Бислимовски: Струјата на слободниот пазар е поевтина за домаќинствата во четвртиот блок
На домаќинствата кои длабоко навлегуваат во четвртиот блок, веќе им е поисплатливо да си купат електрична енергија на слободниот пазар. Тој тренд веќе почнува кај одреден број на домаќинства, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во неделното интервју на РСЕ.