Ваквата најава следуваше откако невладиниот сектор се пожали дека по повеќе-месечните обиди да се сретнат со градоначалникот за да му кажат дека кубурат со простор, средба се одржа дури деновиве.
„Првата и основна причина беше просторот, бидејќи невладините организации во Битола буквално кубурат со простор. Ретко некоја организација да се снајде да има свој простор. Тоа е основен предуслов за работење и спроведување на разни активности“, изјави Менде Трајковски од невладината организација „Виа Игнација“.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески, пак, вели дека организациите сакаат да добијат простор во касарната, што засега не може да се оствари.
„Сите што разбраа дека во делот на касарната се даваат објекти и простор се амбициозни и сите мислат дека за нив е просторот. Иако дел од објектите кои беа под Министерството за одбрана ги добивме како општина, тој процес се уште не е заокружен. Треба да се направи еден елаборат за намена, функција и потреба на сите објекти во касарната“, вели Талески.
Општината годишно издвојува 9 милиони денари од буџетот за подршка на невладините организации и спортските клубови во градот. Талески рече дека има дел невладини здруженија кои се занимаваат со се и сешто и влегуваат во работи за кои не се стручни, даваат паушални оценки за состојби без доволно информации. Со ова, прават хаос и нивните проекти нема да ги подржуваат. Финасиска подршка ќе добијат солидните проекти за кои на крај ќе треба да се даде отчет каде се потрошиле парите.
„Има одлични НВО кои солидно работат. Но, има и невладини организации кои го користат моментот и можностите што им се даваат во принцип на НВО секторот. Во својата програма и проекти што ги работат ќе треба да поднесуваат и отчет за сумите што им ги доделува општина Битола. Досега тоа не беше случај. Досега пуштаа писма за нивните потреби, желби, намери кои ги работат. Меѓутоа немаа обврска повратно да дадат одговор за тоа што се случило и дали го звршиле тој проект“, вели Талески.
Сите што разбраа дека во делот на касарната се даваат објекти и простор се амбициозни и сите мислат дека за нив е просторот. Иако дел од објектите кои беа под Министерството за одбрана ги добивме како општина, тој процес се уште не е заокружен.
„Првата и основна причина беше просторот, бидејќи невладините организации во Битола буквално кубурат со простор. Ретко некоја организација да се снајде да има свој простор. Тоа е основен предуслов за работење и спроведување на разни активности“, изјави Менде Трајковски од невладината организација „Виа Игнација“.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески, пак, вели дека организациите сакаат да добијат простор во касарната, што засега не може да се оствари.
„Сите што разбраа дека во делот на касарната се даваат објекти и простор се амбициозни и сите мислат дека за нив е просторот. Иако дел од објектите кои беа под Министерството за одбрана ги добивме како општина, тој процес се уште не е заокружен. Треба да се направи еден елаборат за намена, функција и потреба на сите објекти во касарната“, вели Талески.
Има одлични НВО кои солидно работат. Но, има и невладини организации кои го користат моментот и можностите што им се даваат во принцип на НВО секторот