Достапни линкови

 
На самитот на министрите за надворешни работи на НАТО вниманието ќе биде насочено кон Рубио

На самитот на министрите за надворешни работи на НАТО вниманието ќе биде насочено кон Рубио


Марк Рубио
Марк Рубио

Министрите за надворешни работи на членките на НАТО ќе се сретнат во Брисел на 3 и 4 април на редовниот пролетен состанок.

Слично на состанокот на министрите за одбрана во февруари, целото внимание ќе биде насочено кон американскиот претставник. Во тоа време тоа беше министерот за одбрана Пит Хегсет. Сега тоа е државниот секретар Марко Рубио.

Кога Рубио беше назначен на оваа позиција во новата администрација на Трамп, многу Европејци беа воодушевени. Важеше за страстен „трансатлантски“ политичар.

Сепак, сега има одредена нервоза, велат дипломатски извори од НАТО со кои разговаравме. Додека едни велат: „Тој сè уште не разбира нас и алијансата“, други се прашуваат какво влијание навистина има во американската влада и што ќе каже за Украина, Русија и Кина.

Сепак, две работи се јасни.

Како и Хегсет, Рубио ќе ја нагласи пораката дека европските сојузници мора да ги зголемат трошоците за одбрана и да го споделат товарот.

И, како и во февруари, сојузниците ќе се надеваат дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе ја потврдат својата посветеност на НАТО и клаузулата за колективна одбрана, член 5. Единствените други собири на НАТО пред самитот на алијансата во јуни ќе бидат неформален состанок на министрите за надворешни работи во Турција во средината на мај и состанок на министрите за одбрана на почетокот на јуни.


Целта на тој состанок е јасна: да се задржи сојузот заедно со зголемување на трошоците за одбрана.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте инсистира секој сојузник да почне да издвојува најмалку 3,7 отсто од бруто домашниот производ за одбраната што е можно поскоро, со редовни извештаи за напредокот.

Овој притисок има за цел да го смири американскиот претседател Доналд Трамп на самитот. Но, некои европски сојузници ќе бидат претпазливи да преземат премногу одбранбени обврски, со оглед на нискиот раст и растечкиот буџетски дефицит.

Дали Рубио повторно ќе ја игнорира Каја Калас?

Можеби најинтересниот дел од средбата е сесијата посветена на односите НАТО-ЕУ, која ќе ја презентира високата претставничка за надворешна политика Каја Калас.

Рубио ја игнорираше Калас кога ги посети САД претходно оваа година, и сите дипломати на ЕУ со кои разговаравме признаваат дека Вашингтон не ја гледа ЕУ како сериозен партнер.

Таму има и голема тензија. Особено кога станува збор за последниот предлог на Европската комисија за издвојувања за одбраната - потенцијален заем од 150 милијарди евра за земјите-членки на ЕУ за набавка на оружје, но не и од земји надвор од Европа. САД се особено претпазливи за потези кои би ги исклучиле од европските зголемувања на трошоците за одбрана.

Најголем проблем, сепак, се нарушените трговски односи.

Ден пред состанокот на НАТО, САД воведуваат царина од 25 отсто за сите увезени автомобили, што особено ќе ги погоди земјите како Германија. Ова е продолжение на постојните американски царини за европскиот челик и алуминиум, на што Брисел ќе одговори со контрамерки кои ќе бидат воведени на 13 април.

Дали САД ќе го зголемат притисокот врз Русија?

Друг гостин на седницата ќе биде украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Се очекува извештај за состојбата на фронтот, но повторно во центарот на вниманието ќе биде Рубио.

Дали САД ќе го зголемат притисокот врз Русија ако не се почитуваат договорите за прекин на огнот поврзани со инфраструктурата и сообраќајот на Црното Море?

Иако членството на Украина во алијансата во моментов е исклучено, повеќето европски сојузници сакаат барем гаранции дека американското оружје ќе продолжи да тече во Украина и дека мисијата на НАТО за обука на украинските војници, ќе продолжи да работи.

Три години по повлекувањето на Москва од Буча, украинските цивили остануваат во руските затвори
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

No media source currently available

0:00 2:37 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p


Засега се функционира како што треба. Исто така, нема промени во однос на распоредувањето на американски војници во источниот дел на НАТО.

Она што се промени, сепак, е тоа што САД повеќе не претседаваат со Контакт групата за одбрана на Украина, позната како Рамштајн група, која ја координира воената поддршка за Украина.

Обединетото Кралство веќе претседаваше со последниот состанок на групата во февруари, а следниот, закажан за 11 април, би можел да биде копретседаван од Британија и Франција.

Се очекува Лондон и Париз да продолжат да работат, барем во однос на состанокот, на потенцијалната мисија за зајакнување на безбедноста во Украина доколку се постигне траен прекин на огнот.

Сепак, деталите како што се бројот на војници, земјите-учеснички и точниот мандат ќе останат нејасни уште некое време.

Се појасно е дека работата на новата стратегија на НАТО за Русија е запрена. Стратегијата - дефинирање како Алијансата треба да дејствува кон Москва во иднина - требаше да биде усвоена на самитот во Хаг.

Но, Вашингтон стави до знаење дека сака да избегне воведување потенцијални „иритации“ на патот кон конечниот мировен договор, а таков стратешки документ би можел да биде токму тоа.

За украинските војници во Покровск, мирот е сè уште далечен
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

No media source currently available

0:00 1:23 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p



Конечно, на состанокот ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на четирите азиско-пацифички партнери на НАТО – Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, на експресно барање на САД.

Иако американската администрација го гледа Пекинг како конкурент, нејзината јавна критика кон Кина досега беше релативно воздржана.

На оваа седница министрите ќе се интересираат за ставот на Рубио како да се пристапи кон различни прашања во врска со Кина.

XS
SM
MD
LG