Достапни линкови

Бошков - Ќе има отпуштање на работници


Бошков - Бескаматните кредити нема да стигнат ниту за плати
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:14 0:00

Бошков - Бескаматните кредити нема да стигнат ниту за плати

Секако дека се можни отпуштања, тоа е најопасната варијанта од овие случувања, од оваа состојба. За жал, и во мерките на Владата никаде не беше споменато дека товарот од отпуштањето на работниците ќе треба да биде споделен, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Со него разговаравме за какви последици ќе има коронавирусот врз бизнисот, за тоа како ги оценува најавените мерки на Владата за помош на претпријатија и дали работодавците ги почитуваат мерките против коронавирусот.

Господине Бошков, какви последици ќе има коронавирусот врз бизнисот?

Веќе сега очигледно е дека заканата е сериозна и дека последиците се конкретни – намалување на ликвидност, намалување на прометот, намалување на целиот промет или целиот тек на економијата, намалено производство, намалена потрошувачка, намалени нарачки, така што обемот е големи и е од секаков карактер, бидејќи бизнисот има повеќе сегменти. Сите сегменти во економијата се нарушени, а за последиците можеме да зборуваме понатаму. Во овој момент се гледа дека сите економски активности се намалени.

Како ги оценувате најавените мерки на Владата за помош на бизнис секторот?

Навистина после сите препораки и апелот од бизнис заедницата за поконкретни и за похрабри мерки, односно поодлучни, сметаме дека веројатно ќе треба после евалуацијата на овие мерки, можеби треба и да ги наброиме – во субвенционирање на платите само во три сектори, туризам и угостителство, така што сметаме дека Владата мора да биде поодлучна и похрабра, значи ќе мора да одлучи да направи ребаланс на буџетот и да се скратат непотребни трошоци за да може на некој начин да ги префрли средствата или буџетите таму каде што е најпотребно, а тоа е конкретна ликвидност на компаниите. Сметаме дека е недоволно она што се понуди за време на прес-конференцијата од Владата и дека очекуваме сет на мерки кои конкретно ќе значат влијание и однос пред се во компаниите меѓу работниците и менаџерите, сопствениците, меѓу начинот на кој ќе се пресметува работното време и ќе се пресметуваат социјалните придонеси и нормално конкретни активности и конкретни ослободувања во даночната политика.

Микро, малите и средни претпријатија ќе добијат можност за кредити од 3000 до 30.000 евра, без камата со грејс период од 6 месеци и отплата во рок од 2 години. Колку ова навистина ќе им помогне на компаниите да преживеат?

Доколку се земе в предвид дека до сега просекот на исплатени плати во туризмот и во угостителството, исто така и во транспортот, бидејќи и оваа гранка е опфатена, сметаме дека доколку станува збор за компании од двајца, тројца вработени, дека оваа помош не може да го постигне нивното ни на платите на тие вработени, особено дека станува збор за мерка од сега до јуни, за тие месеци, така што сметаме дека повторно е потребно Министерството за финансии и Владата, заедно со Министерството за труд да размислат и ова ниво на помош, кое патем е кредитирање, дека треба да се зголеми.

Дали се можни отпуштања на работници поради неработењето на фирмите како резултат на короноавирусот?

Секако дека се можни отпуштања, тоа е најопасната виријанта од овие случувања, од оваа состојба. За жал, и во мерките на Владата никаде не беше споменато дека товарот од отпуштањето на работниците ќе треба да биде споделен или дека ќе треба да биде минимизирано со конкретна помош, туку беше како обврска да се добие кредит не треба да отпушташ работници. Ќе ни требаат синдикатите, тие имаат сопствени механизми, сопствено знаење и може да предложат мерки. А како конкретен одговор на вашето прашање дека ќе има отпуштање, за жал, без оглед на тоа колку и да се надеваме дека можеме да ја издржиме оваа состојба, дека на крај ќе резултира со отпуштање на работници.

Целото интервју со претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков, може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG