Достапни линкови

Израел и Хезболах се приближуваат до конфликт кој не го сакаат


Чад и оган од либанската страна на границата со Израел, 25 август 2024 година.
Чад и оган од либанската страна на границата со Израел, 25 август 2024 година.

Додека Израел и Либан се чини дека не сакаат сеопфатна војна, тие продолжуваат да ризикуваат да ја наметнат својата волја врз другата страна. И фактот дека Хезбалах го погоди Израел без да го чека Иран, навестува проблеми во односите на либанската група со Техеран.

Израел и неговиот либански непријател, милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, инсистираат на тоа дека не сакаат конфликт од целосен обем, но продолжуваат да преземаат чекори во тој правец

На Хезболах, кого Соединетите Американски Држави (САД) го означија како терористичка организација, ѝ требаше речиси еден месец за да го реализира ветениот напад против Израел за убиството на Фуад Шукр, висок командант на Хезболах.

Израел пресретнува ракети на Хезболах и го бомбардира јужен Либан
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:51 0:00


Но, Израел го предвиде нападот и на 25 август изведе, како што соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) - превентивни напади врз ракетните фрлачи на Хезболах, очигледно намалувајќи го обемот на офанзивата на групата поддржана од Иран.

Раз Зимт, истражувач во Институтот за национална безбедност во Тел Авив, рече дека иако ниту една страна не сака сеопфатна војна, и двете страни се решени да ја наметнат својата воља врз другата страна.

„Така што, тие продолжуваат да ризикуваат напаѓајќи се едни со други, но грешките и погрешните проценки можат да предизвикаат конфликт што сакаат да го избегнат“, предупреди Зимт.

„Со овој тековен, таканаречен ограничен конфликт меѓу Израел и Хезболах е многу тешко да се управува“, додаде тој.

ИДФ соопшти дека околу 100 борбени авиони учествувале во превентивната операција, додека Хезболах тврди дека лансирал повеќе од 300 ракети и беспилотни летала кон Израел. Ако бројките се точни, тоа би била најголемата размена на оган меѓу Израел и Хезболах од војната во 2006 година која заврши во ќорсокак.

Без превентивните напади на Израел, размерите на нападот на Хезболах ќе беа разорни, рече Зимт, додавајќи дека тоа ќе предизвика „остар“ одговор од Израел.

И покрај силната размена на оган, се чини дека нападите не влијаеле - барем на површината - на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелските заложници од страна на палестинската милитантна група Хамас, прогласена од САД и од Европската Унија за терористичка организација.

Зимт рече дека иако „не е оптимист“ за изгледите за прекин на огнот, таков договор може да помогне во деескалација на тензиите, иако тоа, рече тој, е само шпекулација.

Хезболах оди соло?

На Блискиот Исток со недели владее тензија во очекување на напад врз Израел, не само од Хезболах, туку и од Иран.

Иран вети дека ќе му одговори на Израел откако во бомбашки напад во центарот на Техеран беше убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије.

Израел не го коментираше нападот.


Ханије беше убиен неколку часа откако Шукр, кој се смета за втора најмоќна фигура во Хезболах, беше убиен во израелски воздушен напад во Бејрут.

Многумина проценија дека иранскиот напад врз Израел ќе дојде заедно со нападите на Хезболах.

Сепак, либанската група, која е повеќе партнер на Иран отколку негов полномошник, се чини дека се измори од чекање и сама го почна нападот.

„Многу е важно да се напомене дека Хезболах не ги чекаше Иранците“, рече Зимт, истакнувајќи дека една од причините зошто Хезболах чекаше толку долго за да почне контранапад е тоа што се надеваше дека ќе го нападне Израел заедно со Иран.

Сепак, либанската група веројатно заклучила дека нема да има директен напад од Иран, барем засега.

„Тоа би можело да има одредено влијание - можеби не веднаш - врз односите на Хезболах со Иран“, рече Зимт.

XS
SM
MD
LG