Достапни линкови

Пари од Невладинот сектор


Здруженијата и НВО секторот од Дебар дебатираа за новата пререгистрација
Здруженијата и НВО секторот од Дебар дебатираа за новата пререгистрација

Здруженијата и фондациите се жалат дека пререгистрација што треба да ја извршат, согласно новиот закон, ги изложува на дополнителни нови трошоци.

Пререгистрацијата што треба да ја извршат здруженијата и фондациите според новиот Закон за Здруженија и Фондации во Република Македонија до 24 април, ги изложува невладините организации на нови трошоци, во состојба кога тие имаат проблеми со финансирањето. Ова покрај другото е нагласено на средбата што претставниците на
И здруженијата во Дебар како и во другите градови поставуваат исти прашања. Особено има прашања околу финансирањето, но се изнесуваат и погледи околу нефинансирањето на општината на активности на здруженијата.
здруженијата од општините Дебар и Центар Жупа ја имаа на дебатата за законот.

Новата регистрација на здруженијата и фондациите побудува голем интерес не само кај здруженијата во Дебар туку и кај здруженијата и фондациите во сите градови од нашава држава, вели Борис Шарковски од тимот на проектот за презентирање на Законот.

„Во дебатите кои се одржуваат најголемиот број прашања се однесуваат на пререгистрацијата и за новините што ги носи законот. Пред се одредбите околу активностите на здруженијата и фондациите, според кои тие можат да спроведуваат економски активности, но не да добиваат профит. Сепак во дебатите се наведуваат и финансиските проблеми“, вели Шарковски.

Според него, и дебарските здруженија ги имаат истите проблеми кога е во прашање примената на овој закон.

„И здруженијата во Дебар како и во другите градови поставуваат исти
Во Дебар се регистрирани околу 80 здруженија. Во периодот на нивна пререгистрација очекуваме еден дел да не се регистрира. Има финансиски проблеми но и проблемот за да се регистрираат здруженијата во централниот регистар во Охрид, со што тие се изложуваат на додатни финансиски
трошоци.
прашања. Особено има прашања околу финансирањето, но се изнесуваат и погледи околу нефинансирањето на општината на активности на здруженијата. Имено финансирањето на локалната власт на здруженијата имаше посебно место во дебатата“, нагласи Шарковски.

Шуип Марку од центарот за одржлив развој на заедницата во Дебар укажува на два клучни пробелема кои во моментов ги имаат здруженијата во Дебар и Центар Жупа. Тоа, според него, се финансиските проблеми, но и немањето на можност регистрацијата да се изврши во Дебар, туку тоа треба да се спроведе во други градови.

„Во Дебар се регистрирани околу 80 здруженија. Во периодот на нивна пререгистрација очекуваме еден дел да не се регистрира. Има финансиски проблеми, но и проблемот за да се регистрираат здруженијата во централниот регистар во Охрид, со што тие се изложуваат на додатни финансиски трошоци. Поради ваквите состојби, ние организиравме и средба за да се обучат здруженијата од прва да извршат регистрација“, вели Марку.

Според информациите кои ги добивме од повеќе здруженија во двете општини, 30-тина здруженија од вкупно 80, колку што се регистрирани, се очекува да престанат со своите активности. Според нив, тешко е да се обезбедуваат проекти од кои тие можат да функционираат.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG