“ несовесните возачи, а на сила во градот се и други мерки како бесплатни ваучери за такси за пијани возачи. Со зголемените контроли полицијата настојува да ги регулира и спречи несреќите и смртните исходи во сообраќајот, како и да обезбеди поголема проточност на сообраќајот, преку засиленото присуство на сообраќајната полиција и на пајак-возилата.

Акцентот на мерките е на брзината на движење на возилата и возење под дејство на алкохол, направилно паркирање и ослободување на тротоарите и велосипедските патеки од автомобили, како и дивите трки во ноќните часови за кои граѓаните најмногу реагираа.

Граѓаните се задоволни, но велат дека има уште многу работа.

Бројот на прекршоци и проточноста во сообраќајот дел од нив ги оценуваат како алармантни и нагласуваат дека сообраќајот треба да продолжи да биде под постојан мониторинг и под постојана контрола од камери, се додека не се имплементира тој систем и кај нас и се додека свеста и одговорноста кај учесниците во сообраќајот не се издигне на највисоко ниво, Некои нагласуваат дека ваквите контроли се потребни, но посочуваат дека е неопходно полицијата да биде и неселективна во примената на мерките .

„Мерките кои ги презема МВР се потребни и неопходни. Недостасува друг елемент, а тоа е подигање на свеста. Автомобилите особено младите возачи кои, кратко време се зад воланот, имаат многу ниска свест на одговорност, прво за себе, а со непочитување на безбедносните мерки го загрозуваат животот на останатите. Треба да се најде и модел на воспитување и едукација дека човечкиот живот нема цена“

„Добро е што се преземаат мерки, знаете младите како возат во пијана состојба и го поздравувам тоа, а на децата и натаму не треба да им се продава алколхол. Треба построги мерки да се преземат и родителите да не им ги даваат автомобилите на децата. Ќе има подобрување кога кај сите ќе се разбуди свеста“

„Добри се контролите и треба да ги има што повеќе. Секоја вечер се случуваат сообраќајки, особено со мотори и пијани возачи кои не внимаваат како возат и треба да ги има повеќе“

„Ако сакаат да истраат во мерките полицијата треба да биде иста и коректна кон сите. Да нема јавување по телефон, ... го знаеш овој го знаеш ли оној. И за моторџиите на улицата Партизанска со трки ако бидат истрајни, професионални и упорни мерката ќе успее“

„Потребни се мерките и треба да бидат поостри и казнената политика да биде поостра гинат луге секој ден. Не е нормално тоа што се случува по улици. Немаме услови на улиците за такво возење. Нека направат место за трки кој сака да се трка нека се трка таму Не е само алкохолот и дрога е во прашање. Култура веќе нема никаква а камо ли сообраќајна. Тоа е алкохол, дрога, брзи коли. Имаат брзи коли скапи коли ама не ги платиле од свој џеб и не размислуваат многу многу“

Незадоволството на граѓаните поради сообраќајната несовеснот ги поткрепуваат и податоците на полицијата дека во Скопје во почетокот на акцијата е евидентирано дека секој 4 - ти возач, кој бил контролиран бил под дејство на алкохол.

Тони Ангеловски вели дека полицијата направила огроман работа за еден месец. Во текот на засилените контроли во овој период од сообраќај се исклучени 248 возачи кои возеле под дјество на алкохол во текот на само една ноќ.

„Граѓаните веќе може да ги видат ефектите од засилените контроли. Морам да истакнам дека постојано добиваме подршка за ваквите акции од граѓаните. Продолжуваме со засилените контроли особено во време на матурските вечери. МВР набави нови 80 дрегери за проверка на аллкохол и нови 30 радари за да осигураме побезбеден сообраќај. Веќе се видливи ефектите и сега бројките се многу поразлични од почетокот на контролата, полека проработува свеста кај граѓаните дека мора да се почитуваат сообраќајните правила и со превентивните мерки И проблемот со дивите трки се решава секојдневно.“вели Ангеловски

МВР кон крајот на април започна со засилени контроли во сообраќајот на цела територија на државата со акцент во Скопје.

Според некои истражувања, зголемената брзина на движење за 5 проценти доведува до зголемување на сообраќајните несреки со смртните исходи, а носењето на сигурнсосни појаси го наламува ризикот од сообарќајни несреќи за 50 проценти.

Јавноста во изминатит период беше сведок и на повеќе други проблеми како издавање на возачки дозволи на кандидати кои не ги исполнуваат условите. Граѓаните реагираа и дека вози кој ќе стигне и оти секој може да зема дозвола. Повозрасните луѓе посочуваат дека во подалечното минато на сила биле многу поригорозни мерки за добивање на возачка дозвола што исто така е гаранција за безбедност во сообраќајот.

„При полагање на испитите треба да се прземаат мерки. Недостасува сегмент на воспитување и подигање на свеста зашто секој кога ќе добие дозвола за учество во сообраќај настапува со впеачаток дека знае да управува и може да праваи што сака, а тоа е само дозвола за учество, а со искуството вештините се совладуваат“ коментира еден граѓанин

Според податоците од областа на безбедност во сообраќајот, непрописната и неприлагодена брзина на возилата и возење под дејство на алкохол се едни од најчестите причини за сообраќајните несреќи во изминатите години

Инаку, во анкетата на Радио Слободна Европа 87 проценти од граѓаните ги подржуваат мерките на полицијата, а 9 се против.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG