Достапни линкови

Украина тагува за десетици жртви по руските напади во последните 48 часа


Спасувачите го покруиваат телото на 10-годишното момче покрај остатоци на местото на станбена зграда оштетена од руски ракетен напад, среде рускиот напад врз Украина, во Харкив, Украина, 6 октомври 2023 година.
Спасувачите го покруиваат телото на 10-годишното момче покрај остатоци на местото на станбена зграда оштетена од руски ракетен напад, среде рускиот напад врз Украина, во Харкив, Украина, 6 октомври 2023 година.

Најмалку седум региони во Укрина биле цел на синиќешните засилени руски напади. Бројот на жртви за два дена изнесува над 50 луѓе меѓу кои и деца. Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара поголема воена помош од Западот, додека војната се приближува до својот 20-ти месец.

Русија започна нови артилериски напади врз Харкив, при што загина едно дете, објавија регионалните власти рано на 6 октомври, додека североисточниот украински регион тагува за десетици луѓе убиени од руски проектил во селото Хроза претходниот ден во еден од најсмртоносните напади врз цивили.

Едно 10-годишно момче беше убиено, а уште девет лица беа ранети во градот Харкив во текот на ноќта, изјавија на 6 октомври градоначалникот Ихор Терехов и регионалниот гувернер Олех Синјехубов.

"Детето е пронајдено под урнатините на станбена зграда. За жал мртво. Сочувство до родителите и роднините", напиша Терехов на Телеграм.

Последниот напад се случи кога во регионот Харкив е прогласена тридневна жалост по рускиот ракетен напад претходниот ден во кафуле во Хроза, село на околу 85 километри југоисточно од Харкив, при што загинаа најмалку 51 лице, вклучително и едно дете.


Претседателот Володимир Зеленски рече дека нападот бил „намерен терористички акт“, додека Белата куќа нападот го нарече „неверојатно ужасен за народот на Украина“, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара таквите напади веднаш да се прекинат.

Високиот комесаријат за човекови права на ОН на 6 октомври соопшти дека испратил теренски тим да го испита нападот врз селото Хроза.

„Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Тирк, кој сам го виде ужасното влијание на таквите напади, е длабоко шокиран и ги осудува овие убиства“, изјави портпаролката Елизабет Тросел во Женева.


Претседателот Володимир Зеленски изјави дека тоа било „намерен терористички напад“, додека Белата куќа нападот го нарече „неверојатно ужасен за народот на Украина“. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара таквите напади веднаш да се прекинат.


Украинската воздушна одбрана рано на 6 октомври соопшти дека соборила 25 од 33-те беспилотни летала од иранско производство, лансирани од Русија во текот на ноќта во регионите Одеса, Миколаев, Харков, Днепропетровск, Черкаси и Житомир.

Одделно, Олех Кипер, гувернерот на регионот Одеса, на Телеграм рече дека Исмаил, едно од двете пристаништа на Дунав што Украина ги користи за извоз на жито, било цел на руски беспилотни летала кои предизвикале штета на пристанишните инсталации.

„Непријателот уште еднаш ја гаѓаше пристанишната инфраструктура на областа Исмаил“, напиша Кипер на социјалната платформа за комуникација Телеграм. Кипер рече дека три беспилотни летала од Иран биле соборени од украинската противвоздушна одбрана. Засега нема информации за жртви.

На бојното поле, украинските сили водеа 37 блиски битки со руските војници во текот на изминатиот ден, додека тие продолжуваат да спроведуваат офанзивни и одбранбени операции во источна и јужна Украина, соопшти Генералштабот во својот дневен извештај на 6 октомври.

Зеленски на 5 октомври се состана со европските лидери во шпанскиот град Гранада на неформалниот самит, каде што од своите колеги бара поголема воена помош за Украина поради знаците на замор на донаторите во некои сојузнички земји додека војната се приближува до својот 20-ти месец.

Зеленски рече дека постигнал договор со европските лидери за дополнителни системи за противвоздушна одбрана, вклучително барем за ракетниот систем Патриот од Германија.

„Ќе имаме повеќе воздушна одбрана. Има јасни договори. Ова е многу важно пред зимата. Шпанија, Италија, Франција, Германија, Велика Британија -- ви благодарам!“, изјави Зеленски

Украинската енергетска инфраструктура беше немилосрдно нападната од Русија минатата зима, предизвикувајќи мизерија и страдања за украинските цивили.

Зеленски и 46 други шефови на држави присуствуваа на третиот состанок на Европската политичка заедница, единствен форум за политичка размена меѓу 27-те членки на ЕУ и 20 други нации од целиот континент и Кавказ.

XS
SM
MD
LG