Достапни линкови

Вести

Полицајци обвинети за смртта на Џорџ Флојд, протестите продолжија

обвинетите полицајци за смртта на Џорџ Флојд
обвинетите полицајци за смртта на Џорџ Флојд

Обвинителите во американската сојузна држава Минесота исполнија едно од клучните барања од широко распространети протести за расна правда со тоа што го проширија случајот за смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, и обвинија уште тројца полицајци кои беа на местото на настанот. Генералниот обвинител на Минесота Кит Елисон изјави дека тројцата офицери сега се обвинети за помагање и поттикнување на убиство, а за нивно апсење се издадени потерници.

Бајден го обвини Трамп дека ги претворил САД во бојно поле

Покрај тоа, обвинителите ги ажурираа обвиненијата против Дерек Шовин, полицаецот кој фатално го притисна коленото на вратот на Флојд за време на неговото притварање на 25 мај. Демонстрантите ги поздравија новите обвиненија, но демонстрациите продолжија веќе осма вечер по ред низ целата земја. Демонстрантите бараат подлабоки промени во полициските практики. Повеќето протести беа мирни во однос на претходните ноќи, иако во Њујорк полицијата разби група демонстранти. Протестите започнаа во Минеаполис еден ден по смртта на Флојд, кој минувачи го снимија на мобилен телефон.

види ги сите денешни вести

Иран осуди три лица на смрт поради убиство на научник

Мохсен Фахризаде, водечки ирански научник за нуклеарна енергија
Мохсен Фахризаде, водечки ирански научник за нуклеарна енергија

Иранското правосудство осуди три лица на смрт поради убиството на водечкиот ирански научник за нуклеарна енергија, Мохсен Фахризаде, во, како што вели Техеран, операција организирана од Израел во 2020 година.

Изрекувањето на казната за трите лица, кои не се именувани, доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и Израел поради конфликтите во Газа и во Либан.

Израел е обвинет за атентатот на уште најмалку четворица ирански научници за нуклеарна енергија, осомничени дека работеле на воената нуклеарна програма на Техеран.

Фахризаде, познат како „татко“ на иранската нуклеарна наука, беше под санкции на Соединетите Американски Држави (САД) поради неговата улога во нуклеарното истражување на Иран. Израел во 2018 година го обвини Фахризаде дека е архитект на напорите на Иран да развие нуклеарно оружје.

„По некои истраги, тројца од осум лица уапсени во провинцијата Западен Азербејџан беа обвинети за шпионирање за окупаторскиот режим на Израел“, рече Асгар Џахангир, портпарол на иранското правосудство на прес-конференција во Техеран.

Тројцата беа обвинети и дека донеле неодредена опрема од странство во Иран за напад „под маска на шверц на алкохолни пијалоци“.

Јахангир рече дека случајот против другите обвинети се уште е во тек.

Фахризаде беше убиен во близина на Техеран на 27 ноември 2020 година, за што Иран го обвини Израел додека сугерираше дека САД исто така имаат индиректна или директна улога.

Околностите за нападот остануваат нејасни. Првичните извештаи веднаш по убиството сугерираа дека Фахризаде бил цел на камион со експлозиви, на неколку вооружени лица и на напаѓач - самоубиец.

Израел не го коментираше убиството на Фахризаде.

Мисајловски: Владата на затворена седница ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

Северна Македонија - Влада на Република Северна Македонија, јули 2024 година.
Северна Македонија - Влада на Република Северна Македонија, јули 2024 година.

Владата на затворена седница ќе одлучува за нов пакет помош за Украина, најави министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на конференцијата на високо ниво по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на НАТО - Алијансата.

„Ќе продолжиме да помагаме, затоа сме пријатели. Со ова не завршува помошта, ќе продолжиме и во наредниот период се разбира се она што ние можеме да помогнеме, но она што ни треба нам да го задржиме“, рече Мисајловски.

Тој најави и модернизација на македонската армија, за што ќе се одвојат над два отсто од буџетот во следната 2025 година.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер рече дека војната во Украина е и тест за солидарноста на Алијансата.

„Ние сме свесни дека ова не е само војна против Украина, туку тест за нашата солидарност, нашето пријателство и довербата. Довербата е еден од најважните елементи што ги имаме и што треба да ги одржуваме во рамките на нашето единство. Дали држењето на Западен Балкан надвор од ЕУ ја поткопува довербата, тоа е она што ние како членки на ЕУ и членки на НАТО Алијансата се фокусираме“, рече Дрекслер.

Во септември, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на маргините на 79-то Генерално Собрание на ОН во Њујорк. Според соопштението од Министерството за надворешни работи, на средбата била реафирмирана македонската поддршка за Украина, на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Агелер: Гласав и очекувам мирнo примопредавање на власта

Анџела Агелер, амбасадорка на Соединетите Држави во Скопје
Анџела Агелер, амбасадорка на Соединетите Држави во Скопје

Гласав на претседателските избори во Соединетите Држави и како и сите вас очекувам да видам кој ќе победи, што значи дека заедно ќе продолжиме да следиме што ќе се случи, изјави денеска (5 ноември) американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер.

„Како амбасадор во Македонија мојата порака е дека е од витална важност секој граѓанин да излезе да гласа. Гласањето во демократијата е света одговорност и огромна привилегија. Јас гласав. Се надевам и очекувам дека ќе има мирна и фер транзиција на власта. Тоа е она што го очекуваме сите и се надеваме дека така и ќе биде“, рече Агелер во изјава за медиумите за коментар за нејзините очекувања од денешните претседателски избори во САД.

Таа одби да ја коментира изјавата што неодамна ја даде Стејт департментот дека е можно САД да биде медијатор во преговорите на Северна Македонија со Бугарија за продолжување на европската агенда, откако ќе се формира новата бугарска Влада.

Техеран: Иранско-германскиот државјанин умре пред да биде егзекутиран

Џамшид Шармахд
Џамшид Шармахд

Иран во вторник (5 ноември) соопшти дека иранско-германскиот државјанин Џамшид Шармахд, кој беше осуден на смрт, починал минатата недела, односно пред да биде извршена неговата егзекуција.

„Џамшид Шармахд беше осуден на смрт, неговата егзекуција беше неизбежна, но тој умре пред да биде извршена“, им изјави портпаролот на судството Асгар Џахангир на новинарите во Техеран, без да даде детали.

На 28 октомври, Иран објави егзекуција на 69-годишниот Шармахд, кој беше осуден на смрт во февруари 2023 година за делото „корупција на Земјата“ поради неговата улога во „терористички“ напад во 2008 година.

Казната подоцна беше потврдена од Врховниот суд.

Џахангир рече дека иранскиот судски систем го судел Шармахд „како Иранец за терористичките дејствија што ги извршил“.

„Дури и да не беше Иранец и да извршил злосторства во Иран, според законите и прописите, ние имавме право да се справиме со неговите злосторства“, додаде тој.

Шармахд беше осуден за улога во бомбашкиот напад во џамија во 2008 година во јужниот град Шираз, во кој беа убиени 14 лица, а 300 беа ранети.

Неговото семејство рече дека тој бил фатен од иранските власти во 2020 година додека патувал низ Обединетите Арапски Емирати.

Иран, кој не признава двојно државјанство, го објави неговото апсење по „сложена операција“, без да прецизира кога, каде и како бил уапсен.

Шармахд беше обвинет и дека ја водел групата Тондар, чија цел е да ја собори Исламската република. Иран ја класифицира оваа група како терористичка организација.

Германија го осуди Иран по објавувањето на неговата егзекуција, а министерката за надворешни работи Аналена Бербок рече дека тоа покажува каков „нехуман режим владее во Техеран“.

Бербок подоцна објави дека три ирански конзулати во Германија ќе бидат затворени како резултат на тој потег, што пак предизвика „силен протест“ од Исламската република.

Грбот и химната на Србија во официјална употреба во Република Српска

илустрација
илустрација

На 5 ноември, Народното собрание на Република Српска усвои законски измени со кои се дозволува официјалните симболи на Србија, грбот на Немањиќ (двоглав орел со круна) и химната „Божја правда“ да се користат како официјални симболи на овој ентитет во Босна и Херцеговина.

Ова се симболите кои Уставниот суд на Босна и Херцеговина во 2006 година ги поништи од официјалните симболи во Република Српска, оценувајќи дека тие ги дискриминираат Бошњаците и Хрватите во тој ентитет.

Предлогот за измена на Законот за употреба на химната, грбот и знамето на РС беше усвоен со 61 глас „за“ и четири „против“.

Според усвоените измени, во институции на тој ентитет на БиХ може да се истакнуваат знамиња и грбови, и да се изведуваат и химни на странски држави со кои РС има договор за воспоставување посебни паралелни односи.

Со оглед на тоа што РС има таков договор со Србија, тоа практично значи дека српската химна „Божја правда“ може да се емитува на седниците на ентитетскиот парламент. Знамето на Србија со грбот на Немањиќ ќе се вее пред и внатре во зградата на Собранието на Република Српска.

„Тоа значи дека кога ќе ја отвориме болницата Требиње, да речеме дека инвеститор е Азербејџан, таму ќе биде химната на Азербејџан и грбот на Азербејџан, но од оваа страна ќе го има и знамето и амблемот на РС како службени, а не како нешто што се користи како протокол“, објасни претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, на расправата за измените на законот на 30 октомври.

Претставниците на пробосанските партии претходно најавија жалби доколку предложените измени бидат усвоени.

Во усвоениот предлог се наведува дека ќе може да се користат химните и грбовите на земјите со кои „поединечни или сите конститутивни народи или други или граѓани во Република Српска имаат заедничко историско, културно и традиционално наследство“.

Во предложениот текст, но и во образложението не е наведено за кои земји станува збор.

По пресудата на Уставниот суд на БиХ во 2006 година, на знамето на РС нема никаков грб, а ентитетската химна „Моја Република“ беше озаконета во 2008 година.

Официјалното државно знаме на Босна и Херцеговина не може да се најде на или во зградите на институциите во РС, а државната химна се емитува само на почетокот на седницата на државниот парламент.

Вечер во Нови Сад протест поради трагедијата на железничката станица

илустрација
илустрација

Состојбата на тројцата повредени по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад сè уште е сериозна. Поради трагедијата со загинувањето на 14 лица во Нови Сад вечер е најавен масовен протест.

Директорот на Клиничкиот центар Војводина, Весна Туркулов изјави дека лекарите сè уште се борат за животот на повредените.

„Живи се, што е охрабрувачка вест и тоа е добро, но состојбата сè уште не е стабилизирана. Се прави дополнителна дијагностика, можни се некои дополнителни интервенции, но борбата за нивниот живот се уште трае“, изјави д-р Туркулов.

Таа додаде дека тим од психолози и психијатри е вклучен и работи со семејствата за да им помогне во најтешките моменти.

Како што е најавено, опозицијата во 18 часот организира протест во близина на железничката станица.

Во понеделникот вечерта, активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) закачија транспарент на Градското собрание на големо бело платно на кое со црвена боја беше испишано „Крвави ви се рацете“.

Во понеделникот непознати сторители искршија излози во просториите на два месни комитети на Српската напредна странка во Нови Сад, и офарабаа неколку простории со црвена боја со зборовите „Убијци“.

Министерот за градежништво Горан Весиќ поднесе оставка, иако порача дека „не е виновен“.

Опозицијата бара оставка и од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Во несреќата која се случи кога се урна настрешница на железничката станица, загинаа 14 лица, меѓу кои и еден државјанин на Северна Македонија.

Нов протест на грузиската опозиција пред Апелациониот суд

Протест на грузиската опизиција во Тбилиси, Грузија, 4 ноември 2024 година
Протест на грузиската опизиција во Тбилиси, Грузија, 4 ноември 2024 година

Грузиската опозиција најави нови демонстрации на 5 ноември во знак на протест против резултатите од парламентарните избори на 26 октомври на кои победи владејачката партија Грузиски сон. Опозицијата обвинува за широко распространето лажирање на гласови и нерегуларности на избирачките места.

Протестот е најавен за 15 часот по локално време пред Апелацискиот суд во Тбилиси и доаѓа откако илјадници демонстрираа во главниот град втора ноќ по ред на 4 ноември барајќи нови избори.

Апелациониот суд на Грузија треба да ги разгледа одлуките на локалните судови во градовите Тетрицкаро и Гори во врска со неправилностите за време на гласањето на 26 октомври.

Судот во Тетрицкаро ги поништи изборните резултати на 30 избирачки места поради нарушување на тајноста на гласањето, додека судот во Гори нареди пребројување на неважечките ливчиња од 15 избирачки места.

Во Тецикаро, судијата Владимир Кучуа пресуди во корист на жалбата поднесена од граѓанската група наречена Здружение на млади правници, одлучувајќи да го поништи резултатот на 30 избирачки места врз основа на доказите презентирани од групата.

Централната изборна комисија на Грузија ги оспори одлуките на двата суда, прогласувајќи ги за неосновани.

Партијата Грузиски сон, која важи за блиска до Русија, е на власт од 2012 година. Таа, според прелиминарните резултати, победи на изборите со речиси 54 отсто од гласовите.

Опозицијата и проевропската претседателка на земјата, Саломе Зурабишвили, одбија да ја признаат валидноста на резултатите, обвинувајќи за масовна измама и руско мешање.

На митингот на 4 ноември, лидерите на опозицијата повикаа на континуирани протести и граѓански отпор до поништување на изборните резултати и распишување нови избори.

Илјадниците учесници на митингот, во кој беше вклучена и шведската активистка за климата, Грета Тунберг, се собраа во близина на Домот на правдата и маршираа околу 5 километри веејќи грузиски и знамиња на Европската Унија низ главниот град на Грузија, пред да го завршат својот протест на плоштадот Марјанишвили во Тбилиси.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека Соединетите Држави јасно ставиле до знаење дека го поддржуваат народот на Грузија и нивните надежи за пристапување во Европската Унија.

Нови руски напади врз Киев и Харкив

илустрација
илустрација

Киев беше подложен на два брана напади со беспилотни летала рано на 5 ноември, објави градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко на каналот Телеграм. Тој додаде дека системи за воздушна одбрана на Киев работат на одбивање на вториот напад врз североисточниот кварт Оболонски и јужниот кварт Холосиевски кој исто така беше цел на руски беспилотни летала претходно истиот ден.

Кличко ги повика жителите да останат во засолништа.

„Во Харкив, вториот по големина град во Украина, две жени беа ранети од руско гранатирање рано на 5 ноември“, објави градоначалникот Ихор Терехов.

Во последните недели, Киев и Харкив беа изложени на руски напади на речиси секојдневна основа додека Украина се подготвува за третата зима во војна.

Воздухопловните сили на Украина одделно соопштија дека собориле 48 од 79 дронови лансирани од Русија во украинските региони.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите капацитети за противвоздушна одбрана уништиле шест украински беспилотни летала над регионот Брјанск.

Вработените во Боинг го прекинаа штрајкот

илустрација
илустрација

Штрајкот на десетици илјади вработени во Боинг завршува по седум недели, бидејќи работниците ја прифатија подобрената понуда од американскиот производител на авиони, вклучително и зголемување на платите за 38 отсто во текот на четири години, соопшти синдикатот на ИАМ, јави ДПА.

Членовите на синдикатот гласаа со 59 отсто „за прифаќање на предлогот и враќање на работа“, соопшти Синдикатот.

„Работниците можат да се вратат на работа веќе на 6 ноември 2024 година, за оние членови кои сакаат да се вратат што е можно побрзо“, наведува Синдикатот.

ИАМ, кој има околу 33 000 членови во Боинг, додаде дека работниците „мора да се вратат на работа“ до 12 ноември, додавајќи дека „штрајкот е завршен“.

Пред една недела, работниците со големо мнозинство гласаа против понудата за покачување на платите од 35 отсто во текот на четири години, а 94 отсто го отфрлија предлогот. Во средината на септември, тие веќе ја одбија првата понуда на Боинг, која вклучуваше зголемување на платите за 25 проценти, со мнозинство од речиси 95 отсто.

Новиот договор вклучува и еднократна исплата од 12 000 долари. Синдикатот веќе преговараше за задржување на исплатите на бонус, кои првично требаше да бидат укинати, како дел од втората понуда.

Вработените во Боинг прифатија неколку замрзнувања на платите во изминатата деценија и бараа значително зголемување. Боинг, со работна сила од околу 170.000 вработени, неодамна ги објави плановите за укинување на 10 посто од работните места.

Зеленски: Во Курскиот регион се распоредени 11000 севернокорејски војници

Володомир Зеленски
Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 11 000 севернокорејски војници се распоредени во рускиот регион Курск за да ја поддржат руската армија во обид да ги потиснат украинските сили кои навлегоа во оваа погранична територија.

„Веќе има 11.000 од нив во регионот Курск. Гледаме зголемување на бројот на Севернокорејци, но не и зголемување на реакциите на нашите партнери“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање до сонародниците.

Зеленски, кој веќе неколку пати зборуваше за пристигнувањето на севернокорејските војници, бара од своите сојузници да и помогнат на Украина пред да пристигнат севернокорејските трупи распоредени во Русија на бојното поле.

Белата куќа минатиот четврток соопшти дека околу 8000 севернокорејски војници сега се во рускиот регион Курск, на самата граница со Украина и се подготвуваат да му помогнат на Кремљ во војната против Киев.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG