Достапни линкови

Трамп и Бајден, борбени на последната ТВ дебата


Претседателот на САД Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден
Претседателот на САД Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден

Претседателот на САД Доналд Трамп и поранешниот потпретседател Џо Бајден се соочија на последната дебата на помалку од две недели пред изборите на 3 ноември.

Двајцата претседателски кандидати во Нешвил, Тенеси учествуваа во 90 минутна телевизиска дебата која се одвиваше многу помирно од нивната прва хаотична пресметка.

Ова беше потпомогнато од правило за исклучување на микрофонот на кандидатот што предолго зборува.

Трамп: Американците се „уморни“ од ковид-19

Трамп, кој заостанува во повеќето анкети на јавното мислење, го бранеше неговото справување со пандемијата на коронавирусот, што беше почетна тема на дебатата.

Финалните пораки на Трамп и Бајден на последната ТВ дебата
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:53 0:00

Тој рече дека Соединетите држави „учат да живеат“ со вирусот и дека ќе имаат вакцина до крајот на годинава и затоа повика на отворање на бизнисите и спасување на економијата.

„Го минавме ќошето“, рече Трамп, кој беше заразен со коронавирус во почетокот на овој месец но, брзо се опорави. „Ние мора да заздравиме. Не можеме да ја затвориме нашата нација“.

Бајден одговори дека со ширење на пандемијата, Трамп не планира да ја спречи „мрачната зима“ на смртни случаи од коронавирус.

„220.000 Американци починаа. Ако не слушнавте ништо друго што велам вечерва, слушнете го барем ова“, рече Бајден, додавајќи:

„Секој што е одговорен за толку многу смртни случаи, не треба да остане како претседател на Соединетите Американски Држави“.

НАТО меѓу жестокиот поддржувач Бајден и честиот критичар Трамп

Поранешниот потпретседател, исто така, ги отфрли обвинувањата дека повторно ќе ја затвори целата земја поради пандемијата, велејќи дека наместо тоа, ќе заземе многу понаучен пристап.

Двајцата кандидати исто така се обвинија еден со друг за неуспехот да се обезбеди нова рунда олеснување на помошта за пандемијата, која во моментов е во ќор-сокак во Конгресот.

Дебатата дојде во момент кога, според анкетите, претседателот Трамп заостанува зад демократот Бајден со околу 8 процентни поени.

Но, Трамп сè уште има тесно патче до вториот мандат, со освојување на мнозинството во Изборниот колеџ и изборна победа во неколку главни држави.

Рекорден број - 47 милиони Американци веќе гласаа, надминувајќи го вкупното предвремено гласање од изборите во 2016 година.

Трамп и Бајден на одделни телевизиски настапи

Трамп го нападна Бајден, нарекувајќи го „корумпиран“ политичар повторувајќи ги обвинувањата против него и неговиот син Хантер, кои беа пет години во управниот одбор на украинската енергетска компанија „Буризма“ од 2014 година.

Улогата на Хантер Бајден во Буризма повторно се најде под лупа по обвинувањата на Трамп кој рече дека се доказ за корупција.

Бајден изјави дека неговиот син не сторил ништо незаконски додека работел за оваа фирма.

Потоа Бајден тргна во офанзива, наведувајќи дека Трамп е оној кој доби импичмент во врска со неговото договарање со Украина.

Бајден исто така рече дека обвинението против неговиот син е постојано испитувано и не го поврзува со никакво лошо дело.

Дали Белата куќа ќе го спроведе договорот за Србија и Косово ако Трамп победи?

Тој го нападна Трамп и за неговите деловни врски и за даноците.

Тие се осврнаа и врз расните теми во земјата, а Бајден го обвини Трамп дека го разгорел расизмот.

Трамп, пак, изјави дека направил повеќе за Афроамериканците од кој било друг претседател, освен Абрахам Линколн, кој ги ослободи робовите.

Тој ги посочи неговите напори за реформа на полицијата и повтори дека пред пандемијата невработеноста кај Афроамериканците во САД била мала.

Трамп исто така го обвини Бајден дека не сторил ништо за Афроамериканците во текот на неговите децении во политиката.

Тој исто така го критикуваше за поддршка на законот за криминал во 90-тите години на минатиот век, со кој се зголеми бројот на затворени лица во земјата, особено за афро-американските мажи и оние кои беа прогласени за виновни за ненасилни прекршоци со дрога.

Дебатата опфати и прашања од националната безбедност, Кина, имиграцијата и климатски промени.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG