Иако претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски пред десетина дена изјави дека намалениот увоз на струја може да ги намали сметките за домаќинствата, нова неизвесност околу цената на струјата деновиве предизвика техничката Влада. Таа на затворена седница донесе одлука државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) да му продава за 15 проценти помала количина на струја на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, но за 5 проценти поскапо.
Во првите шест месеци од годината ЕСМ му ја продаваше струјата на ЕВН за 57 евра за мегават час, а сега со одлуката на владата цената е зголемена на 60 евра за мегават час, а намалена е количнита за 15 отсто. Овие бројќи ќе ги разгледува Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ) не седницата која се очекува следната недела и на која ќе треба да ја одреди крајната цена на струја што ќе ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи.
Бислимовски вели дека е изненаден од зголемувањето на цената од 57 на 60 евра за мегават час, но посочи дека повеќе е загрижувачки тоа што Владата одлучила ЕСМ да му продава на ЕВН Хоум помала количина на струја за 15 отсто.
„Оваа цена од 60 евра за мегават час на некој начин можеме да ја изменаџираме, но мене ме загрижуваат 15-те проценти коишто треба да се набавуваат на слободниот пазар и тоа има сериозно влијание“, рече Бислимоски.
Поскапувањето на ЕСМ тешко ќе се комензира
И покрај тоа што Бислимивоски вели дека како регулатори нема да дозволат ценовни шокови којшто ќе влијаат врз животниот стандард на граѓаните, според енергетски експерти покачувањето на цената од страна на ЕСМ ќе мора да се одрази и да влијае врз крајната цена на струјата за домаќинствата.
Универзитетскиот професор Атанаско Тунески вели дека ако ЕСМ ја продава поскапо струјата на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум тоа ќе биде тешко да се компензира.
„За очекување е дека тие 5 отсто мора некаде да се појават или ќе мора да се компензираат со поевтин увоз. Но, ова се сериозни количини и тие 5 отсто тешко ќе биде да се компензираат со увоз“, вели Тунески.
Бислимоски пред десетина дена во интервју за Радио Слободна Европа рече дека инвестицискиот бум во соларна енергија помогнал државата да го намали увозот на струја од 30 на помалку од 3 отсто и дека со тоа може да се очеува да има проширување на евтината тарифа и со тоа да има намалување на цената на струјата за домаќинствата.
Од 1 јануари оваа година беше воведена евтината тарифа преку ден, односно од 13 до 15 часот, но и покрај тоа имаше поплаки од граѓани кои велеа дека трошат исто, но плаќаат повеќе.
Бислимовски сега најавува проширување на евтината тарифа за еден час повеќе, но какви ќе бидат сметките за јули ќе биде познато по седницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси, откако прво на 20 јуни треба да заврши тендерот објавен ЕВН Хоум за набавка на електрична енергија, по кој ќе се одреди по која цена и колкава количина на струја ќе набави универзалниот снабдувач.
Кризата се стабилизира, а цената расте
ЕВН на тендерот ќе ја одбере понудата со најниска цена, што досега беше на ЕСМ. Но, сега цената на ЕСМ ќе биде повисока за 5 отсто, а дополнително влијание ќе има и тоа што ЕВН 15 отсто од потребната количина ќе треба да ја набави на слободниот пазар по берзанаска цена.
Пред да се донесе законот за либерализација на пазарот на струја, ЕВН дистрибуција целата количина на струја ја купуваше од државата, но со донесувањето на законот беше предвидено државата да ја намалува количината, а унверзалниот снабдувач делумно да купува на слободниот пазар.
Но, откако започна енергетската криза во 2022 година, Владата носеше одлуки државата 100 проценти да ја продава струјата на ЕВН, за цената да биде најевтина, но и субвенционирана.
Затоа е иненадувачки тоа што техничката Влада која е во заминување доневиве на затворена седница донесе одлука да му продава помала количина на струја на ЕВН за повисока цена, особено во период кога се очекува стабилизација после енергетска криза.
Бисломовски вели дека имало и потешки периоди, но дека сега нема да дозволат да има сериозна промена на цената на струјата.
„Правиме напори и анализи да бидеме прва земја во Европа која што ќе име три часа евтина тарифа во текот на денот. За анализите во текот на наредниот период ќе ја информираме јавноста“, вели Бислимоски.
Порано утврдувањето на цената на струјата се правеше еднаш годишно на крајот на годината. Но, сега цената ќе биде донесена на крајот на јуни, бидејќи ЕВН во декември 2023 година набави струја само за првите шест месеци од годината, а сега треба да ја набави останатата количина за до крајот на годината, Потоа се очекува цената на струјата РКЕ повторно да ја одредува еднаш годишно.