Достапни линкови

Средната класа исчезнува


Се подлабок јазот меѓу сиромашните и богатите
Се подлабок јазот меѓу сиромашните и богатите

Средната класа во Македонија исчезнува. Се поголем е бројот на сиромашни кои едвај преживуваат или, пак, на екстремно богати.

Немаат проблем со егзистенцијата, имаат куќа или стан, возат два автомобила, имаат се по дома, одат на одмор, и на летен и на зимски, имаат пари да ги школуваат децата, имаат едноставно пристоен живот. Тоа се луѓе кои освен својата работна сила, поседуваат и капитал. Тоа би било краток опис за луѓето од средната класа, која според економските закони треба да биде двигател на развојот на една држава. Според некои мерила, средната класа треба да сочинува од 30 до 50 проценти од вкупниот број на населението, во зависност од степенот на севкупниот економски равој на некоја држава. Општ впечаток и на населението и на експертите е дека средната класа во земјава исчезнува, и дека се повеќе се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните. Формираниот расчекор меѓу богатите и сиромашните не е можно да се елиминира ни во идните сто години, велат аналитичарите. А уште полошо е тоа што политичарите не преземаат мерки, ако не за затварање, барем за намалување на тој јаз.

Каква е состојбата во земјата?
Прво давам за давачките кон државата, а после ако остане нешто за нас добро, ако не да сме здрави и живи.


Транзицијата ја смени социјалната слика на населението. Сега на врвот од пирамидата се наоѓаат богатите, а како пирамидата се шири надолу , тој слој го сочинуваат сиромашните, еден мал дел од средната класа преминал во богатите, а еден поголем дел преминал во сиромашни. Животните приказни: едвај скрпувам крај со крај, штедам на се, едвај преживуваме, се наше секојдневие.

„Прво давам за давачките кон државата, а после ако остане нешто за нас добро, ако не да сме здрави и живи.“

„Нон-стоп сме од месец за месец задолжени, или на ’рабуш‘ што се вели, по продавниците.“

„Сиромашна класа постои во Македонија, а не средна. Ова што се нарекува плата, не одговора за цел месец да го истуркаш како човек.“

„Многу тешко, мора со позајмица да се издржи од први до први.“
Сиромашна класа постои во Македонија, а не средна. Ова што се нарекува плата, не одговора за цел месец да го истуркаш како
човек.

„Основните протреби ги задоволувам, за нешто повеќе потешко.“

„Технолошки вишок сме и јас и жената и што ќе правиш, не стигнува за од први до први, а не пак на одмор некаде да одиш. Е, порано беше подобро имавме некоја сигурност, знаевме дека ќе земеме плата на први.“


„Сиромаштија е. Средната класа е нешто повисоко, но во нашата држава тоа се мал број на луѓе.“

Тешко на таа земја, што ја губи средната класа. Големиот социјален јаз, според експертите е резултат на тоа што сите досегашни влади воделе погрешна економска политика, која им овозможува богатење на веќе богатите и осиромашување на средната класа.

Професор Марија Зарезанкова Потевска вели дека работите може да се сменат, но политичарите немаат желба.

„Јас искрено многу сум разочарана во смисла на тоа што навистина нашите политичари во најголем дел од ништо прават нешто, значи воопшто не сме подготвени, независно која партија е на власт, дека некој работи, дека нешто се решава, напротив ние постојано почнуваме одново. Доаѓа нова влада, одново нова стратегија, нови концепти итн.“
Технолошки вишок сме и јас и жената и што ќе правиш, не стигнува за од први до први, а не пак на одмор некаде да одиш. Е, порано беше подобро имавме некоја сигурност, знаевме дека ќе земеме плата
на први.


Професор Здравко Савески, пак, вели дека е потребна нова економска политика.

„Политиката на дерегулација на пазарот, на намалување на социјалната помош, на намалување на даноци е иста политика која ја прават и владите на ВМРО-ДПМНЕ и владите на СДСМ, доведува до овие резултати. Значи нова економска политика ни треба, како и промислување на постојните економски параметри, зошто се тие така, не случајно се тие така и да се престане со таа слепа верба на благодетите на неконтролираниот пазар.“

Се подлабок јазот меѓу богатите и сиромашните

Средната класа ја сочинуваат вработените кои земаат плата од буџетската каса, односно администрацијата, вработените во образование, здравството, пензионерите, сопствениците на мали и средни бизниси. Но, дел од припадниците на таа средна класа, која негогаш можела убаво да живее со своите плати, а сега платата им ги покрива основните трошоци.

Пари за одмор, облека, нова кола, мал луксуз, речиси и да нема. Па затоа тука се кредитите. Просечниот долг кон банките изнесува 2.200 евра по глава на жител. Според Заводот за статистика, просечната плата во декемвриминатата година изнесувала 21.454 денари. Заводот веќе не пресметува колку изнесува потрошувачката кошница, но затоа тоа го направија синдикатите. Според нивните пресметки, на едно четиричлено семејство, за да го преживее месецот, му се потребни 29 илјади и двесте денари.

Платата недоволна за просечната потрошувачката кошничка

„Ќе констатираме дека просечната нето-плата фактички ја покрива само 70 отсто од вредноста на минималната синдикална кошничка, тоа значи дека се потребни некаде уште околу 42 отсто повеќе пари од просечно земените со цел едно четиричлено семејство да може да ги задоволи потребите според вака утврдената кошничка“, вели Живко Митрески, претседател на ССМ.

Констатираме дека просечната нето плата фактички ја покрива само 70% од вредноста на минималната синдикална кошничка, тоа значи дека се потребни некаде уште околу 42% повеќе пари од просечно земените со цел едно четиричлено семејство да може да ги задоволи потребите според вака утврдената кошничка.
Трошоците што ги пресметале од ССМ, можат да си ги задоволат само 11 проценти од регистрираните вработени, бидејќи само 9,1 отсто земаат плата од 20 до 30 илјади денари, а само 2,3 отсто над 30 илјади денари. Но, синдикатите пресметката ја правеле според цените во декември, но цените на основните прехранбени продукти, во последните неколку недели скокнаа за речиси 10 проценти.

Средниот социјален слој почна да исчезнува со започнувањето на транзицијата, со губењето на работните места и со масовните отпуштања. Тогаш работничката средна класа се претопи во сиромашна. Од тогаш па наваму, која и влада да е на власт, води иста политика, односно погрешна политика, наместо за земја со пониско ниво на економија, се спроведува политика за развиени земји. Според последните статистички податоци за сиромаштијата во Македонија презентирани лани, стапката на сиромаштија во земјава изнесува нешто повеќе од 30 проценти, исто толку е и стапката на невработеност. Над 600 илјади луѓе живеат само со по 100 денари дневно, а има и такви кои живеат само на леб.

Но, исчезнувањето на средната класа не е судбина, тоа е состојба што може да се контролира.

Професор Здравко Савески вели дека јазот меѓу богатите и сиромашните се повеќе ќе се зголемува, бидејќи слабеат механизмите на социјалната држава.

„И се смета според владејачката идеологија која ја застапуваат и моменталната власт, но дури и опозицијата, бидејќи не ги проблематизираат неолибералистичките принципи, таа поддршка на незаштитените членови на општеството, дополнително само ќе се намалува и како резултат на тоа социјалните разлики ќе растат.“

Администрацијата, средна класа

Аналитичарите велат дека недостигот од средна класа во Македонија може се рефлектира и врз градењето политика. Социологот Илија Ацески вели дека средната класа во земјава, која во најголем дел е вработена во администрацијата, е играчка во рацете на политичарите.

„Некаде 300 до 400 илјади луѓе кои што главно секоја партија на власт тоа го искористува.“

Ацески вели дека од средниот слој во Македонија не може да се очекува да биде двигател на општеството.

Средната класа може да се бара меѓу администрацијата, велат експертите, но и тие денеска живеат многу полошо отколку во минатото

„Тие луѓе не се за промени, за нив колку толку им е обезбедена егзистенцијата, сигурна плата.“

Треба да се стремиме, кон развојот на малите и на средните претпријатија, со кои би се овозможила средна класа, како најзначаен граѓански слој, препорачуваат економските експерти. Но, во земјата, има слаб развој на економијата, нема доволно капитал од страна, процедурите за започнување нов бизнис се
Тие луѓе не се за промени, за нив колку толку им е обезбедена егзистенцијата, сигурна плата
комплицирани, не сме членка на ЕУ и НАТО. Но проблемите нема да исчезнат сами по себе, дури ни со остварување на позитивни економски резултати. Потребни се конкретни реформи и постојаност во спроведување на истите.

„Не е целта стратегија, стратегијата треба да се реализира преку долгорочни програми, да се обезбедат соодветни пари, па да има некој резулат после пет години, но ние тоа не го правиме. Значи политиката ја надвладува економијата, поради тоа мислам дека многу тешко ќе се надминуваат тие состојби“, вели професор Марија Зарезанкова Потевска.
Не е целта стратегија, стратегијата треба да се реализира преку долгорочни програми, да се обезбедат соодветни пари, па да има некој резулат после пет години, но ние тоа не го правиме. Значи политиката ја надвладува економијата, поради тоа мислам дека многу тешко ќе се надминуваат тие состојби


И светот се соочува со истиот проблем

Но, промената на демографската структура на населението, нема само во Македонија, туку во целиот свет. Средната класа се „топи“ во САД, во Германија... Во Кина и Индија, пак, средниот слој станува се позначаен, додека пак во Британија, припадниците на средната класа се повеќе крадат за да си го зачуваат животниот стандард. Многу луѓе во САД по економската криза, себе си не се гледаат во средната класа. Во една статија во весникот Гардијан, објавена пред крајот на минатата година, се наведува дека американската средна класа беше градена на идеологија и на сон и дека сега сето тоа исчезнува.

Аналитичарите се соменваат и околу тоа дали тој стил на живеење некогаш ќе се врати. За да се врати претходната состојба, Соединетите Држави мора да најдат начин да создадат девет милиони работни места и повторно да го отвораат кредитниот систем за милиони луѓе кои сега се исклучени од него. И во Германија, анализите покажуваат дека е се поизразено раслојувањето на исклучително богати и крајно сиромашни, кое драстично се одразува и врз можноста за образование, вклучувајќи ги и децата на припадниците на средната класа, кои се почесто мора да се задоволат со државни училишта во кои квалитетот рапидно опаѓа.

Сосема
Во балканските земји има само бедни и богати, средна класа нема тука. Во Германија платите на средната класа се толку добри што со нив може убаво да се живее, да се има нормален живот, а тука луѓето тоа го
немаат.
спротивен тренд ги карактеризира Кина И Индија. Во Кина е забележан најбрз пораст на бројот на припадници на средната класа. Ако во 2004 година тој број изнесувал само 2,8 проценти, денеска е нешто повеќе од 14 проценти од населението. Кинеската влада во средната класа ги вбројува семејствата со годишни приходи меѓу 7.000 евра и 23.000 евра.
Но, сепак треба да се нагласи дека нашата средна класа никако не може да биде иста со оние во развиените земји. Затоа што матријалната положба на оваа категорија граѓани баш и не кореспондира со класичната претстава за комодитетот на живот кој средната класа го има во светот.

„Во балканските земји има само бедни и богати, средна класа нема тука. Во Германија, платите на средната класа се толку добри што со нив може убаво да се живее, да се има нормален живот, а тука луѓето тоа го немаат. Еве на пример гледам дека луѓето немаат пари ниту за огрев да си купат, во Германија и во цела Европа ако си средна класа имаш убава кола, стан, можеш да одиш на одмор, а тука таква класа немаш“, раскажува еден државјанин на Бугарија кој неколку години работи во Германија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG