Достапни линкови

Има заинтересирани за изградба на гасоводот до Грција, се бара и инвеститор за две гасни централи


Бектеши: Дуи има најподготвени кадри за раководни функции
please wait

No media source currently available

0:00 0:16:28 0:00

Бектеши: Дуи има најподготвени кадри за раководни функции

Има многу заинтересирани фирми за изградба на интерконекторот за гас кој ќе не поврзе со Грција тврди министерот за економија Крешник Бектеши во неделното интервју за РСЕ. Ова значи дека земјава нема да зависи само од рускиот гас, а моментално се бара инвеститор за две гасно водородни централи.

Владата донесе одлука за да се бара „стратешки инвеститор“ за изградба две гасно водородни централи? Каков ќе биде овој модел?

Државата ќе биде вклучена во изградбата или централите ќе ги гради инвеститорот кој би добил и дел од државните ресурси?
Имајќи пред вид дека сме при крај од изградбата на новиот интерконктор заедно со Република Грција кој треба да го зголеми капацитетот во државава во делот на снабдување со природен гас, но и со можност во иднина да можеме да пренесеме и водород почнавме и постапка за изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија.

Но, не само ова туку и за топлинска енергија особено во Битола, а се предвидува дополнително да се користи модел јавно приватно партнерство и во Осломеј каде би можело да се развие и топловодна мрежа за Кичево како што го имаме тоа во Скопје. Во делот за Неготино таму се планира таа да се конвертира во гасна и водородна централа и ние како министерство веќе донесовме одлука за да доставиме писмо за интерес на нашите соседни држави, бидејќи предвидуваме да имаме голем капацитет со над 600 МВ часови каде би се вклучиле нашите соседи особено од Западен Балкан. Имавме пред вид дека на тој начин нашиот енергетски систем би го направиле регионален и на тој начин би се споиле и пазарите за да имаме пофункционална берза и да имаме сигурност во делот и на снабдувањето со струја.

Тоа значи дека ќе биде на веќе постоечките постројќи, на пример на Блок 1 во РЕК Битола оној кој е неупотреблив или ќе се градат нови централи?

Во делот на Рек Битола и Рек Осломеј во постоечките локации ќе биде, додека во Неготино ќе имаме целосно нова централа и за тоа ќе бараме да се вклучат и нашите соседи. Ако не тогаш ќе биде со помал капацитет согласно потребите на нашаата држава и воедно ќе биде инвстиција од страна на ЕСМ преку модел на јавно приватно партнерство каде би се вклучиле и приватни партнери кои имаат искуство и технологија за да може да се конвертира во водородна централа.

Каков ќе биде огласот?

Во делот на огласот се уште не е дефинирано какви критериуми и спецификации ќе има. ЕСМ ќе биде сигурно вклучено како АД во сопственост на државата, а во делот на процентите согласно студиите и анализите и што ќе покажат ќе донесеме одлука. Јавни повици пред да има јавна расправа нема да бидат објавени. Значи ќе има јавна расправа со сите стручњаци во државата од секторот енергетика.

Кои се превидените рокови, особено бидејќи се работи гасно водородни централи, значи ли тоа дека гас ќе стигне до Неготино и Битола?

До 1 февруари е рокот за пријава на заинтересираноте страни за изградба на интерконекторот со република Грција. До сега има многу компании кои се заинтересирани и меѓународни и домашни и јас сум убеден дека тоа ќе биде успешен процес со кој би отпочнала изградбата околу март и е предвидено во рок не повеќе од 18 месеци ние да имаме целосно нова гасоводна мрежа. Тоа како држава ќе ни ја зголеми сигурноста во снабдувањето и нема да сме зависни само од Русија и Бугарија. Иако имаше барање од бугарската страна да не се почне со изградба а со цел да сме зависини, нема шанса да не се почне со изградбата. Со овој капацитет секако дека ние ќе можеме како држава да сме целосно независни.

Има ли Владата пресметка колку би чинела изградбата на овие две централи, рековте дека би можела и сама да ги гради?

Не се знае точната сума, но дека можеме и имаме капацитет да ги градиме во Кичево и во Битола во тоа сме сигурни. Тоа го кажуваат и експертите кои работат во ЕСМ. За целосната нова во Неготино првично ќе мора да бараме да се вклучат и нашите соседи ако сакаат да користат одреден капацитет од нив.

Целото интервју со министерот за економија Крешник Бектеши може да го погледнете во видеото.

  • 16x9 Image

    Билјана Николовска

    Билјана Николовска како новинар започнува да работи во локална радио станица, а кариерата ја продолжува во националната ТВ Телма од 2006 – 2023 год. Добитник е на награда за најдобар дописнички прилог, и на повеќе награди за истражувачки стории доделени од домашни новинарски организации како и од Европската Унија. Автор е на документарен филм  и серија стории кои откриваат корупција, организиран криминал и нарушување на човековите права. Како истражувачки новинар за Радио Слободна Европа започна да работи во мај 2023 година.

XS
SM
MD
LG