Меѓународниот суд на правдата да се прогласи за ненадлежен за тужбата на Македонија против Грција за прекршување на Времената спогодба со ветото за прием на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. Ова го побара правната советничка во грчкото МНР Марија Телалиан на почетокот на денешната јавна расправа на која грчката страна ги изнесе контра-аргументите по тужбата на Македонија.
„Судот нема надлежност во овој случај затоа што НАТО не е застапено во овој случај. Дури и ако Судот одлучи дека е надлежен, одлуката по овој случај не би можела делотворно да се примени затоа што тоа би резултиралосо измена на акт што го донела, не Грција, туку самото НАТО“, вели Марија Телалиан од грчкото МНР.
Грчкиот амбасадор во Холандија Јоргос Саваидиси нагласи дека одлуката за непоканување на Македонија во НАТО не е одлука на Грција, туку дека е одраз на колективната волја на сите земји-членки на Алијансата. Еден од критериумите за влез во НАТО е решението на етничките или територијални спорови, вкучително иредентистичките наводи, и да се одржуваат добри односи со соседите. Со нерешавањето на спорот за името не се исполнува овој услов, наведува Саваидиси.
„НАТО не спроведува ист процес за прием за секоја земја кандидат, туку носи поединечни одлуки за секоја одделна земја-кандидат“, вели Саваидиси.
Грчкиот тим полемизираше со тврдењето на македонскиот тим дека Грција не смее да се противи на приемот на Македонија во меѓународни организации, ако се употребува привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“.
„Фактот што поранешната југословенска Република Македонија поднела барање за членство под своето оспорено име, заедно со постојаната употреба на ова оспорено име во сите меѓународни организации во кои е членка, наспроти своите обврски да не го употребува, и дава право на Грција да приговори според членот 11(од Времената спогодба)“, аргументира Марија Телалиан од грчкото МНР.
Таа вели дека Македонија ја крши времената спогодба со тоа што ги користи симболите што се дел од „грчкото“ културно наследство, па „одржа едно предавање по историја“. Во 20 век тужителот пројавуваше територијални аспирации за грчка Македонија и тоа не загрижува, вели таа.
„Грција беше прва што го употреби терминот Македонија и тоа го прави од 1914 година за да означи административна област што ги опфаќа овие територии. Ниту Србија, односно Кралството Југославија не го направи тоа. Територијата на сегашната поранешна југословенска Република Македонија не го носеше името Македонија пред Втората светска војна. Во 1946 година српскиот дел од географска Македонија беше наречен Народна република Македонија, како составен дел од југословенската федерација предводена од Тито“, вели Телалиан.
Таа вели дека Југославија сакала да анектира делови од грчка Македонија и затоа ја подржувале поразената страна во грчката граѓанска војна.
Излагањето на Грција продолжува и утре. Македонија на 28 март ќе има можност устно да одговори на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе заврши на 30 март со завршниот збор на грчката страна.
„Судот нема надлежност во овој случај затоа што НАТО не е застапено во овој случај. Дури и ако Судот одлучи дека е надлежен, одлуката по овој случај не би можела делотворно да се примени затоа што тоа би резултирало
Дури и ако Судот одлучи дека е надлежен, одлуката по овој случај не би можела делотворно да се примени затоа што тоа би резултирало со измена на акт што го донела, не Грција, туку самото НАТО.
Грчкиот амбасадор во Холандија Јоргос Саваидиси нагласи дека одлуката за непоканување на Македонија во НАТО не е одлука на Грција, туку дека е одраз на колективната волја на сите земји-членки на Алијансата. Еден од критериумите за влез во НАТО е решението на етничките или територијални спорови, вкучително иредентистичките наводи, и да се одржуваат добри односи со соседите. Со нерешавањето на спорот за името не се исполнува овој услов, наведува Саваидиси.
„НАТО не спроведува ист процес за прием за секоја земја кандидат, туку носи поединечни одлуки за секоја одделна земја-кандидат“, вели Саваидиси.
Грчкиот тим полемизираше со тврдењето на македонскиот тим дека Грција не смее да се противи на приемот на Македонија во меѓународни организации, ако се употребува привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“.
„Фактот што поранешната југословенска Република Македонија поднела барање за членство под своето оспорено име, заедно со постојаната употреба на ова оспорено име во сите меѓународни организации во кои е членка, наспроти своите обврски да не го употребува, и дава право на Грција да приговори според членот 11(од Времената спогодба)“, аргументира Марија Телалиан од грчкото МНР.
Грција беше прва што го употреби терминот Македонија и тоа го прави од 1914 година за да означи административна област што ги опфаќа овие територии. Ниту Србија, односно Кралството Југославија не го направи тоа. Територијата на сегашната поранешна југословенска Република Македонија не го носеше името Македонија пред Втората светска
војна.