Достапни линкови

Нема пари, а аранжманите распродадени!?


Париз. Некои скромно дома, а некои на велигденско шетање по светот
Париз. Некои скромно дома, а некои на велигденско шетање по светот

Има и такви кои што во беспарицата не ни помислуваат за некакво патување, но судејќи по распродадените туристички аранжмани, повеќето може да си дозволат шетање за Велигден.

Тие со ниски примања ќе си останат дома, но они кои можат да си дозволат, престојниот продолжен празничен викенд ќе го поминат во некоја туристичка мека. Граѓаните велат дека за Велигден се седи дома, па затоа не планирале патување, а и немаштиијата си го прави своето:

„Ние сме пензионери, нема пари, ќе се си седиме дома.“

„Не е толку црно колку што оцрнуваат.“
Индија, Кина, Шпанија, Грција и Дубаи... а нам „лиги ќе ни течат“, ма немаме ние пари за тоа.

„Индија, Кина, Шпанија, Грција и Дубаи... а нам „лиги ќе ни течат“, ма немаме ние пари за тоа.“

„Јас си имам апартман во Охрид и таму ќе одам.“

„Ние сме студенти, финансиска моќ немаме, така да не знам.“

„Имаме некаков план за селски туризам во Македонија.“

Туристичките работници, пак, велат дека во споредба со лани, оваа година има зголемена заинтересираност за патување.

„Некоја моја слободна проценка за празникот за Велигден е дека има околу десетина проценти повеќе реализираност од аранжманите што ги нудевме
Некоја моја слободна проценка за празникот за Велигден е дека има околу десетина проценти повеќе реализираност од аранжманите што ги нудевме ние. Јас лично сум искрено доста задоволен од
Велигден.
ние. Јас лично сум искрено доста задоволен од Велигден, од тоа како поминавме за празникот... еве се прават последните подготовски за групите да заминат, така што одлично поминавме“, вели Александар Чоневски, сопственик на туристичка агенција.

Зголемената заинтерсираност се должи на тоа што има евтини понуди, но и затоа што луѓето на располаѓање имаат четири слободни денови, вели Чоневски.

Од оние што патуваат - најголемиот број, според податоците од агенциите, ќе одат во соседна Грција. Но, интерес има и за Истанбул, како и за европските метрополи - Прага, Виена, Будимпешта, Рим... Празничниот пакет за овие дестинаци се движи околу 120 евра по човек со автобуски превоз, за кои имало најголема заинтересираност. Додека оние што сакат да патуваат со авион ќе треба да одвојат и до 500 евра.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG