Достапни линкови

Вести

Црна Гора ќе им исплати по 300 евра на луѓето чии имиња беа објавени дека се во самоизолација

Граѓани во Подгорица со заштитни маски
Граѓани во Подгорица со заштитни маски

Црногорската влада синоќа се согласи да склучи спогодба со граѓаните кои беа во самоизолација поради ковид-19, а чии имиња беа објавени во јавноста и да им исплати по 300 евра. За таа цел државата ќе треба да одвои 816.000 евра.

Според владиното соопштение објавено доцна синоќа, задолжен е заштитник на имотно-правните интереси на Црна Гора да склучи спогодба со 2.720 лица во износ од по 300 евра за надомест на нематеријална штета поради повреда на лична права со објавување лични податоци.

Стотици граѓани ја тужеа државата Црна Гора затоа што претходната влада од март до мај минатата година ги објави имињата и адресите на граѓаните на кои им беше наредено да се изолираат на почетокот на пандемијата.

Списокот подоцна беше искористен од приватни лица за да се создаде апликација за мобилен телефон што им овозможува на корисниците да ги лоцираат луѓето во самоизолација

види ги сите денешни вести

Во напад со руски дронови повредени две лица во Киев, пет во Суми

Украинските спасувачи на местото погодено со руски дрон во Киев, 2 ноември.
Украинските спасувачи на местото погодено со руски дрон во Киев, 2 ноември.

Две лица се повредени во текот на изминатата ноќ во Киев кога остатоци од руски дрон паднале врз станбена зграда од 16 ката и бил предизвикан пожар, соопштија украинските власти на 2 ноември.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека на една од жртвите и е потребна хоспитализација.

Пожарот што настанал бил изгаснат од службите за итни случаи.

Во североисточниот град Суми, пак, уште пет лица биле повредени, од кои едно потешко,откако руски дрон удрил во деветокатница во доцните вечерни часови на 1 ноември, објавија тамошните обвинители.

Украинските власти ја обвинуваат Русија дека во текот на нејзината инвазија започната пред две и пол години, постојано рутински напаѓа цивилни мети на украинска територија, обвинувања што Москва ги отфрла како невистинити.

Две убиства изминатиот ден во Северна Македонија

Илустрација.
Илустрација.

Во текот на вчерашниот ден, 1 ноември, во два одделни случаи – во Арачиново и Штип, убиени се две лица.

Во скопско Арачиново, вчера во попладневните часови во вооружен инцидент биле ранети две лица на 50 и 19-годишна возраст. Тие биле пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но 50-годишникот починал и покрај обидите на медицинските тимови за реанимација.

„На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од Арачиново. Според пријавеното, во нив во селото Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило ауди“, информираа од МВР.

Во Штип, пак, убиена е 29-годишна жена, а според првичните информации осомничен е нејзиниот 25-годишен партнер.

Според првичните информации од полицијата, синоќа околу 20:15 часот во полициската станица дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. Тој кажал дека телото се наоѓа во објект во Штип, кое подоцна било пронајдено од полицијата.

„Дежурен јавен обвинител од Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена. Едно лице е задржано во полициска станица. При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите“, соопштија од Јавното обвинителство.

Телото на убиената жена е дадено на обдукција.

На територијата на Северна Македонија во 2023 година имало 23 убиства. Во 2024, според инфорамциите кои во четвртокот (31 октомври) ги соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, до крајот на минатиот месец се регистрирани 16 убиства.

Зеленски ги критикува партнерите за слаб одговор на севернокорејските трупи во Русија

Володимир Зеленски, претседател на Украина (фотоархива).
Володимир Зеленски, претседател на Украина (фотоархива).

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 1 ноември ги критикуваше партнерите на Киев за недостаток на акција како одговор на руското распоредување севернокорејски трупи, пренесува украинскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Украина знае каде Русија на нејзина територија собира војници од Северна Кореја, а превентивен напад би бил можен доколку Киев не биде ограничен, рече Зеленски.

Соединетите Американски Држави (САД) на 31 октомври соопштија дека имаат информации оти околу 8.000 севернокорејски војници се наоѓаат во руската област Курск, во близина на границата со Украина, и Русија „има намера целосно“ да ги распореди во борбата против украинските војници.

Зеленски на Телеграм се пожали дека САД и другите сојузници „само гледаат“ наместо да и дозволат на Украина да користи оружје со долг дострел, доставено од САД, за да може гаѓа воени цели во Русија.

„Сите само чекаат севернокорејската армија да почне да ги напаѓа Украинците“, рече тој.

Тој додаде дека сите земји кои сакаат војната да не се прошири во другите региони во светот „треба да дејствуваат“.

Зеленски со месеци ги повикува сојузниците на Украина да им дозволат на нејзините сили да користат напредно западно оружје за цели подлабоко на руска територија. Тој го повтори апелот по рускиот напад на Харкив на 31 октомври, во кој загинаа три лица, а најмалку 36 беа ранети.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во септември изјави дека употребата на донираното американско оружје за долгосежни напади против Русија нема да го сврти бранот на војната во корист на Украина.

САД и нивните сојузници претходно ја отфрлија можноста оружјето што и го донираа на Украина да се користи за таргетирање цели подлабоко на руска територија поради загриженоста дека тоа би можело да доведе до руска одмазда со нуклеарно оружје.

Остин и американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараа со нивните јужнокорејски колеги на 31 октомври во Вашингтон за распоредувањето и тестирањето на интерконтиненталната балистичка ракета (ICBM), потег што Пјонгјанг го направи рано на 31 октомври.

„Силно апелираме (Северна Кореја) веднаш да ја прекине серијата провокативни и дестабилизирачки дејствија кои ги загрозуваат мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и пошироко“, се вели во заедничката изјава, во која не се споменува Украина.

Пентагон претходно изрази загриженост за вмешаноста на севернокорејските трупи во војната и изјави дека тие ќе станат „легитимни воени цели“ доколку бидат распоредени на бојното поле.

Германија ја повика Србија да ги разгледа нацрт-законите за Косово

Зградата на германскиот парламент, илустративна фотографија
Зградата на германскиот парламент, илустративна фотографија

Министерството за надворешни работи на Германија ја повика Србија да ги разгледа новоусвоените нацрт-закони за судска јурисдикција на Косово и да го прогласи Косово за „посебна зона на социјална заштита“.

Со објавa на мрежата Х, Германија се приклучи на ставот на САД и Европската унија (ЕУ) дека Владата на Србија ги прекршила обврските од бриселскиот дијалог со усвојувањето на овие предлог-закони, кои се очекува да се изгласаат во Собранието.

„Ги повикуваме Србија и Косово да го спроведат Охридскиот договор без одлoжување, вклучително и Заедницата на општини со српско мнозинство“, објави германското министерство денеска (1 ноември).

Владата на Србија на почетокот на неделата соопшти дека го усвоила Предлог-законот за, како што ја нарече, организацијата и надлежноста на српските правосудни органи во гонењето на кривични дела извршени на територијата на Косово, како и вториот Предлог-закон за прогласување на Косово за „област на специјална социјална заштита“.

Во текот на неделата овие закони беа критикувани од САД и ЕУ, кои едногласно рекоа дека со нив очигледно се прекршуваат обврските на Србија од бриселскиот дијалог со Косово за нормализација на односите.

Вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, ја обвини Србија дека со овие предлог закони ги прекршува договорите и го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.

Но, шефот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, ги правдаше предлог-законите велејќи дека тие доаѓаат како одговор на, како што рече, „угнетувањето на српскиот народ од режимот во Приштина и недостатокот на видливи акции на мисијата на ЕУ во Косово, ЕУЛЕКС“.

Косово и Србија постигнаа договор за правосудството во 2015 и 2017 година и се договорија за негово спроведување и интеграција на косовските Срби во судските институции на Косово.

Сепак, стотици припадници на српската заедница на северот поднесоа оставки од косовските институции, вклучително општините, полицијата, судовите и обвинителството, во ноември 2022 година, како знак на незадоволство од некои одлуки на Владата на Косово.

Во текот на оваа година, владата на Косово презеде неколку чекори - како што се отстранување на српскиот динар од употреба и затворање на српските паралелни структури - во обид да ги прошири своите овластувања на север што е можно повеќе.

Ова го натера официјален Белград во септември да објави дека ќе формира специјално обвинителство за територијата на Косово, како мерка за заштита на „виталните национални интереси на српскиот народ“ на Косово.

Во меѓувреме, српскиот претседател, Александар Вучиќ, претходно оваа недела претстави некои мерки за Косово, велејќи дека специјалното обвинителство и специјалните судски панели „ќе го гонат секој што учествува во прогонот на српското население“ на Косово.

Нацрт-законот што го подготви Владата на Србија предвидува судење за сите кривични дела предвидени во Кривичниот законик на оваа земја, а кои беа сторени по прогласувањето на независноста на Косово во февруари 2008 година.

Корупцијата најголем проблем, поделеност за уставните измени, покажуваат анкетите

Илустрација - Граѓани во центарот на Скопје
Илустрација - Граѓани во центарот на Скопје

Криминалот и корупцијата се најголеми проблеми со кои се соочува Северна Македонија и Владата мора итно да ги реши. Ваков е ставот на 37, 5 отсто од испитаниците во последната телефонска анкета на ИПСОС, спроведена од 9 до 13 октомври на 1200 испитаници.

За 19,7 отсто од анкетираните, економијата и животниот стандард се најголем проблем, а потоа се невработеноста, високите цени, квалитетот во образованието, здравството...

На прашањето во каква насока се движи земјата, 25 отсто одговориле дека оди во позитивна насока, 24,9 донекаде позитивна, 12,5 донекаде негативна, негативна 24,3 отсто, а со не знам или немам одговор биле 13,2 отсто од испитаните граѓани.

Во текот на октомври и владејачката ВМРО-ДПМНЕ спровела партиска теренска анкета меѓу 1005 испитаници.

На прашањето дали мислите дека треба да се изврши промена на Уставот и да се почнат преговорите со ЕУ доколку промената на Уставот има одложено дејство, 52 отсто одговориле со да, а 42 отсто се против промена на Уставот и со ваков услов.

Повеќе од половината од испитаниците одговориле дека не го поддржуваат францускиот договор, додека 28 отсто дека го поддржуваат.

Бројот на загинати во несреќата во Нови Сад се искачи на 13

Фотографија од спасувачките екипи кои ги пребаруваат урнатините по падот на настрешницата на новосадската железничка станица
Фотографија од спасувачките екипи кои ги пребаруваат урнатините по падот на настрешницата на новосадската железничка станица

Бројот на загинати во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, Србија, се искачи на 13. Има и повеќемина повредени, од кои дел се пренесени и во Ургентниот центар.

Железничката станица беше реконструирана и отворена во јули годинава, но, според „Жаленица на Србија - Инфраструктура“, настрешницата „не била предмет на реконструкција“.

Спасувачки екипи со тешка механизација веднаш излегоа на терен и успеаја да спасат повеќемина од под урнатините, а за причините на несреќата, според министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, се уште е рано да се зборува.

Несреќа на железничката станица во Нови Сад
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:05 0:00

Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека мора да се најдат одговорните.

„Ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад. Ќе инсистираме да се најдат одговорните и да одговараат оние кои мораа да се грижат за состојбата на конструкцијата и состојбата на зградата“, изјави Вучевиќ.

На територијата на Нови Сад е прогласена тридневна жалост, која ќе почне утре (2 ноември), a утрешниот ден ќе биде ден на жалост во цела Србија.

Грузискиот суд го продолжи притворот на азербејџанскиот новинар Садиков

Афкан Садиков со лисици, фотографија од 2018 година
Афкан Садиков со лисици, фотографија од 2018 година

Градскиот суд во Тбилиси, Грузија, го продолжи притворот на азербејџанскиот новинар Афкан Садиков, критичар на претседателот на земјата, Илхам Алиев, за уште три месеци.

Судијата Арсен Калатозишвили ја објави одлуката денеска (1 ноември) и покрај барањето на Садиков да биде пуштен со кауција или под надзор, што беше одбиено.

Садиков, кој штрајкува со глад веќе 42 дена, во судот се појави во количка поради здравствени проблеми.

„Никогаш не сум сторил кривично дело, само го критикував Алиев и ги разоткрив неговите злодела“, рече Садиков на рочиштето.

Тој беше приведен на 3 август додека се обидуваше да ја напушти Грузија, каде што бараше азил од декември 2023 година.

Садиков и неговите поддржувачи тврдат дека обвиненијата се политички мотивирани.

Неговата сопруга Севинч и организациите за човекови права стравуваат за неговата безбедност доколку биде екстрадиран во Азербејџан, каде што неколку пати беше апсен поради неговата новинарска работа.

Вонредни контроли во домовите за стари лица, 14 не биле регистрирани во АХВ

Агенција за храна и ветеринарство, АХВ
Агенција за храна и ветеринарство, АХВ

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спровеле вонредни инспекциски надзори во 41 дом за стари лица во Северна Македонија.

Со контролите е утврдено дека 14 од нив не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ. Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности, од кои кај четири оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори е утврдено дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед. Изречени се и парични кази за 18 оператори, соопшти агенцијата.

Според АХВ, кај пет оператори се запленети и нештетно уништени 40 килограми небезбедна храна.

Европска комисија: Повеќе да се грижите за културното наследство

Архивска фотографија од отпад фрлен кај скопскиот Аквадукт
Архивска фотографија од отпад фрлен кај скопскиот Аквадукт

Европската комисија укажува дека „културното наследство на земјата треба подобро да се чува“ и треба да се разгледаат натамошни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на местата на културно наследство, како што е Старата скопска чаршија.

Во Годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија, во делот за културата, ЕК го наведува одложувањето да се усвојат измени на националното законодавство за култура - новата национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и заштита на културното наследство, пренесува МИА.

Министерството за култура треба да ги зајакне капацитетите за заштита и промоција на различноста на културните изрази во земјата, вклучително и наследството. Извештајот на Државниот завод за ревизија ја откри потребата од зајакнување на правниот и оперативниот систем на Агенцијата за филм на земјата, се наведува во документот.

Есенска кошница - Според власта заштедата е до 1360, според опозицијата 57 денари

Илустрација
Илустрација

Мерката за ограничување на маржите на одредени производи, односно есенската кошничка овозможила едно четиричлено семејство да заштеди од 690 до 1360 денари, зависно од начинот на исхрана и од изборот на маркети, вели министерот за економија, Бесар Дурмиши, според кој со есенската кошничка се спречило наглото зголемување на цените.

„Со есенската кошничка цените на производите се намалија за пет до десет отсто. Има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти“, изјави министерот.

Според опозициската СДСМ, пак, граѓаните почувствувале само разочарување и заштеда од симболични 57 денари за еден месец.

„Дурмиши очигледно не бил во маркет, не ги видел цените дека нема намалување и дека најголемиот дел од производите останаа со исти цени.Тоа што само за неколку производи се намалија цените со незначителни суми е најголема потврда за неефикасната мерка, која беше лошо осмислена и им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред да стапи на сила“ велат од СДСМ и најавуваат дека партијата ќе поднесе закон за, како што велат, вистинско намалување на цените.

Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки предвиде ограничување на профитните маржи до 10 отсто на 73 основни прехранбени производи, а Дурмиши најави Божиќна кошничка кон крајот на годината, а потоа и рамазанска, велигденска...

Тој од ноември очекува дополнително намалување на цените зашто почна примената на Законот за трговски практики. Министерот потсети дека есенската кошничка од вчера веќе не е на сила, но најави дека ако дојде до покачување на цените ќе се преземат поригорозни мерки.

Законот за забрана на нефер трговски практики се применува од 28 септември. Тој предвидува повеќе од 2500 земјоделски и прехранбени производи да имаат ограничени маржи до 10 отсто (тоа е разликата меѓу цената по која набавуваат одреден производ и по која потоа ќе го продаваат).

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG