Достапни линкови

Странски сајбер напад врз американските владини мрежи


Fancy Bear, хакерска група која има врски со руското воено разузнавање
Fancy Bear, хакерска група која има врски со руското воено разузнавање

Владата на САД потврди дека со сајбер напад биле погодени нејзините мрежи и соопшти дека нападот бил „значаен и се уште трае“. За некои сенатори со ова Русија им објавила војна на Соединетите држави.

Во заедничката изјава на Федералното истражно биро, Агенцијата за безбедност на инфраструктурата и Кабинетот на директорот на националното разузнавање се наведува дека станува збор за „ситуација во развој“ и оти истражителите ја продолжуваат својата работа за целосно откривање на случајот.

Ситуацијата била толку сериозна што на 12 декември во Белата куќа се состанал Советот за национална безбедност, објави Ројтерс.

Нема докази за компромитирање гласови, тврдат изборните власти на САД

„Ова е многу поголема приказна од една единствена агенција“, изјави за Ројтерс еден од луѓето запознати со ова прашање, додавајќи: „ова е огромна кампања на сајбер шпионажа насочена кон американската влада и нејзините интереси“.

Ројтерс и Вашингтон пост, повикувајќи се на американски официјални лица, соопштија дека во моментов се верува дека хакери на руската влада стојат зад нападот. Операцијата можеби започнала пред неколку месеци, соопштија официјалните лица.

Откритието се случи откако американската фирма за сајбер безбедност FireEye на 8 декември соопшти дека „земја со врвни офанзивни способности“ се пробила во нејзината мрежа.

Сенаторот Дик Дурбин, демократ од Илиноис за Си-Ен-Ен изјави дека „ова е буквално руско објавување војна на Соединетите држави и оти тоа треба да се сфати сериозно“.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан, го прекина патувањето низ Европа на почетокот на оваа недела и се врати во Вашингтон за да се справи со сајбер нападот.

Владата не соопшти колку агенции биле хакирани.

Според извештаите на медиумите, цитирајќи неидентификувани службеници, министерствата за финансии и за трговија на САД биле меѓу оние кои биле цел.

САД обвини кинески и малезијски државјани за хакирање

Руската амбасада во Вашингтон негираше каква било вмешаност, наведувајќи дека Русија „не спроведува офанзивни операции во сајбер доменот“.

Претходно, технолошката компанија „СоларВиндс“ соопшти дека околу 18.000 нејзини клиенти преземале компромитирано ажурирање на својот софтвер за управување со мрежата што им овозможило на хакерите да шпионираат незабележано скоро девет месеци.

Клиенти на малку познатата софтверска компанија со седиште во Тексас вклучуваат национални влади и големи корпорации.

На федералните агенции им е наредено да престанат да користат производи на СоларВиндс, со образложение дека хакери од „странство“ вметнале малициозен код во ажурирањето, од март до јуни оваа година.

Во изјавата на Пентагон пак, се вели дека досега не пронашле „докази за компромис“ на своите класифицирани мрежи од „сајбер инцидентот кој се уште трае“.

Американски сенатори, и од Демократската и од Републиканската партија, побараа повеќе информации во врска со инцидентот.

„Американците заслужуваат да го знаат влијанието на овој неверојатен сајбер напад - и како тоа Кози Мед се лизна во нашите системите под нашите носови“, изјави сенаторот Ричард Блументал, демократ од Конектикат, именувајќи ја руската хакерска група. Тој најави дека ќе бара повеќе факти.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG