Грција ја прекрши Времената спогодба со тоа што спречи зачленување на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година, а Меѓународниот суд на правдата има надлежност да го утврди тоа. Ова се дел од поентите што ги изнесе македонскиот правен тим на почетокот на втората фаза од устната расправа пред Судот, по тужбата на Македонија против Грција. Македонскиот тим денеска одговора на грчките аргументи што беа изнесени на 24 и на 25 март.
Британскиот професор Филип Сендс вели дека излагањето на грчкиот тим била бајка базирана на трикови и митови.
„Длабоко копаат во историјата, се враќаат во 4 век п.н.е., а тоа нема никаква важност и поврзаност со овој случај“, вели Сендс.
Тој се спротивстави на грчките наводи за иредентизам, потсетувајќи на заклучокот на Бадентеровата комисија од 1992 година.
„Република Македонија се откажа од сите територијални побарувања од секој вид во недвосмислена изјава што е обврувачка во меѓународното право. Затоа, употребата на името Македонија не може да имплицира на територијални побарувања од друга држава“, потсетува Сендс на заклучоците на Бадентеровата комисија.
Сендс се противи на грчките тврдења дека Македонија е обврзана да ја користи провремената референца во билатералната комуникација со други земји.
„Тие се согласија дека може да го користиме нашето уставно име во билатералната комуникација со нив, според Меморандумот од 1995, за кој молчеа, но велат дека не може да го користиме нашето уставно име во комуникацијата со нив, ако таабилатерална комуникација се одвива во ОН. Тоа е апсурдна позиција“, нагласува Сендс.
Американскиот професор Шон Марфи, кој е дел од македонскиот правентим, вели дека Грција навистина формално не ставила вето во Букурешт, но оти противењето на Грција спречило да се постигне консензус меѓу членките на НАТО за Македонија да добие покана.
„Членот 11 алинеја 1(од Времената спогодба) се однесува на тоа дали тужителот се противел. За овој случај не е важно дали тоа противење дошло во форма на вето, ниту пак дали тој термин бил користен формално или неформално,“ вели професор Марфи.
Устната расправа по македонската тужба ќе биде заокружена на 30 март со завршниот збор на грчката страна.
Судот ќе одлучува по жалбата по завршувањето на устното соочување, а пресудата се очекува да биде донесена најдоцна наесен. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот.
Судскиот процес во Хаг е тема и во нашата рубрика Хајд Парк. Каква одлука очекувате од судскиот процес во Хашкиот суд на правдата на тужбата на Македонија против Грција? Пoгледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Длабоко копаат во историјата, се враќаат во 4 век п.н.е., а тоа нема никаква важност и поврзаност со овој случај.
Британскиот професор Филип Сендс вели дека излагањето на грчкиот тим била бајка базирана на трикови и митови.
„Длабоко копаат во историјата, се враќаат во 4 век п.н.е., а тоа нема никаква важност и поврзаност со овој случај“, вели Сендс.
Тој се спротивстави на грчките наводи за иредентизам, потсетувајќи на заклучокот на Бадентеровата комисија од 1992 година.
„Република Македонија се откажа од сите територијални побарувања од секој вид во недвосмислена изјава што е обврувачка во меѓународното право. Затоа, употребата на името Македонија не може да имплицира на територијални побарувања од друга држава“, потсетува Сендс на заклучоците на Бадентеровата комисија.
Сендс се противи на грчките тврдења дека Македонија е обврзана да ја користи провремената референца во билатералната комуникација со други земји.
„Тие се согласија дека може да го користиме нашето уставно име во билатералната комуникација со нив, според Меморандумот од 1995, за кој молчеа, но велат дека не може да го користиме нашето уставно име во комуникацијата со нив, ако таабилатерална комуникација се одвива во ОН. Тоа е апсурдна позиција“, нагласува Сендс.
Американскиот професор Шон Марфи, кој е дел од македонскиот правен
Тие се согласија дека може да го користиме нашето уставно име во билатералната комуникација со нив, според Меморандумот од 1995, за кој молчеа, но велат дека не може да го користиме нашето уставно име во комуникацијата со нив, ако таа билатерална комуникација се одвива во ОН. Тоа е апсурдна позиција.