Американски маринци во јуни вежбаа амфибиски напад на брегот на Литванија. Тие беа меѓу 4000 војници од повеќе од 20 земји на НАТО на годишната вежба на Балтичкото Море.
Но, дали ќе има иста соработка на самитот кога лидерите на НАТО ќе се состанат на 11 и 12 јули во Брисел?
„Гледајте го НАТО, ние сме „касичка за пари“ од која сакаат да земаат“, изјави деновиве американскиот претседател Доналд Трамп кој ги критикуваше некои членки на НАТО дека не трошат доволно за одбраната.
„Германија плаќа 1 отсто од многу помал БДП. Ние плаќаме близу 4 проценти“, рече Трамп.
Состанокот на НАТО доаѓа во време на трансатлантски тензии околу трговијата и откако Трамп ја повлече својата поддршка за конечното коминике на самитот на Г7 во јуни во Канада.
Вашингтон наметна царини за одреден увоз од Европската унија и Канада, а тие одговорија со слични мерки.
Може ли спорот меѓу сојузниците да да се продлабочи во Брисел?
„Никој навистина не знае. Мислам, ова е навистина непозната територија за НАТО“, вели Јан Лесер, аналитичар на германскиот Маршал фонд
Тој додава дека членките на НАТО не се подготвени за најлошото сценарио во кое претседателот Трамп се заканува да ги откаже воените вежби или да ги повлече американските трупи од Европа, освен ако ЕУ не ги отфрли одмаздничките трговски тарифи против САД.
„Ова би била многу деструктивна поврзаност, очигледно, и сојузниците едноставно не се подготвени за таа дебата. Со големите спорови околу трговијата, климата, Иран, сите овие работи неизбежно влијаат врз атмосферата во заднината на самитот, и постои вистинска загриженост дека може да експлодира“, вели Лесер.
Само неколку дена по самитот на НАТО, Трамп планира да се состане со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки. Меѓу темите на дискусија ќе биде тековниот конфликт во источна Украина, каде што Москва ги поддржува сепаратистичките борци.
И покрај загриженоста околу поделбите, НАТО вели дека инвестициите во одбраната на САД во Европа се зголемиле за 40 отсто под Трамп. И оти сите сојузници инвестираат повеќе во сопствената безбедност, приближувајќи се кон целта од 2 отсто од БДП за одбрана. Сепак, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вели:
„Кога станува збор за НАТО, за безбедноста и одбраната, трансатлантската врска не слабее, таа всушност е зајакната“, рече тој.
Исто така, од членките на НАТО се очекува да ги финансираат мисиите за поддршка на резолуцијата во Авганистан до 2024 година и да се посветат на повеќе војници за обука на авганистанските безбедносни сили.
Во меѓувреме, НАТО продолжува да расте
Македонија се очекува да и бидат понудени разговори за пристапување за да стане 30-та членка на НАТО, бидејќи земјата работи на решавање на спорот околу името со Грција.
Исто така, и друга држава на Западен Балкан има за цел да и се приклучи на Алијансата. Џејмс Апатураи, заменик-помошник на генералниот секретар на НАТО за политички прашања во врска со ова вели:
„Има разни разговори во моментов за да и се помогне на Босна и Херцеговина да се приближи до НАТО, но на крајот тоа е во нивни раце“, рече тој.
Сепак, самитот може да биде засенет од поделбите меѓу нејзините најстари членки. Слоганот на самитот лани беше: „Ние сме сојузници, ние сме обединети“. Пред состанокот оваа година, единство останува неизвесно.