Тие се уште се целосно зависни од надворешно финансирање, а недостатокот на пари им претставува сериозен проблем. Системот за распределба на државните пари за нивно финансирање треба да се подобрува, а процесот треба треба да биде целосно транспарентен. Ова се клучните проблеми во секоторот кои се забележани во новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес. Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка вели дека на невладините мора да им се обезбедат пари од буџетот, како што е предвидено во стратегијата на владата за соработка со овој сектор.
„Без оглед дали некои НВО ја напаѓаат работата на владата или ја поддржуваат, тоа треба да биде на транспарентен начин. Она што треба да е важно е исполнување на стратегијата.“
Дамјан Здравев од Плоштад Слобода вели дека константните дискредитации на невладините од страна на власта ја намалуваат довербата кај странските донатори и домашната јавност и затоа тие потешко доаѓаат до пари.
,,Немало до сега сериозни напори за да се формира силно граѓанско општество, мислам дека се додека НВО, воопшто граѓанскиот сектор е подложен на такви напади како во последните неколку години нема да дојдеме до ситуација каде што тие ќе можат слободно да работат.“
Кржаловски смета дека собранието треба да им овозможи поголемо учество во јавни дебати, пред да бидат напишани законите.
„Да се зголеми учеството во претходната фаза, во изготвувањето на стратегиите каде што може и придонесот да биде побитен и позначителен, а на веќе зацртани закони каде што интервенциите се потешки.“
Евроамбасадорот Ерван Фуере побара од власта да не се меша во работата на невладините. Тој апелираше власта во иднина да се воздржи од напади врз граѓанското општество затоа што тоа има витална улога во идниот развој на земјата на патот кон Е. Владата пред неколку дена ја обвини невладината Македонски центар за европското образование дека била финансирана од Фондацијата Институт Отворено општество за да ја критикува нејзината работа.