Достапни линкови

Во Хаг расправа, во Брисел средба


Денеска нова средба на Груевски и Папандреу во Брисел
Денеска нова средба на Груевски и Папандреу во Брисел

Додека во Судот на правдата во Хаг трае јавната расправа, во Брисел денеска ќе се сретнат премиерите на Македонија и на Грција, Груевски и Папандреу.

Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел ќе оствари девета по ред средба со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу на која најверојатно ќе се разговара околу позициите за спорот со името. Засега нема дополнителни информации за што конкретно ќе стане збор на средбата.

Во меѓувреме, грчката страна пред Хашкиот суд на правдата ќе започне да ги презентира контрааргументите за тужбата на Македонија за прекршување на Времената спогодба потпишана во 1995 година. По дводневната јавна
Мислам дека одлуката на Хашкиот суд ќе биде ’ниту риба, ниту девојка‘. Таа ќе биде еден правен компромис, имено според мое мислење значи двете страни практично ќе бидат прогласени за прекршување на Спогодбата.
расправа на македонската страна во јавноста се создава слика дека презентираните аргументи биле цврсти и сериозни и фактите се во наша полза.

Професор Мерсел Биљали вели дека процесот ќе заврши без победник.

„Мислам дека одлуката на Хашкиот суд ќе биде ’ниту риба, ниту девојка‘. Таа ќе биде еден правен компромис, имено според мое мислење значи двете страни практично ќе бидат прогласени за прекршување на Спогодбата.“

Според Биљали Македонија ќе биде виновна поради антиквизацијата на земјата, а Грција за прекршување на членот 11 од Времената спогодба.

Во судот во Хаг продолжува јавната расправа

„Практично мислам дека двете страни ќе изгубат. Причина што загубиле драгоцено време особено Македонија и на крај пораката од таму ќе биде дека проблемот треба политички се решава.“

За разлика од медиумите и јавноста, граѓаните на одлуката на Хашкиот
Сигурно ќе биде политички. Па што било до сега праведно кај нив. Се што прават, прават политички.
суд гледат поприземјено и пореално. Оние кои ги анкетиравме во рубриката Хајд Парк на нашата веб страна не очекуваат дека Македонија ќе добие правда, бидејќи политиката ќе замеша прсти во одлуката на Судот, но има и такви кои веруваат во нашата победа.

„Сигурно ќе биде политички. Па што било до сега праведно кај нив. Се што прават, прават политички.“

„Политика ќе има, а нема да има правда.“

„Ќе изгубиме, немаме никаков доказ.“

Грчката страна пред судот најверојатно ќе се брани со тоа што НАТО
Политика ќе има, а нема да има
правда.
алијансата на самитот во Букурешт донела едногласна одлука и дека Македонија ги нарушила добрососедските односи со антиквизацијата на земјата.

Македонија на 28 март ќе има можност устно да одговори на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе заврши на 30 март со завршниот збор на грчката страна.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG